Забава
Бакнеж под маска – Жерард Батлер и Морган Браун во калифорниската Венеција
Тие се заедно веќе шест години.
А во понеделникот шкотскиот актер Џерард Батлер и неговата девојка Морган Браун беа забележани на плажата „Венеција“ во Лос Анџелес како разменуваат нежност во време на коронавирус.

Холивудскиот заводник ја бакнува својата свршеница, но ја држи маската за лице, на куса пауза од возење велосипед околу познатата плажа.

Батлер и Браун почнаа да се гледаат во 2014 година, но се разделија следната година. Една година подоцна се смирија и отидоа на романтичен одмор во Мексико. Оттогаш врската се чини дека стана поцврста.
Тие прошетаа на црвениот тепих како двојка на доделувањето на „Оскарите“ овој февруари.
Шкотската sвезда глуми во филмот за природна катастрофа „Гренланд“, чија премиера се очекува кон крајот на септември.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Инфлуенсерка распната во коментари – поради хеланки: „Мислев дека си гола“
Фитнес инфлуенсерка објави интересно видео од теретана, но фокусот не беше на нејзините тренинзи, туку на нејзиниот изглед, или поточно, на тоа што носеше.
Инфлуенсерката позната како Шрути предизвика лавина од коментари по видеото на кое вежба во хеланки во боја на кожа. Судејќи според нејзиниот профил, таа ги обожава тие хеланки и ги носи многу често, па затоа стана мета на коментари.
Многумина беа збунети и на почетокот помислија дека воопшто не носи долна облека и дека тренира речиси гола, па нејзината оптичка илузија функционираше и брзо стана вирална.
Иако целта на нејзиното видео не беа хеланките, туку вежбите што ги правеше, сите почнаа да коментираат. Некои дури и сметаа дека е досадно што ги носи тие хеланки, до тој степен што предложија нивна забрана во теретаните.
„Мислев дека немаш ништо на себе“, „Ако сакаше внимание, го добиваше“, „Мислев дека си гола“, „Овој вид облека треба да се забрани“, „Ова се најгрдите хеланки на светот“, беа само дел од коментарите.
Луѓето дури си дадоа слобода да коментираат за нејзиниот изглед во хеланки, но Шрути остана целосно без одговор на сите непријатни работи што ѝ ги пишуваа.
Забава
(Видео) Сестра си ти, сестра сум јас: Моќната порака на Александра Јанева
По серијата успешни музички проекти, Александра Јанева го претстави видеотo за својот најнов проект „Сестро“ – носечка песна на нејзиниот претстоен албум кој го слави несебичното другарство и секоја жена што подала рака во вистинскиот момент.
Музиката, аранжманот и целосната музичка продукција се дело на Лазар Цветкоски, додека моќниот и сензибилен текст го напиша Луна. Нивната соработка резултира со автентичен звук кој ја доловува суштината на пораката – дека поддршката е столбот на нашето постоење.
„Сестро“ не е само наслов на песна, туку сеопфатен концепт на кој Александра работеше изминатиот период. Албумот е замислен како музички мозаик посветен на женската солидарност – онаа тивка, но непоколеблива сила што нè води низ најтешките и најубавите моменти во животот.
„Сестра е секоја жена што ти подала рака кога светот бил премногу бучен, секоја пријателка која ти помогнала да ја откриеш сопствената вредност. 2026 година целосно ќе ѝ ја посветам на оваа порака – ќе биде година во знакот на ‘Сестро’, исполнета со многу нова музика која ја слави поддршката меѓу нас,“ – открива Јанева.
За визуелниот дел на оваа приказна, Александра повторно соработува со докажани професионалци. Режијата и монтажата се на Огнен Шапковски (Melem Production), додека за прекрасните кадри како директор на фотографија се потпишува Кристијан Теодоров. Видеото е збогатено со моќна кореографија од Dance Team Fusion, доловувајќи ја женската енергија низ движење.
Албумот „Сестро“ ќе се открива етапно во текот на целата 2026 година, ветувајќи ни патување низ емоциите и славење на нераскинливите пријателски врски. Александра најавува дека целата 2026 година ќе биде во знакот на „Сестро“ – период исполнет со нова музика и проекти кои ќе го слават заедништвото и автентичноста.
Забава
Светскиот вокален феномен Емели Санде на 7 ноември во Скопје
Скопје станува дел од светската музичка мапа со концертот на единствената Емели Санде, најмоќниот женски вокал на новата светска соул ера. На 7 ноември, во арена „Борис Трајковски“, македонската публика ќе има привилегија да ја доживее во живо артистката која ја редефинираше емоцијата во музиката и со својата автентичност го освои светот.
Со повеќе од 20 милиони продадени изданија, милиони стримови и бројни меѓународни признанија, Емели Санде е уметник со несомнен светски статус. Низ годините, нејзините песни како “Next to Me”, “Read All About It”, “Clown”, “Beneath Your Beautiful” и “My Kind of Love” станаа химни на милиони луѓе. Таа е позната по способноста секоја нота да ја претвори во приказна, а секој настап во незаборавен момент. Нејзиниот вокал, опишан како еден од најпрепознатливите на современата сцена, носи сила, длабочина и искреност што ретко кој артист денес ја поседува.
Концертот на 7 ноември, ќе биде дел од нејзината европска турнеја, на која Емели Санде се претставува во модерно, свежо и драматично продукциско пакување. Настапот во Скопје ќе понуди врвна жива изведба со бенд, моќна продукција, визуелни елементи и сценографија, сет листа што ги опфаќа најголемите хитови и нови песни, интимни моменти во кои Емели ја открива својата уметничка душа пред публиката.
Дополнително, концертот на Емели Санде во Скопје се реализира во рамките на Scream Festival – фестивал кој обединува врвни светски и регионални уметници и носи силна културна и продукциска вредност на домашната сцена. Покрај настапот на Емели Санде, фестивалската програма ќе вклучи и други внимателно одбрани изведувачи, создавајќи неколкучасовно музичко доживување.
Картите се веќе пуштени во продажба и истите може да ги купите преку продажната мрежа на: www.kupikarta.com, Розе Веро 2, ЈК травел во Бисер и Јк Травел Дајмонд.

