Забава
Бијонсе и Џеј Зи на семејно патување во Хемптонс
Популарната пејачка Бијонсе и нејзиниот сопруг раперот Џеј Зи побегнаа од сè во петокот со семејно патување во њујоршкиот Источен Хемптонс.
38-годишната пејачка и актерка и 50-годишниот рап могул беа фотографирани додека излегуваат од нивниот приватен авион со најстарата ќерка Блу Ајви (8) и близнаците Руми и Сир (3).
И Бијонсе и Џеј беа внимателни да носат маски за да спречат ширење на новиот коронавирус околу семејството, иако другите членови на нивната придружба излегоа без маски.

Пејачката на хитот Drunk In Love на себе има удобни светло-сиви тренирки со текст на предната страна.

Луксузниот излет на раперот се случува набргу откако тој и Бијонсе беа тужени за користење на гласот на Ленор Антоанет Стајнс на почетокот на нивниот сингл Black Effect од заедничкиот албум Everything is Love.
Во тужбата, Стајнс тврди дека првично имала склучено договор за да пронајде танчери за видеото на песната. Таа тврди дека од неа било побарано да зборува за љубов за промотивно видео, но нејзиниот глас бил користен на почетокот на песната „Black Effect“ без нејзина дозвола и без соодветен хонорар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Облините се тука, но тука е и нејзиното „старо“ лице: Дали убавицата ги отстрани филерите?
Парот кој сигурно привлече најголемо внимание уште од првиот ден од нивната врска – Кајли Џенер и Тимоти Шаламе, се појавија заедно на доделувањето на наградите БАФТА, а риалити убавицата се држеше до своето „правило“ и не сакаше да привлекува внимание кон себе кога беше во негово друштво.
Сакала или не, новинарите повторно ја бараат и секогаш кога се појавува со Тимоти, нивната врска станува главна тема.
Kylie Jenner and Timothée Chalamet win cutest couple at the EE BAFTA Film Awards 🥹 pic.twitter.com/FiDr0oXtlO
— Chicks in the Office (@ChicksInTheOff) February 22, 2026
На доделувањето на наградите БАФТА, Кајли блесна во црна елегантна тоалета украсена со големи циркони, меѓутоа, тоа не е она што им го привлече вниманието на сите. Нејзиниот природен изглед стана предмет на коментари, а многумина шпекулираа дека ги отстранила филерите од усните.
„Изгледа како порано“, „Изгледа помлада, но поприродна“, „Многу е поубава вака, како помлада верзија од себе“, беа некои од коментарите.
Timothée Chalamet and Kylie Jenner attend the EE BAFTA Film Awards. pic.twitter.com/z7hRoCYBjT
— 📸 (@metgalacrave) February 22, 2026
Кајли и претходно беше мета на коментари поради козметички корекции, а како што самата призна, почнала да прави корекции на усните како тинејџерка бидејќи била несигурна. Пред осум години таа тврдеше дека ги отстранила филери, но во меѓувреме се појавија сомнежи дека ги вратила.
Во секој случај, сега навистина изгледа дека филерите се отстранети и, судејќи според коментарите, конечно ја воодушеви публиката.
Забава
(Видео) Нова песна на Сара Мејс – „Не ме сакаш“
Македонската пејачка Сара Мејс го објави новиот сингл „Не ме сакаш“, придружен со видеоспот во кој глуми и познатиот актер Стефан Николовски.
Музиката и текстот се на Сара Мејс, а аранжманот, снимањето, миксот и мастерингот се изработени во JustRBProduction.
Забава
Бела Хадид ја открива тажната реалност на борбата со болест од која страдаат многу познати личности
Манекенката Бела Хадид проговори за тоа како се чувствувала „потрошна“ и „заменлива“ додека работела и се справувала со сериозни здравствени проблеми. Во ново интервју, 28-годишната ѕвезда, која со години се бори со Лајмска болест, отворено зборуваше за тоа низ што поминала физички и емоционално додека ја снимала новата серија и како научила да го става своето здравје на прво место.
Зборувајќи за нејзината улога во новата ТВ серија на Рајан Марфи „The Beauty“, Бела за италијанскиот Vogue изјави што ѝ се случило за време на снимањето.
„Снимањето траеше околу шест месеци и понекогаш имав многу болки, и емоционално и физички“, рече таа. „Снимав половина од тоа време помеѓу третманите за Лајмска болест, па затоа беше физички доста исцрпувачки.“
Моделот додаде дека во исто време се справувала и со некои лични проблеми. „Беше навистина тешко емотивно, но успеав да го насочам тоа во мојата работа и мојата улога. Мислам дека можноста да се изразам на тој начин навистина ме исполни“, објасни таа.
Лајмската болест е бактериска инфекција која се пренесува на луѓето преку крлежи кои ја носат бактеријата. Доколку се дијагностицира рано, полесно е да се лекува, а еден од главните симптоми е осип во облик на прстен околу местото на каснувањето. На Бела ѝ била дијагностицирана болеста во 2012 година и оттогаш отворено зборува за своите борби, објаснувајќи дека „неподносливата болка“ понекогаш ја спречува да прави дури и наједноставни работи.
Нејзината мајка Јоланда и братот Анвар исто така се борат со истата дијагноза, како и бројни други познати личности како Шанаја Твејн, Алек Болдвин и Џастин Тимберлејк. Во септември, нејзината мајка сподели вознемирувачки фотографии од Бела за време на нејзиниот третман. Во 2023 година, Бела напиша на Инстаграм дека зад себе има „15 години невидливо страдање“.
„Живеењето со оваа состојба, која се влоши со текот на времето и работата, додека се обидувам да се направам себеси, моето семејство и луѓето што ме поддржуваат горди, си зема данок на начини што не можам ни да ги објаснам“, напиша таа во тоа време.

