Забава
Бен Афлек го коментира односот со поранешната сопруга по шпекулациите дека се помириле

Бен Афлек и Џенифер Гарнер се разведоа пред десет години, а сега познатиот актер проговори за нивната врска. Во интервју за GQ, Афлек ги призна своите чувства кон поранешната сопруга, со која има три деца.
„Навистина сум среќен што имам одлична партнерка во неа и мајка на моите деца, која е прекрасна и со која одлично соработувам“, призна Афлек.
Неодамна се појавија гласини дека Бен е заинтересиран повторно да ја разгори романсата со Џенифер, но извор близок до актерката изјавил дека „чувството не е взаемно“.
„Таа е среќна со своето момче и не ни размислува за врска со Бен Афлек. Тие заедно ги одгледуваат своите деца и тоа е единствената врска меѓу нив од нејзина страна во моментов”, рекол изворот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Никол Кидман одбива да работи со Кит Урбан: Нашиот живот е веќе серија, нема потреба

Холивудската актерка Никол Кидман соработувала со многу познати имиња во текот на својата кариера, но има една личност со која не сака да снима филм или серија. Донекаде изненадувачки, станува збор за нејзиниот сопруг Кит Урбан.
„Заедно сме во реалниот живот, нема потреба да снимаме заедно. Нашите животи се веќе претстава“, рече Кидман во интервју за „Пипл“ за време на премиерата на втората сезона од серијата „Nine Perfect Strangers“.
Никол и Кит се запознале во 2005 година. Наводно, двајцата се заљубиле еден во друг на прв поглед, но не го кажале тоа веднаш. На Урбан му беа потребни четири месеци за да ја повика Никол, а во 2006 година ја изненади со цвеќе во 5 часот наутро за нејзиниот роденден. Тие се венчаа таа година.
Двојката има две ќерки заедно, Сандеј Роуз (16) и Фејт Маргарет (14). Сандеј неодамна направи нов чекор во својата модна кариера и го поедностави своето јавно име. Наместо да биде Сандеј Роуз Кидман-Урбан, таа се претставува едноставно како Сандеј Роуз.
Забава
(Фото) Од бикини во заводлив фустан, повторно го украде вниманието

Салма Хајек ја краси насловната страница на реномираното списание, а на промоцијата на ова издание дојде во елегантен, заводлив фустан и повторно го привлече вниманието.
Актерката Салма Хајек се појави на насловната страница на списанието „Sports Illustrated Swimsuit“ за 2025 година и ги воодушеви мажите со своите раскошни облини, а веднаш потоа скокна во заводливото издание за да присуствува на промоцијата на реномираното спортско списание.
Таа беше почесен гостин на промоција одржана во престижен хотел во Њујорк, а за таа пригода избра интересен црн фустан во кој изгледаше многу заводливо.
Тоа е миди-фустан направен од бројни детали; Рачната изработка го краси горниот, деколтиран дел од фустанот и проѕирните ракави, пердувите се составен дел од долниот дел, но исто така им даваат на краевите на ракавите посебен впечатлив шмек.
Фустанот го комбинираше со црни чевли со високи потпетици, а косата и шминката совршено ги прилагоди на овој елегантен фустан, што повторно ја направи центар на вниманието.
Забава
(Фото) Ледената Русинка се прошета во сако, без ништо под него

Канскиот филмски фестивал традиционално привлекува големо внимание секоја година, а бројни убавици се грижат тој секогаш да биде на високо ниво кога станува збор за модата.
Една од оние кои секогаш блескаат е руската убавица Ирина Шајк, која веќе импресионираше со своето модно издание на црвениот тепих во Кан.
Сепак, Ирина не запира тука, и таа покажа вистинска елеганција за време на престојот во хотелот, а папараците ја фатија како го напушта, доминирајќи во совршено бело одело.
Моделот избра гламурозна облека која се состоеше од тесно сако и прави панталони со малку подолги, развлечени ногавици. Ова одело имаше и сатенски детали на реверите, а вистинското уживање допрва доаѓаше…
Имено, Ирина немаше ништо под сакото, па сите очи веднаш беа вперени во неа.
Впечатлива огрлица го красеше целиот овој аутфит, но изборот на чевли повторно не им се допадна на многумина кога стануваше збор за овој модел.
Нејзиниот препознатлив леден поглед беше доволен за да го комплетира овој смел и елегантен изглед кој повторно стана главна тема на модните портали.