Контакт

Забава

Бијонсе и Џеј Зи на семејно патување во Хемптонс

Објавено пред

Популарната пејачка Бијонсе и нејзиниот сопруг раперот Џеј Зи побегнаа од сè во петокот со семејно патување во њујоршкиот Источен Хемптонс.

38-годишната пејачка и актерка и 50-годишниот рап могул беа фотографирани додека излегуваат од нивниот приватен авион со најстарата ќерка Блу Ајви (8) и близнаците Руми и Сир (3).

И Бијонсе и Џеј беа внимателни да носат маски за да спречат ширење на новиот коронавирус околу семејството, иако другите членови на нивната придружба излегоа без маски.

Пејачката на хитот Drunk In Love на себе има удобни светло-сиви тренирки со текст на предната страна.

Луксузниот излет на раперот се случува набргу откако тој и Бијонсе беа тужени за користење на гласот на Ленор Антоанет Стајнс на почетокот на нивниот сингл Black Effect од заедничкиот албум Everything is Love.

Во тужбата, Стајнс тврди дека првично имала склучено договор за да пронајде танчери за видеото на песната. Таа тврди дека од неа било побарано да зборува за љубов за промотивно видео, но нејзиниот глас бил користен на почетокот на песната „Black Effect“ без нејзина дозвола и без соодветен хонорар.

Забава

Захари Квинто на кафе пауза во Лос Фелиз

Објавено пред

Захари Квинто направи кратка пауза од саоизолацијата и реши да прошета надвор во период кога Холивуд се подготвува да се врати во нормала.

43-годишниот актер, номиниран за наградата „Еми“, полека се враќа во својата рутина пред очекуваната втора сезона на ТВ-серијата NOS4A2 (Ностерату) – хорор-драма со натприродни суштестава. Тој претходно одби да го промовира продолжението на социјалните мрежи со образложение дека планира да ја насочи својата платформа на посериозни работи.

Папараците го забележаа во неделата, кога одеше по кафе во близина на квартот во кој живее во Лос Анџелес. Тој носи темна маска за лице и практицира социјално дистанцирање додека чека пред „Блу ботл кофи“ во Лос Фелиз.

Прикажи повеќе...

Забава

Софија Ричи помина забавен празничен викенд за Денот на независноста

Објавено пред

Софија Ричи изгледа безгрижно додека ја покажува својата совршена фигура во бикини со животински принт, еден ден по пријателското дружење со поранешното момче Скот Дисик на Денот на независноста, 4 јули.

Софија и Скот беа заедно во саботата, прв пат откако во мај ја прекинаа тригодишната врска.

А во неделата, 21-годишната манекенка, ќерка на познатиот музичар Лајонел Ричи, реши да помине еден ден со своите пријатели во Малибу. Таа го впива сонцето во секси бикини.

Прикажи повеќе...

Забава

Канје Вест влегува во претседателската трка

Објавено пред

Раперот Канје Вест соопшти дека ќе се кандидира за претседател на претстојните избори во САД.

43-годишната рап-sвезда откри преку „Твитер“ дека има аспирации да стане американски претседател еден ден посочувајќи дека планира да влезе во трката оваа година.

Канје, кој има речиси 30 милиони следачи на платформата за микроблогирање, напиша: „Сега мора да го реализираме ветувањето на Америка со верба во Бога обединувајќи ја нашата визија и градејќи ја нашата иднина. Јас се кандидирам за претседател на Соединетите Држави“.

Амбицијата на Канје веќе доби поддршка од технолошкиот милијардер Илон Маск. Како одговор на објавата на Канје, тој напиша: „Вие ја имате мојата целосна поддршка!“

Сопругата на Канје, Ким Кардашјан-Вест, го поддржа планот на својот сопруг со објава на социјалните мрежи, дополнета со американското знаме.

Сепак, останува нејасно дали Канје сериозно има намера да се кандидира за политичка функција во ноември.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

Петмина починати и 78 новозаболени од ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на...

