Контакт

Забава

Бен Афлек и Џенифер Лопез си разменуваат нежности на аеродром

Објавено пред

Бен Афлек и Џенифер Лопез не можеа да ги држат рацете подалеку еден од друг пред да се качат на приватен лет од Лос Анџелес во саботата попладне.

Папараците ги забележаа додека споделуваат страстен бакнеж во прегратка. Фотографии од среќната двојка, на кои вљубено се гледаат, веднаш се појавија на насловните страници на таблоидите.

Додека пилотот на 52-годишната ѕвезда чека да ја завршат сесијата на искажување љубов, таа цврсто се држи за Афлек.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Дрејк се повлече од трката за „Греми“

Објавено пред

Канадискиот рапер Дрејк во понеделникот се повлече од доделувањето Греми-награди, отстранувајќи ги неговите две номинации за највисоките музички почести, објавија светските медиуми цитирајќи извори блиски до музичарот.

Дрејк (35) минатиот месец доби две номинации за Греми во полето на рап музика – најдобар рап албум за Certified Lover Boy и најдобра рап изведба за Way 2 Sexy.

Изворите рекоа дека барањето да се повлече од разгледување било поднесено од раперот и неговиот менаџерски тим, но не наведоа причини за потегот.

Веб-страницата на Академијата за снимање беше ажурирана во понеделникот за да се отстранат номинациите на Дрејк од листата на „Греми“.

Дрејк, чиј Certified Lover Boy беше еден од најпродаваните албуми во 2021 година, има спорен меѓусебен однос со „Греми“.

Минатата година, тој ги критикуваше за целосното исклучување на неговиот канадски колега Д Викенд од листата со номинации. Во 2019 година, Дрејк одби да настапи на церемонијата, а потоа од бината го искритикува доделувањето на наградите.

„Сакам да ве известам дека играме во спорт заснован на мислење, а не спорт заснован на факти“, рече тој при прифаќањето на Греми-награда за неговиот сингл God’s Plan.

„Ова е бизнис во кој главниот збор го има една група луѓе кои можеби не разбираат што има да каже млад човек од мешана раса од Канада или шпанска девојка од Њујорк или од кој било друг“, рече Дрејк од бината.

Номинациите за „Греми“ ги избираат членовите на Академијата за снимање и за нив гласаат членовите. Оваа година, џез-музичарот Џон Батист предводи со 11 номинации, а зад него се Џастин Бибер, Доџа Кет и Х.Е.Р.

Победниците ќе бидат објавени на церемонија во Лос Анџелес на 31 јануари.

Прикажи повеќе...

Забава

„Битлси“ се врати во британските топ-40 по документарецот на Питер Џексон

Објавено пред

Албумот Let It Be на „Битлси“ скокна во топ-40 хитови во Обединетото Кралство (UK Top 40) по објавувањето на документарната мини серија на Питер Џексон со наслов Get Back.

Седумчасовната серија од три дела, која почна да се емитува на „Дизни плус“ во ноември, моментно ја уживаат фановите што ги пофалија согледувањата на Џексон за култниот бенд.

„Дојдов со мислење за нив дека се пристојни, разумни момци“, изјави Џексон за британски „Индепендент“ за своите откритија додека го продуцира документарецот.

„Имаат несогласувања, имаат разни амбиции. Но, нема его, нема примадона (однесување)“.

Според најновиот извештај на „Билборд“, Let It Be оваа недела скокна од 62. на 22. место на листата за албуми во Обединетото Кралство.

Ед Каминг во својата рецензија со пет ѕвезди за „Индепендент“ документарецот го нарече ремек-дело.

„Тоа е споменик на ‘Битлси’, огромен и откривачки, кој дејствува како бедем против бескрајните книги и написи и брборења за нив. Документарната серија едноставно ги прикажува какви што биле“, напиша тој.

Прикажи повеќе...

Забава

Алек Болдвин избриша еден од профилите на „Твитер“ по емотивното интервју

Објавено пред

Алек Болдвин избриша еден од своите два профила на „Твитер“ неколку дена по емотивното интервју за „Еј-би-си њуз“, во кое тој првпат зборуваше за фаталното пукање на снимањето на Rust.

Сега избришаниот профил на Алек, @AlecBaldwin, претходно се користеше за официјални изјави во врска со инцидентот од 21 октомври. Профилот на фондацијата на Алек, @ABFalecbaldwin, исто така го нема од понеделникот наутро. Профилот на неговата сопруга Хиларија Болдвин исто така е избришан.

Инстаграм-профилите на двете ѕвезди остануваат активни.

На 2 декември, во своето прво интервју по пукањето, Болдвин му кажа на ТВ-водителот Џорџ Стефанопулос што точно се случило на денот на инцидентот и се расплака додека се сеќаваше на снимателката Хачинс. Тој рече дека не сака да чека да завршат тужбите или истрагите пред да ја каже својата страна од приказната.

