Забава
Бијонсе во розова танга промовира спортска облека „Адидас икс Ајви парк“
Многуочекуваната колекција „Ајси парк“ од нејзиниот бренд „Ајви парк“, во соработка со „Адидас“, треба официјално да биде објавена на 19 февруари.
А Бијонсе во неделата додаде уште повеќе гориво за возбудување на своите фанови кога се појави во жежок комплет во розова боја на официјалната инстаграм-страница на „Ајви парк“.

Во промоција на „Адидас икс Ајви парк“, најновата соработка на нејзиниот бренд со германскиот гигант „Адидас“, 39-годишната поп-ѕвезда позира во танга и топ со долги ракави.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Хајди Клум ја испрати 2025 година во топлес и црвени танга
Манекенката Хајди Клум ја испрати старата и ја дочека новата година во свој препознатлив стил – во топлес, уживајќи во последните сончеви зраци со својот сопруг Том Каулиц. На Инстаграм сподели видео во кое позираат покрај базен, со поглед кон океанот и планините. Додека сопругот ја прегрнуваше околу половината, Клум носеше само црвена танга.
„Среќна, задоволна и благодарна. Нашиот последен залез на сонцето во годината. Подготвени и отворени за сè што доаѓа“, напиша Клум на германски јазик, додавајќи: „Ајде 2026!!!!! Љубовта е живот“.
View this post on Instagram
По опуштањето со залезот на сонцето, Клум и Каулиц се препуштија на новогодишната забава. Во друго видео објавено на Инстаграм, парот танцува. Манекенката за таа пригода носеше проѕирен, светкав мрежест фустан со шлиц до колкот, под кој се гледаше долната облека, додека нејзиниот сопруг беше облечен во црна кошула. „Среќна Нова 2026 година ❤️“, порача таа.
View this post on Instagram
Се чини дека Клум се држи до својата навика да се сонча во топлес кога и да има можност. Како што еднаш објаснила, едноставно „не ги сака трагите од сончање“.
Забава
Џенифер Лопез: Многу сум возбудена, близнаците заминуваат на факултет
Џенифер Лопез изјави дека е многу возбудена што нејзините 17-годишни близнаци Макс и Еме наскоро заминуваат на факултет. Во разговор за „Ентертејнмент Тудеј“, таа рече дека се чувствува добро и дека не може да поверува колку далеку стигнале заедно, истакнувајќи дека ги одгледувала сама уште од нивната трета година.
Пејачката додаде дека е горда што нејзините деца израснале во млади луѓе подготвени за сопствениот живот и дека е среќна што знаат дека секогаш имаат дом во кој можат да се вратат.
Иако е светска ѕвезда, Лопез откри дека на нејзините деца им е најважно таа да биде дома и присутна. Сепак, тие ја поддржуваат и биле присутни на нејзините настапи во Лас Вегас, а таа вели дека се горди на својата мајка.
Фото: Depositphotos
Забава
Голем, роденденски концерт на Северина на 18 април во Скопје
“She is a legend, she is an icon” – овој познат цитат можеби совршено ја опишува најпознатата хрватска пејачка Северина, жената која со децении нè воодушевува со својот став, харизма и стил. Токму таа, на 18 април во арена „Борис Трајковски“ ќе одржи голем солистички концерт, во рамки на нејзината турнеја „Ja samo pjevam“. Ова ќе биде и специјален роденденски концерт со кој заедно со македонската публика ќе го одбележи својот роденден.
Северина е културен феномен кој повеќе од три децении успешно им се спротивставува на времето, трендовите и очекувањата. Уметница која знае како да биде интимна и грандиозна во ист момент, тивка и бучна, нежна и силна, секогаш автентична и препознатлива, без разлика на сцената на која застанува.
Таа е позната по својата силна врска со македонската публика, која со години ѝ возвраќа со полни сали, искрена емоција и незаборавни моменти. Концертната вечер во Скопје ќе биде составена од внимателно селектиран репертоар кој ги вклучува нејзините најпрепознатливи хитови, како и понови композиции, изведени со продукциски стандарди на највисоко ниво.
Сценографијата, светлосните ефекти и звучната продукција ќе создадат целосно сценско искуство кое ја надминува класичната форма на концерт.
Она што ја издвојува Северина на сцената е нејзината способност да создаде исклучителна блискост со публиката, дури и во најголемите арени. Нејзините концерти се исполнети со искреност, емоција и директна комуникација, каде секоја песна добива лична димензија, а публиката станува активен дел од приказната што се раскажува во живо.
Концертот е во организација на Прагма продукција, која и овој пат најавува продукциски стандарди на највисоко регионално ниво, со една јасна цел, Скопје да биде домаќин на концерт кој по квалитет, емоција и изведба ќе остане долго во колективната меморија.
Картите се веќе пуштени во продажба и истите може да ги купите преку продажната мрежа на: www.kupikarta.com, Розе Веро 2, ЈК травел во Бисер и Јк Травел Дајмонд.
Линк за карти: https://kupikarta.com/event-details.nspx?eventid=5726

