Забава
Бекам ги покажа деликатесите што ги консумира на одмор во Хрватска

Фудбалската легенда Дејвид Бекам во неделата на својот инстаграм-профил сподели фотографии од семејниот одмор во Хрватска и не го крие задоволството од тамошната кујна.
Семејството Бекам посетија ресторан во Дубровник, а пензионираниот фудбалер покажа со какви деликатеси се почестува деновиве.
Wow, напиша Бекам нa фотографија од рижото со ракчиња, не криејќи го ентузијазмот за храната во Хрватска.
И сопругата, Викторија, објави фотографии од Дејвид и нивната ќерка.
Бекамови пристигнаа во Хрватска на почетокот на минатата недела. Се задржаа во околината на Дубровник и престојуваа во луксузниот комплекс Лопуд 1483 на Лопуд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Принцот Чарлс за „Круната“: Јас не сум она што ме прикажуваат

Популарната серија на Нетфликс „The Crown“ (Круната) се прикажува веќе четири сезони, преку која принцот Чарлс (73) е претставен како многу повлечен, но и крајно несигурен наследник.
Принцот Чарлс не сакаше да зборува за серијата и го задржа своето мислење за неа за себе, но сега проговори. За време на престојот во Шкотска, кога пристигна на отворањето на Парламентот, принцот Чарлс го започна својот говор со шега.
„Здраво на сите, сакам да ви кажам дека не сум ни блиску до тоа како ме прикажаа на Нетфликс“ – рекол Чарлс, а со таа изјава веднаш го привлекол вниманието на толпата, пишува „Дејли Мејл“.
Шестата сезона од серијата моментално се снима, а петтата наскоро би требало да почне да се прикажува на малите екрани.
Во третата и четвртата сезона Чарлс го игра Џош О’Конор (32), а во следните сезони ќе го игра Доминик Вест (52).
Инаку, упатени извори тврдат дека голем дел од британското кралско семејство ја следи серијата која го прикажува нивниот живот и владеење.
Војвотката Камила (75) еднаш изјави дека е информирана за заплетот на серијата.
Серијата досега наиде на бројни позитивни реакции од филмската критика, а ја обожава и публиката.
Забава
Џоли го тужи ФБИ бидејќи не го обвиниле Пит за наводниот инцидент што доведе до нивни развод

Анџелија Џоли очајно се обидува да најде нешто ново во нејзината правна битка со поранешниот сопруг Бред Пит, откако наводно го тужела ФБИ за податоци што веќе ги имала, според извори блиски до Пит.
Неколку американски медиуми објавија дека актерката поднела тужба против Бирото во април – анонимно, како Џејн До – барајќи документи поврзани со истрагата за Пит, наводно во обид да открие зошто не била поднесена кривична пријава против него по авионскиот лет во 2016 година, кој ја наведе да поднесе барање за развод.
Извештајот, до кој дојде „Пејџ сикс“, сега е објавен и покажува дека помошникот обвинител на САД и помошникот началник на Кривичниот оддел разговарале за случајот во ноември 2017 година пред да биде донесена одлука да не се поднесе обвинение против Пит.
Во првичниот извештај на ФБИ, Џоли им кажала на официјалните лица дека Пит бил „луд“ кога се качиле на приватниот авион од Ница, Франција, до САД, со нивните шест деца.
Во анонимната тужба како ‘Џејн До’ таа прашува зошто ФБИ не го уапсила Бред Пит по наводната физичка расправија во приватен авион. Во тужбата се бара од ФБИ да ги предаде документите поврзани со истрагата за Пит (58), откако Џоли тврдеше дека тој „физички и вербално ги нападнал неа и нивните деца додека летале во приватен авион“.
Таа тврди дека во 2016 година Бред ја полил со пиво во тек на лет со приватен авион, ѝ го повредил лактот и се степал со синот Медокс“.
ФБИ го ослободи Пит од какво било незаконско постапување во инцидентот, кој наводно, се случил на лет со приватен авион, под јурисдикција на федералната влада.
Неколку дена подоцна, Џоли поднесе барање за развод од Пит и побара целосно старателство над нивните деца.
Според тужбата, Пит наводно ги ставил рацете на Џоли и ја полил со пиво, ја однел до задниот дел од авионот, ја фатил за рамениците и ја тресел додека викал: „Ти го е*еш ова семејство“. Пит, наводно, ги ставил рацете на најстариот син на двојката, Медокс, тогаш 15-годишен, при што Џоли тврдела дека го удрил – нешто што актерот целосно го негира.
Џоли наводно се пожалила на недостаток на транспарентност во врска со причината за затворање на истрагата на ФБИ.
Џоли ја изменила жалбата на 9 август.
Забава
Хајди и Софија гламурозни судијки на популарното талент-шоу

Хајди Клум и Софија Вергара пристигнаа во стил пред студиото за снимање на „Америка има талент“ во вторникот во Лос Анџелес.
Двете го украдоа шоуто пред студиото во хотелот „Шератон Пасадена“ во Пасадена.
Клум (49) зачекори на црвениот тепих во лелеав зелен фустан. а Вергара (50) изгледаше како модерен пинап во комбинезон без прерамки.
Прекрасната зелена тоалета на супермоделот Клум има полупроѕирно здолниште со шлицови напред што им овозможува на нејзините затегнати нозе да се пробијат.
Актерката Вергара ги истакна облините во жолт цветен комбинезон без прерамки со деколте во форма на срце.
Тие се дел од четиричленото жири на натпреварот за таленти, заедно со комичарот Хауи Мендел и продуцентот Сајмон Кауел.
America’s Got Talent моментално е во својата 17-та сезона и се емитува на Ен-би-си секој вторник и среда.