Контакт

Забава

Баба од Велика Британија веќе 80 години ја украсува истата елка

Објавено пред

Осумдесет и двегодишната Вилма Џејн Грејнор од Велика Британија веќе 80 години ја украсува истата елка.

Малото вештачко дрвце што го добила во 1937 година ја преживеало Втората светска војна, како и 16 миграции во целата земја.

„Денес, кога изгубив толку многу пријатели, ова дрвце ме потсетува на тоа колку беше убав мојот живот“, изјавила Вилма, која живее со својата 14-годишна мачка Кенди.

Внуката на Џејн, Кејтлин (23), вели дека тоа дрвце е важен дел од нивното семејство.

„Пораснав со приказните за оваа елка, таа е дел од семејната историја“, вели  таа.

Украсите исто така имаат посебна историја. Уште како малечка правела украси од стара хартија, во која биле завиткани крекери, но и од старите обетки на мајка ѝ.

Вилма, која исто така е прабаба, вели дека елката преживеала 6 преселби и дека притоа нејзиното дрво секогаш било најдобро обезбедено.

Таа се надева дека нејзините потомци еднакво ќе ја ценат и ќе ја сакаат елката, дури и кога таа нема да биде меѓу живите.

Забава

Мерил Стрип ја смени бојата на косата

Објавено пред

Мерил Стрип одамна е позната по русите перчиња.

Но, таа реши да направи драстична промена на својот имиџ. Во понеделникот 70-годишната актерска легенда, која моментално е на снимање на нејзиниот најнов филм, се појави со светло црвена коса токму кога се снимаше нова сцена од филмот.

Хероината на Sophie’s Choice („Изборот на Софија“) глуми со Никол Кидман во филмската адаптација на The Prom, во режија на Рајан Марфи.

Моќната шефица од The Devil Wears Prada („И ѓаволот носи Прада“) беше визија во бело кога излезе од нејзината приколка.

 

Прикажи повеќе...

Забава

Бела Хадид позира топлес на третман за зајакнување на имунитет

Објавено пред

Бела Хадид во понеделникот наутро сподели две впечатливи фотографии за нејзините 29 милиони следбеници на Инстаграм.

23-годишната сирена на модна писта позира топлес, своите интимни делови ги крие со едната рака, а со втората прави селфи во огледало додека е на третман за јакнење на имунолошкиот систем во Париз.

 

Посетата на Франција се случува кратко време по Модната недела во Милано (Milan Fashion week), по која носеше маска поради стравувањата од коронавирус.

Од светот на манекенството таа се префли на спа-уживање. По завршување на ангажманот во Италија, Бела реши да закаже спа-третмани во парискиот екслузивен спа-центар „Диор престиж“.

И додека го јакне својот имунитет, ќерката на Јоланда Хадид прави селфиња и ги објавува на својот Инстаграм. Таа не носи горен дел облека, а со раката ги покрива градите.

„Место за кулирање: Не е реклама … само сакам да ви кажам дека ова е најмагичното место во Париз … кога и да е мојот имунолошки систем намален, знам точно каде да одам …“ напиша таа на објавата.

Прикажи повеќе...

Забава

Кијану Ривс го снима „Матрикс 4“, Александра дојде да му прави друштво

Објавено пред

Александра Грант е на пролжен викенд во Сан Франциско, кој почна во четвртокот мината недела кога дојде да го посети својот партнер Кијану Ривс, додека го снима најновото продолжение на блокбастерот „Матрикс“.

Папараците ги забележаа во City By The Bay откако излегоа од хотелот „Омни“ во четвртокот вечерта.

А во неделата вљубените птички – кои првпат се појавија заедно во јавност минатиот ноември држејќи се за рака на традиционалната гала-вечер LACMA Art + Film Gala во Лос Анџелес –  сега повторно беа забележани заедно.

 

Александра носи капут со беж и црн леопард принт и кратки црни чизми.

А нејзината љубов, филмската икона Ривс, на себе има црн капут со војничко зелена постава.

Се чини дека двајцата беа поспани и без насмевка на лицата во доцните часови на прометната улица. На излезот од хотелот имаше група фанови кои чекаа во редица на тротоарот за да ги сликаат.

Ова е нивна втора заедничка фотографија по онаа во ноември на црвениот тепих на свечената гала LACMA Art + Film.

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Мицкоски побара да се поведе истрага за Заев: „Слушнавме како ја егзекутира правдата“

„Ова е протестен марш со кој почнува крајот на неславното владеење на СДСМ“. Вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го...