Македонија49 минути

(Видео) Санчез: Се надевам дека по 15 јули, Северна Македонија ќе остане со проевропска Влада

Се надевам дека по изборите на 15 јули, Северна Македонија ќе продолжи со ваква проевропска Влада, Влада која ќе остане...

Регион2 часа

(Видео) Грција повторно им забрани влез на српските туристи, метеж на границата со Бугарија

Грција донесе одлука од денеска од 6 часот наутро повторно да ги затвори границите за Србија по порастот на бројот...

Топ3 часа

Притвор за двајцата скопјани што киднапираа Италијанка

Судот им определи притвор од осум дена на двајцата скопјани што киднапираа Италијанка. Тие се осомничени за кривично дело противправно...

Култура3 часа

Почина легендарниот композитор Енио Мориконе

Познатиот италијански композитор Енио Мориконе почина на 91-годишна возраст. Мориконе се смета за еден од највлијателните филмски композитори од доцните...

Македонија3 часа

Над 7.000 заразени со коронавирус во земјата

Бројот на заразени од коронавирус во земјата надмина 7.000 лица кога вчера беа регистрирани 115 новозаболени. Во моментот активни се...

Регион18 часа

Во Грција 25 новозаразени со коронавирус, осуммина се странски туристи

Грчките власти објавија дека регистрирале уште 25 заразени со коронавирус во изминатите 24 часа и дека нема смртни случаи. Од...

Регион19 часа

На изборите во Хрватска гласале 107.000 гласачи помалку од 2016 година

До попладне, околу 107.000 помалку гласачи излегоа на гласање за хрватскиот парламент отколку во 2016 година, покажуваат податоците на Државната...

Забава20 часа

Индиец со златна маска се штити од коронавирус

Индискиот бизнисмен Шанкар Курхаде рече дека платил околу 3.550 евра за златна маска направена по мерка којашто треба да го...

Свет20 часа

Во поплавите во Јапонија настрадаа 16 лица, а 20 се тешко повредени

Најмалку 16 лица загинаа, а 20 се повредени и се во сериозна состојба во западниот дел на Јапонија каде обилните...

Спорт21 час

Руски голман заврши во болница откако го удрил гром на тренинг

Иван Заборовски, голман на рускиот третолигаш Знамја Труда завршил во болница, откако го погодил гром на тренинг на тимот. Иако...

Македонија22 часа

Регистрирани 115 новозаразени и седуммина починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на...

Топ22 часа

Од куќа во Скопје украдени речиси милион евра

Скопјанец на возраст од 58 години во вечерните часови на 4 јули пријавил тешка кражба во неговиот дом. Според пријавеното,...

Македонија1 ден

Битолчаните кои претрпеле штети од поројниот дожд ќе може да аплицираат за помош од општината

По обилните врнежи од дожд, кои синоќа ја зафатија Битола и по целоноќните интервенции на терен од страна на екипите,...

Македонија1 ден

Уролог од Тетово е прв починат доктор со Ковид-19 во земјава

Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека во градската болница ,,8 Септември” во Скопје, на 64 годишна...

Топ1 ден

Еден загинат и тројца ранети во пресметка со ножеви и пиштол во Батинци

Во вечерните часови на 4 јули во скопската полиција било пријавено дека во градската болница „Св. Наум Охридски“ со повреди...

Европа1 ден

Курц: Правиме сè за да спречиме ново затворање порди коронавирусот

Австрискиот канцелар Себастијан Курц истакна дека сака да спречи ново затворање на земјата, поради што е важно брзо да се...

Свет1 ден

Раперот Канје Вест најави дека влегува во претседателската трка, доби поддршка од Илон Маск

Американскиот рапер Канје Вест во саботата на „Твитер“ објави дека ќе се кандидира на претседателските избори во ноември и ќе...

Свет2 дена

СЗО: Забележан нов рекорд на новозаразени во еден ден

СЗО објави дека во последните 24 часа во светот се регистрирани 212.326 нови случаи на коронавирус, што претставува рекордно зголемување...

Македонија2 дена

147 новозаразени и шестмина починати во изминатите 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.296 тестирања за Ковид-19, а регистрирани се 147 нови...

Досие