Забава
Анџелина Џоли сподели писмо од млада Авганистанка во својата прва објава на Инстаграм
Актерката Анџелина Џоли постојано истакнуваше дека е претпазлива во користењето на социјалните мрежи, па многумина беа изненадени што одлучи да отвори профил на Инстаграм. Таа беше поттикната да го стори тоа од моменталната ситуација во Авганистан, и сакаше да сподели со јавноста писмо од тинејџерка која изразува загриженост и страв за животот под талибанска власт.
Џоли реши да стане глас на сите оние кои во моментов го немаат и посочи дека ќе ги споделува приказните на сите оние кои се борат за основни човекови права.
Својата прва објава на социјалната мрежа ја направи со писмо што го доби од млада Авганистанка, а во кое таа го искажува својот страв од доаѓањето на талибанскиот режим на власт.

„Пред да дојдат талибанците, одевме на училиште и работевме редовно … сите ние имавме права, бевме слободни да ги браниме нашите права. Но, сега кога тие пристигнаа, сите ние се плашиме од нив и мислиме дека сите наши соништа исчезнаа”, пишува во писмото од девојката чиј идентитет се чува во тајност, а информациите наведени во него се замаглени.
Тинејџерката изразува страв за новата ситуација, особено во врска со продолжувањето на нејзиното школување, што го смета за невозможно во вакви околности. „Дваесет години подоцна, повторно ги губиме нашите права, нашите животи се внесени во темнина. Ја загубивме слободата и повторно станавме затвореници.“
Покрај тоа што го сподели писмото, Џоли искажува свои размислувања и потенцира дека нема намера да молчи за неправдите што се случуваат во овој дел од светот.
„Бев на авганистанската граница две недели пред 11 септември каде што се сретнав со авганистански бегалци кои избегаа од талибанците. Тоа беше пред дваесет години. Болно е да се гледа како Авганистанците се преселуваат од стравот и неизвесноста што ја зафатија нивната земја. Да се потрошат толку многу време и пари, да се пролее крв и да се загубат животи… за да се случи ова, речиси е невозможно да се разбере“, пишува Џоли на крајот од објавата.

Актерката посочи дека луѓето во Авганистан во моментов ја губат можноста да комуницираат преку социјалните мрежи, како и можноста за бесплатна комуникација. Токму тоа ја поттикна да отвори инстаграм-профил за да ги сподели приказните и гласовите на сите оние ширум светот кои се борат за своите основни човекови права.
За кратко време, таа успешно собра повеќе од 7 милиони пријатели кои сакаат да ја следат во оваа мисија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Нова ера на „Фрајле“
По 17 години успешна кариера, бројни хитови и концерти ширум регионот, Фрајле влегуваат во ново поглавје од својата музичка приказна. Бендот продолжува понатаму со освежен состав и нова енергија, но со истата љубов кон музиката и публиката која ги следи од самиот почеток.
Во овој период дојде и до промена во составот на бендот – Наташа Михајловиќ привремено се повлекува од Фрајле за да се посвети на својот авторски труд, а на нејзино место доаѓа уметницата, актерка и пејачка Славица Љујиќ.
Славица Љујиќ, актерка која публиката веќе ја познава од домашните телевизиски серии како „Игра судбине“ и „Ургентни центар“, како и од популарниот хумористичен интернет проект „Цаца и Уки“, носи нова енергија во составот на Фрајле. Нејзината повеќеслојна уметничка кариера, која опфаќа глума, пишување и сценски настап, природно се вклопува во автентичниот уметнички израз на бендот.
„Најважен ни е човечкиот фактор, бидејќи отсекогаш сме биле тим и семејство. Од љубов го создадовме сето ова и од љубов продолжуваме понатаму. Оваа промена за нас е нов почеток и нова енергија“, порачуваат Фрајле Невена и Јелена.