Македонија11 час

Филипче: Дојдените од Италија да побараат преглед дома ако почувствуваат симптоми на коронавирус

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека оние што допатувале од Италија и имаат симптоми на болеста...

Македонија11 час

Патникот од Дубаи нема коронавирус

Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека патникот од Дубаи, кој јавил симптоми, нема коронавирус. „Вториот случај што го тестиравме...

Македонија13 часа

Владата со препораки за коронавирусот – да се откажат сите патувања и екскурзии на учениците во Италија

Владата донесе повеќе заклучоци и препораки за превенција и заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните од коронавирусот. Како...

Регион13 часа

Во Хрватска потврден првиот случај на коронавирус

Потврден еден случај на заразен со коронавирус во Хрватска. „Се работи за помлад човек, кој се наоѓа на Клиниката за...

Македонија15 часа

Маж варел кафе на плин и го предизвикал пожарот во Ново Лисиче

Од запалениот стан во Ново Лисиче пожарникарите извлекле петмина, меѓу кои една неподвижна жена и маж, кој од стресот не...

Актуелно16 часа

Режисерите на „Медена земја“ подготвуваат нови филмови

Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, македонските режисери на документарниот филм со двојна номинација за Оскар „Медена земја“, се подготвуваат за...

Македонија16 часа

(Видео) Милошоски ја предаде „бомбата” за Заев во Обвинителствотo

„Она што го поседувавав како материјал, аудио и транскрипти во кои се слуша гласот на Зоран Заев, го предадов во...

Регион17 часа

Двајца Срби, членови на екипажот на крузерот, имаат коронавирус

Двајца државјани на Србија, членови на екипажот на бродот „Дајмонд принцес“, е потврдено дека се заразени со коронавирусот. Информацијата ја...

Македонија18 часа

ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира пред Обвинителството и Врховниот суд

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повика на протест во 18 часот, кој ќе почне пред Обвинителството, а ќе заврши пред...

Спорт19 часа

Џордан во солзи се прости од Коби Брајант (Видео)

Кошаркарската легенда Мајкл Џордан се прости од Коби Брајант, кој на 26 јануари заедно со својата ќерка Џијана и уште...

Македонија19 часа

Тестовите потврдија – нема заразен од коронавирус во земјава

Лицето кое синоќа беше примено на Инфективната клиника во Скопје е тестирано и нема коронавирус, потврдија од Министерството за здравство....

Свет19 часа

Почна процесот за екстрадиција на Асанж во САД

Првото рочиште во процесот на екстрадиција на Џулијан Асанж во САД се одржа пред судот во Лондон, при што двете...

Свет1 ден

Паника од коронавирусот, Италијанците ги испразнија супермаркетите

Во напад на паника поради коронавирусот Италијанците ги испразнија супермаркетите, а фотографиите на празни полици што ги објавија медиумите се...

Спорт1 ден

Ванеса Брајант ја тужи хеликоптерската компанија за трагичната несреќа

Ванеса Брајант поднела тужба против хеликоптерската компанија „Ајланд експрес хеликоптерс“ барајќи економска и казнена отштета по смртта на нејзиниот сопруг,...

Свет1 ден

Вајнштајн прогласен за виновен за сексуални напади

Поранешниот филмски продуцент Харви Вајнштајн е прогласен за виновен за две точки од обвиненијата за сексуален напад. Според Би-би-си, тој...

Македонија1 ден

Поради ужасните услови за живеење во Битола, Лука се враќа во Скопската зоолошка градина

Социјалните мрежи денеска беа преплавени од фотографии од тажното мајмунче Лука, сместено во валкан кафез во битолската Зоолошка градина, без...

Свет1 ден

Автомобил удри во карневалска поворка – 15 лица повредени во Германија

Полицијата уапси возач кој со сребрен караван се забил во карневалска поворка во Германија, пpи што се повредени 15 лица....

Европа1 ден

Бројот на починати од коронавирус во Италија се зголеми на седум лица

Во Италија почина и седмото лице од коронавирус. Станува збор за 80-годишен маж, кој претходно бил хоспитализиран, пренесоа локалните медиуми....

Македонија2 дена

Филипче апелира граѓаните да ги откажат патувањата во Италија

По петте смртни случаи од коронавирус во Италија, министерот за здравство, Венко Филипче, апелира граѓаните да ги одложат сите патувања...

Досие