Забава
Анџелина Џоли и Бред Пит повторно ги спои грижата за децата
Некогаш најубавата двојка во Холивуд, Анџелина Џоли и Бред Пит, иако веќе не се заедно, и натаму заедно се грижат за своите деца.
Нивните две ќерки Захара и Шило имаа операции оваа година, откри Анџелина во својот есеј за „Тајм“ и потврди дека сега се чувствуваат добро. На 13-годишната Шило ѝ бил опериран колкот, а за 15-годишната Захара сè уште не се знае за каква операција се работи.

Близок пријател на некогашната двојка за „Е! Њуз“ потврди дека Бред и Анџелина биле многу ангажирани околу девојчињата додека биле во болница. Покрај тоа, Бред го откажал присуството на доделувањето на БАФТА-наградите за да биде со нив.

Според изворот, некои од браќата и сестрите секојдневно доаѓале и се грижеле за нив.
„Тие беа трпеливи и спремни да помогнат. Донесоа карти и играа. Тоа навистина покажува дека тие се многу блиско семејство. Анџелина беше особено фокусирана на тоа Захара и Шило да заздрават што е можно побрзо”, изјавил нивен пријател.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Толку мрачно, толку секси – Марго Роби повторно измамува воздишки
Марго Роби и Џејкоб Елорди продолжуваат да го промовираат филмот „Wuthering Heights“ во Лондон. За оваа пригода, тие донесоа беспрекорни креации кои зрачат со уникатен моден израз.
Треба да се напомене дека зачудувачката русокоса, сепак, беше ѕвезда на вечерта бидејќи нејзиниот фустан беше повеќе од само фустан.
Марго носеше фустан од турската дизајнерка Дилара Финдикоглу, која полека, но сигурно се прославува во модната индустрија. Нејзините парчиња претставуваат комбинација од темен гламур и винтиџ мода и се чини дека полека ги освојуваат жените низ целиот свет.
Се чини дека Марго Роби веќе ги шармираше сите присутни на црвениот тепих.
Креацијата е украсена со корсет направен во викторијански стил, како и со проѕирна ткаенина.
Деталите беа исто така интересни, имено, рачно изработени зелени конци кои се протегаа по целата должина на фустанот, сè до вратот.
Фустанот ја нагласи нејзината завидна фигура, а што се однесува до остатокот од нејзиниот стајлинг, таа се одлучи за земјени тонови и пунџа што ги истакна нејзините природни црти на лицето.
Забава
(Видео) Многумина тврдат дека таа го има најдобриот задник на интернет – па, дали е тоа вистина?
Џен Селтер е ѕвезда на социјалните мрежи – поточно, нејзиниот задник ја носи таа ласкава титула. Таа има армија следбеници на Инстаграм, кои редовно ги известува за актуелните настани во нејзиниот деловен и приватен живот.
Со други зборови, таа често објавува фотографии од својот задник, во привлечни и провокативни изданија.
Сепак, понекогаш трпи и навреди од своите „обожаватели“.
Луѓето, вели таа, ѝ пишуваат дека го постигнала својот изглед преку пластична хирургија. Сепак, не ѝ е грижа за коментарите, бидејќи заработува многу пари од својот „пластичен задник“ преку спонзорски договори.
„Кога ми кажуваат дека имам импланти или дека дигитално обработувам фотографии, го сфаќам тоа како комплимент. Тоа значи дека добро си ја работам работата“, рече Американката.
Таа додаде дека е среќна што мотивира бројни девојки низ целиот свет да го следат нејзиниот пример.
Забава
Дали компирите може повторно да се загреат? Обрнете внимание
Подгревањето на храната само по себе можеби не е опасно, но начинот на кој оброците се чуваат по готвењето може да претставува сериозен ризик по здравјето.
Посебно внимание треба да се посвети на компирите, кои често се подготвуваат однапред и се загреваат подоцна.
Зготвените компири можат да се подгреат само ако се изладат брзо по подготовката и се складираат правилно во фрижидер.
Проблемот се јавува кога се оставаат на собна температура, особено ако се покриени со алуминиумска фолија или се запечатени во пластичен сад.
Ваквите услови создаваат поволни услови за развој на опасни бактерии што можат да доведат до сериозно труење со храна.
Иако компирите често се издвојуваат како ризични, постојат и други намирници кои бараат дополнителна претпазливост при подгревање.
Печурки
По термичката обработка, печурките лесно се расипуваат ако не се складираат правилно. Подгревањето може да предизвика проблеми со варењето, особено ако долго време се надвор од фрижидер.
Се препорачува да се чуваат во фрижидер не повеќе од еден ден и темелно да се подгреат пред консумирање.
Спанаќ и други лиснати зеленчуци
Спанаќот, како и другите лиснати зеленчуци, може да содржат високи нивоа на нитрати. Кога се загреваат повторно, можат да ја променат својата структура и да станат потенцијално штетни, поради што се препорачува претпазливост и да се избегнува повеќекратно загревање.
За да се намалат здравствените ризици, важно е зготвената храна да се излади што е можно поскоро, да се чува во фрижидер и да се загрева само еднаш, особено кога станува збор за храна како компири.