Новата постава веќе од почетокот на март започнува со снимања на емисии, гостувања и концерти, а публиката наскоро ја очекуваат и нови песни. Фрајле веќе работат во студио на нов сингл, кој авторски го потпишува Невена, а во подготовка е и специјална регионална соработка со една голема музичка ѕвезда.
Исто така, на 16 март Фрајле ќе настапат во Сава Центар на хуманитарниот концерт „За ангелите“.
Покрај концертите и новите изданија, бендот продолжува да развива и други проекти – од Едукативниот центар Фрајла, преку работилници за глас, сценски настап и јавно говорење, до нови креативни проекти, меѓу кои е и проектот „Фрајле Боем“.
Боемската турнеја започна со концерт во Концертната сала „Лисински“ во Загреб, каде Фрајле добија и специјално признание од издавачката куќа Croatia Records за „Исклучителен придонес во музичката уметност и регионалната дискографија“.
Турнејата продолжува во текот на целата година, а наскоро ќе биде објавена и листа на нови градови во кои публиката ќе има можност да ги слушне во новиот состав.
„Енергијата ни е како на почетокот на кариерата, но сега на едно поинакво ниво. Сè уште ја имаме истата страст кон музиката, концертите и публиката – и додека срцето така чука, знаеме дека сме на вистинскиот пат“, велат Фрајле.
Забава
Со паста за заби против дамки и замаглени огледала
Иако најчесто се користи за одржување на оралната хигиена, пастата за заби може да има и неочекувана примена во чистењето на домот.
Поради благите абразивни состојки и средствата за избелување, таа може да помогне при отстранување дамки, спречување замаглување на стакло и чистење на фуги меѓу плочките.
Отстранување дамки
Пастата може да помогне при свежи дамки на теписи или мебел. Се нанесува мала количина врз дамката, се остава да се исуши, а потоа се брише со влажна крпа.
Исто така може да помогне при дамки од кафе или чај на шолји – доволно е да се нанесе на влажен сунѓер, да се истријат шолјите и потоа добро да се исплакнат.
Против замаглување на огледала
Мала количина паста нанесена на огледалото пред туширање може да создаде тенок заштитен слој што спречува кондензација и замаглување. Потоа огледалото се пребришува со мека крпа.
Чистење на фуги
Фугите меѓу плочките во кујната или бањата често собираат нечистотија. Експертите советуваат мала количина паста да се нанесе на стара четка за заби и со неа да се исчистат споевите.
Белата паста со благи абразивни својства може да ги осветли фугите без да ги оштети плочките.
Фото: Depositphotos
Забава
Борис Бекер призна: Ја изневерив додека беше во болница пред пораѓање, но доби „убав чек“
Поранешниот германски тенисер Борис Бекер во ново интервју проговори за скандалите што го следеа неговиот брак и развод со поранешната сопруга Барбара Фелтус.
Бекер беше критикуван со години поради гласините дека ја изневерил сопругата додека таа се пораѓала со нивниот син Елијас. Во разговор во подкастот на Луис Теру, тој рече дека таа приказна не е целосно точна.
„Тоа не е точно, не беше во породилни болки. Беше во болница, но породувањето не беше почнато“, изјави Бекер.
Boris Becker opens up on cheating scandal while his wife was giving birth in hospital, Diddy’s infamous parties lasting ‘days’ and his ‘s*** time’ in jail in tell-all Louis Theroux interview https://t.co/ckDKbEJbyV
— Daily Mail (@DailyMail) March 3, 2026
Сепак, тој призна дека ја изневерил.
„Да продолжиме понатаму – ја изневерив, во тоа нема сомнеж. Успеавме да изградиме однос заснован на почит“, рече поранешниот тенисер.
Тој додаде дека по разводот имало тензии, но дека Барбара на крајот добила значителна финансиска компензација.
„Таа имаше моќ бидејќи јас бев негативецот. Доби убав чек и добар месечен надоместок“, изјави Бекер.
Денес Бекер живее во Милано со сопругата Лилијан, која е 22 години помлада од него, и нивната ќерка Зои. Од претходни врски и бракови има уште четири деца.