Американските медиуми пренесуваат дека Алек го држел пиштолот што испука и ја уби Халина Хачинс и го повреди режисерот Џоел Соуза на сетот на филмот Rust. Еден месец подоцна, тој и другите продуценти на вестернот беа именувани во тужбата поднесена од супервизорот на сценариото – Мејми Мичел, која наводно стоела на линијата на огнот кога пукнал пиштолот. Истрагата е во тек.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа5 минути

Компанијата „Фајзер“ обвинета за ширење лаги за вакцината на „Астра зенека“ дури и дека предизвикува рак

Фармацевтскиот гигант „Фајзер“ е обвинет дека подмитувал експерти за да ја дискредитираат вакцината против Ковид-19 на „Астра зенека“, пренесуваат светските...

Свет46 минути

СЗО: Крвната плазма да не се користи во третманот на болните со ковид

Крвната плазма земена од оздравени пациенти не треба да се користи во третманот на луѓе заболени со ковид, а кои...

Свет2 часа

Путин и Бајден преку видеоврска за многубројни прашања

Рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Џо Бајден денеска ќе имаат виртуелен самит на кој ќе разговараат за бројни...

Свет3 часа

САД ги предупреди граѓаните за Божик да не патуваат во Франција и Португалија

САД ги повикаа своите граѓани да избегнуваат да патуваат во десетина земји, вклучително и Франција и Португалија, поради зголемениот број...

Свет3 часа

(Видео) Силно невреме направи хаос на Хаваите – поплавени улици, откорнати далноводи

Силно невреме проследено со силен ветер и екстремно силен дожд денеска ги поплави патиштата и ги откорна далноводите на Хаваите....

Топ15 часа

Пронајдена лабараторија за производство на дрога во викендичка во Катланово

Лабораторија за производство на дрога е пронајдена во викендичка во с.Градмановци, Катланово. „Полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена...

Регион16 часа

Прв ковид-отказ во Хрватска, наставник одбил да се вакцинира и останал без работа

Прв отказ поради одбивање вакцина против коронавирус во училиште во Хрватска. Се работи за наставник од Техничкото училиште во градот...

Свет16 часа

Кортунов: Не е веројатен компромис помеѓу Бајден и Путин

Андреј Кортунов, претседател на рускиот совет за надворешни работи, кој е близок до Министерството за надворешни работи, рече дека двете...

Регион16 часа

Пропадна владината одлука – во Словенија нема да има задолжителна вакцинација

Словенечкиот Уставен суд пресуди дека владиниот декрет со кој се воведува задолжителна вакцинација за државните службеници е неуставен. Новото правило...

Македонија17 часа

Деспотовски ги покани Ковачевски и Ременски, заедно да ги презентираат програмите

Јован Деспотовски, еден од тројцата кандидати за лидер на СДСМ, ги покани другите двајца Димитар Ковачевски и Фросина Ременски заеднички...

Свет21 час

Објавен документ на американските служби: Русите ќе ја нападнат Украина со 175.000 војници?

Не стивнуваат тензиите меѓу Москва, Киев и Вашингтон поради шпекулациите дека рускиот претседател Владимир Путин подготвува инвазија на Украина. Сега...

Македонија21 час

Нови 101 случај на коронавирус, починаа 13 лица

Во последните 24 часа направени се 1.299 тестирања, а регистрирани се 101 нови случај на Ковид-19: Скопје – 59, Кавадарци...

Македонија23 часа

Димитар Ковачевски почна со презентација на програмата пред членовите на СДСМ

Актуелниот кандидат за претседател на Социјалдемократскиот сојуз, Димитар Ковачевски, пред членството на партијата во Општина Карпош ја презентира својата изборна...

Македонија24 часа

Ескобар: Работиме со европските партнери за брза интеграција на Северна Македонија во ЕУ

Со нашите европски партнери работиме за да обезбедиме брза европска интеграција на Северна Македонија, изјави американскиот заменик-помошник на државниот секретар...

Регион1 ден

Радев на консултации пред врачувањето на мандатот, Петков вели: „Неопходно е да се формира влада“

Времето на едноличната премиерска власт заврши, истакна бугарскиот претседател Румен Радев пред претставниците на „Промената продолжува“, а за време на...

Економија1 ден

Бесими го достави дополнетиот предлог-буџет за следната година

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, денеска го достави дополнетиот предлог-буџет за 2022 година до претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој...

Европа1 ден

Следната пандемија би била посмртоносна од Ковид-19, предупредува креаторката на „Астра зенека“

Идните пандемии би можеле да бидат посмртоносни од сегашната криза предизвикана од Ковид-19, предупреди Сара Гилберт, професорка на Универзитетот „Оксфорд“...

Свет1 ден

(Видео) Најмалку 15 загинати и голем број исчезнати по силната ерупција на вулканот Семеру

Индонезискиот вулкан Семеру и денеска продолжи да исфрла големи количества пепел, неколку дена по силната ерупција, во која загинаа 15...

Европа1 ден

Откриен извештај – Германија воведува задолжителна вакцинација во неколку ресори

Новата германска влада има намера од средината на март да воведе задолжителна вакцинација за вработените во одредени ресори, пренесуваат светските...

Европа1 ден

Невакцинираните во Италија нема да може да користат јавен превоз без ковид-потврда

Во Италија од денеска стапија во сила построги мерки против коронавирусот, со кои невакцинираните лица ќе бидат исклучени од многу...

Досие