Забава
Алиша Силверстоун двапати добила забрана од апликација за запознавање
Алиша Силверстоун добила забрана за пристап и користење апликација за запознавање.
45 -годишната актерка, која беше во брак со музичарот Кристофер Џареки од 2005 до 2018 година, решила да се приклучи на апликацијата во обид да најде љубов, но таа веќе двапати е исфрлена од платформата.
Таа објасни: „Пред неколку години се обидов да се вклучам во една од апликациите за запознавање и ставив лажен профил, бидејќи ми беше непријатно. И тогаш ме исфрлија, добив забрана.”
„И потоа се обидов повторно, добив храброст затоа што слушнав дека Дру Баримур била вклучена и слушнав дека Шерон Стоун е вклучена, па си реков: ако можат тие можам и јас. Така, продолжив како вистинската јас, ми требаше многу храброст да го направам тоа.
Но, и како таква бев исфрлена“, рече таа кога гостуваше во шоуто на Дру Баримор.

И покрај застојот, таа и понатаму сака да најде љубов. Холивудската актерка која со својот поранешен сопруг има 10-годишен син знае дека нема да биде лесно да го најде совршениот партнер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Кралица на модата е само една: Совршениот капут постои и го носи Кејт Мидлтон
Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, повторно ја зацврсти својата позиција на листата на најдобро облечени жени, барем во Европа, овој пат во Њутаун, Велс, каде што беше на кралска посета.
Иако избра монохроматски стил, бордо од глава до пети, Кејт не се „сопна“ на модната задача и воопшто не беше здодевна. Главната ѕвезда на нејзиниот стајлинг е бордо капут со двојни копчиња, модел од Александар Меквин.
Бордо бојата е вистински хит оваа година, и се чини дека ќе го означи самиот почеток на пролетта. Кејт го комплетираше палтото со шал во истата нијанса и кожни чизми, а додека одеше, под палтото се гледаше плисирано здолниште – повторно во бордо боја.
Единственото нешто што „истакнуваше“ беа обетките со жолт скапоцен камен и брош со нарцис, посветен на Велс, со оглед на тоа што нарцисот е нивен национален симбол.
Кејт Мидлтон долго време носи исклучиво подолги палта, што дополнително ја нагласува нејзината фигура, ја издолжува и го прави нејзиниот струк уште потенок.
Покрај тоа, принцезата од Велс се погрижи нејзината фризура да биде едноставна, но елегантна, нежните бранови, како и обично, совршено ѝ прилегаа на Кејт и го надополнуваа нејзиниот изглед.
Забава
(Видео) Тамара Калиниќ го воодушеви светот на модата: Таа го спои неспоивото
Најпознатата српска инфлуенсерка Тамара Калиниќ присуствуваше на Миланската модна недела и уште еднаш покажа зошто е на самиот врв кога станува збор за мода.
Иако речиси секој ден споделува слики од својот живот на социјалните мрежи и покажува како ужива со својот вереник Филипо Теста, Тамара секогаш изненадува на големите настани.
На Миланската модна недела се појави во донекаде необична комбинација, спортската елеганција и модната храброст се споија, а Тамара блесна. Кратки пругасти шорцеви во комбинација со раскопчана кошула, со ист дезен, беа само почеток.
Тамара избра преголемо палто со животински принт преку него, донекаде чудна комбинација, но и смела, а своето модно издание го комплетираше со црни салонки и крем чанта.
Убавата Србинка присуствуваше на ревијата на Долче и Габана и несомнено уживаше во сè што покажа модната куќа, а по патот се претстави и како една од најдобро облечените инфлуенсерки.
Забава
Колку минути точно треба да го оставиме шампонот на косата пред да ја исплакнеме?
Дали некогаш сте се запрашале колку долго всушност треба да го оставите шампонот на косата кога ја миете?
Додека упатствата за маски, регенератори и балсами го наведуваат временското ограничување за најдобар ефект, кога станува збор за шампон, ние сме оставени на сопствена проценка. Затоа се прашуваме – дали треба веднаш да го исплакнете или да почекаме неколку минути?
Како што експертите од јапонскиот бренд за нега на коса Ki.Sui советуваа за Vogue, по нанесувањето, треба да го оставиме шампонот на косата до три минути, особено за второто нанесување.
Значи, најдобро е прво да го нанесете шампонот, да го исплакнете, а потоа повторно да ја измиете косата со шампон и да го оставите шампонот да делува две до три минути. Сепак, не се препорачува да се остава шампон на косата секој ден. Покрај тоа, експертите истакнуваат дека повеќе од еднаш неделно може да ја исуши косата.
„Шампонот не само што чисти, туку помага и во детоксикација на скалпот и влакната на косата, отстранувајќи траги од силикон, остатоци и насобрани производи. Исто така, поттикнува мало отворање на кутикулата, што овозможува маската или последователниот третман подобро да навлезе во косата и да делува поефикасно“, објасни експертот.
За шампоните против првут важат малку поинакви правила. Кај нив, важно е да се осигураме дека ги нанесуваме само на темето – не на остатокот од косата, бидејќи можат да ја исушат – и да почекаме до пет минути пред да ја исплакнеме, како што препорачуваат дерматолозите од организацијата за здравствена заштита во Ајова.
На што друго да внимавате кога ја миете косата со шампон
Не ја мијте целата коса со шампон
Спротивно на она што го мислевме долго време, шампонот треба да се нанесува само на скалпот. Остатокот од косата е посклон кон сушење, а плакнењето е доволно за да се отстрани маснотијата од средниот дел на косата.
Обрнете внимание на температурата на водата
Покрај тоа, важно е да се обрне внимание на температурата на водата. Премногу топлата вода може особено да го исуши скалпот и да предизвика зголемено производство на себум, додека млаката вода е многу понежна и посоодветна за балансирање на скалпот.
Бидете нежни
При шампонирање, се препорачува масирање на скалпот со врвовите на прстите, а не со ноктите, за да се избегне иритација и микроповреди. Масажата на скалпот одржувајте ја нежна и бавна. Претворете ја миењето на косата во мал ритуал на внимателност.
Внимавајте на количината на шампон
Количината на шампон не мора да биде голема – честопати големината на паричка е доволна, особено ако редовно ја миете косата. Исто така, исплакнете го шампонот темелно, бидејќи преостанатиот производ може да предизвика чешање, безживотна коса и побрзо мрснотија.

