Забава
„Баба ти се превртува во гробот“ – таткото на Меган Маркл ја нападна ќерката по нејзината нова серија на „Нетфликс“
Томас Маркл изрази разочарување поради најновата серија на „Нетфликс“ на ќерка си Меган, „Со љубов, Меган“.
Во интервју за „Д мејл“, Томас ја обвини Меган дека лаже пред камерите и дека премногу се труди да го одржи својот јавен профил.
Неговите коментари доаѓаат по забелешката на Меган во шоуто на Минди Калинг.
„Толку е смешно што постојано велиш Меган Маркл. Знаеш дека сега сум од Сасекс“, рече таа.
Главната точка на тензијата меѓу таткото и ќерката се врти за одлуката на Меган да се дистанцира од презимето Маркл. Според Томас, оваа одлука длабоко би ја разочарала покојната баба на Меган, која многу ја сакала Меган.
„Мајка ми беше горда што е Маркл. Исто и јас. Меган никогаш немала проблем со презимето Маркл додека не го запозна принцот Хари“, рекол тој.
Томас се осврна и на прикажувањето на детството на Меган во шоуто. Тој се присети дека лично ја земал Меган од училиште секој ден или ќе испрател автомобил да го направи тоа ако е зафатен. Истакна дека парите никогаш не биле проблем во нивното домаќинство и дека често вечерале надвор.
„Со љубов, Меган“ се соочи со низа негативни критики од објавувањето. Серијата од осум дела, во која Меган готви со познати пријатели и нуди совети за хостинг, беше критикувана поради недостигот на содржина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нела Манческа ѝ донесе седмо место на Македонија на „Јуниор Евросонг“
Нела Манческа со песната „Miracle“, со која ја претставуваше Македонија на „Јуниор Евросонг“, го заврши натпреварот на високото седмо место, освојувајќи вкупно 141 поен.
Конечниот пласман беше одреден од комбинираните гласови на стручните жири-комисии и публиката, при што Македонија оствари одличен резултат кај жирито, пласирајќи се меѓу првите пет земји според нивното гласање.

Во жири-гласањето, Македонија доби 12 поени од Црна Гора и Италија, што дополнително го потврди силниот впечаток што настапот на Нела Манческа го остави кај професионалните оценувачи.
Победник на годинашното издание на Јуниор Евросонг е Франција со освоени 248 поени, второто место ѝ припадна на Украина, а третото на Грузија.
Забава
(Видео) „Miracle“ одекна во Тбилиси: Нела Манческа ја претстави Македонија на Јуниор Евросонг
Вечерва во Тбилиси, Грузија, се одржува 23-то издание на Јуниор Евросонг, а Македонија ја претставуваше Нела Манческа со песната Miracle.
Aвтори на песната се продуцентoт Лазар Цветкоски и Магдалена Ена-Цветкоска која го напиша текстот.
View this post on Instagram
На овогодишниот избор за песна на Детска Евровизија учествуваат 18 земји.
Гласањето можете да го следите во живо на линкот.
Забава
Љубов под елката: Три знаци ќе доживеат филмска љубов до крајот на месецот
Иако декември е хаотичен месец, за некои хороскопски знаци љубовта оваа година доаѓа посилно од очекуваното. Според астрологот Адама Сисеј од „Lilith Astrology“, клучни се транзитите на Венера и Марс – планетите на љубовта, привлечноста и страста. Кога тие се поволно поставени, се случуваат токму оние „филмски“ моменти: вистинско време, вистинско место, вистинска личност.
Овие три знаци имаат најголеми шанси Новата година да не ја дочекаат сами:
Близнаци – Венера и Марс се во силен аспект со вашиот знак, носејќи нови средби, лесна комуникација и природна хемија. Ќе бидете похрабри и поотворени – токму она што ви оди најдобро.
Стрелец – Венера и Марс се во вашиот знак речиси цел месец, па вашата привлечност е на врвот. Спонтани излегувања, флерт и романса доаѓаат без многу напор.
Јарец – Кон крајот на декември, двете планети влегуваат во вашиот знак и ги активираат романтичните и страстните импулси. Можно е новогодишниот бакнеж да биде со некој навистина посебен.
Ако не сте меѓу овие знаци – вреди да го проверите и вашиот подзнак.
Фото: Pexels

