Забава
Би-би-си пишува за групната фотографија на потенцијални оскаровци
Холивудските ѕвезди во понеделникот беа наострени и спремни за традиционалниот оскаровски ручек, пренесува британски Би-би-си, а нивниот репортер Стивен Мекинтош пишува за неколку интересни работи што ги забележал на групната фотографија.
Како и секоја година, така и оваа, номинираните во сите категории се собраа на пријателско дружење и пријатен оброк. И на настанот не се канат само познати актери туку и номинирани кинематографери, тон-мајстори, костимографи и сите други вклучени во правење на филмовите.
Врвот на овој настан, секако, е голема групна фотографија за која позираат сите 162 номинирани.
А репортерот на британскиот јавен сервис „ја извлекол лупата и забележал неколку чудни и дискутабилни модни комбинации или избор на облека кај некои од присутните“.
Еве што забележал Стивен Мекинтош од Би-би-си:
Костумот на Квентин Тарантино веројатно останал на хемиско чистење

Барем да можеме да претпоставиме зошто се појави во црно-жолта маица за куглање додека останатите поканети носеа поформална облека.“
Деветтиот филм на овој режисер, „Беше еднаш во Холивуд“, има голем број номинации, вклучувајќи ја и онаа за Тарантино во категоријата најдобар режисер.
За групната фотографија тој стоеше позади актерот Леонардо Дикаприо, но уште едно познато лице беше веднаш до него.
Од левата страна на Квентин е Роберт де Ниро – а овие двајца се повторно заедно по повеќе од две децении кога работеа заедно на филмот „Џеки Браун“ во 1997 година.
Оваа година, Де Ниро беше потенцијален кандидат за улогата во филмот „Ирецот“. Иако не е номиниран за најдобар актер, тој присуствуваше како продуцент на филмот.
Овој пар личи како од замрзнато кралство

Ако сте меѓу бројните лица кои ги излуде до бесвест песната Let It Go (Пушти, нека оди) од филмот „Замрзнато кралство“, можеби ќе сакате да го прескокнете овој дел.“
Бидејќи она што кантавторскиот пар Кристен Андерсон-Лопез и Роберт Лопез не „пушта да замине“ е еден другиот. Дуото е номинирано за најдобра оригинална песна „Into The Unknown” за филмот Замрзнато кралство 2. Парот Лопез делуваат подеднакво вљубени еден во друг како и на нивната венчавка во 2003 година.
Бред Пит ужива во мир и тишина

Оваа групна форографија е најверојатно единствениот момент кога номинираниот за најдобра споредна улога можел малку да одмори.
На Пит наводно му барале селфиња повеќе од кој било друг на ручекот. А еве зошто – тој е топ-ѕвезда на Холивуд со враќање во голем стил во оваа сезона на делење награди, по неколку тешки години во приватниот живот.
Тој веќе освои награда на Златните глобуси и на Асоцијацијата на филмски актери (САГ) за најдобра споредна улога во „Беше еднаш во Холивуд“.
Овој човек навистина сака да добие Оскар

Толку многу што се помоли во себе во текот на свеченоста што се одржа во понеделникот.
Ив Пиат можеби звучи како име на новиот парфем на Сен Лоран, но во случајов говориме за режисер н афилмот „Фудбалкси клуб Нефта“, кој е номиниран за најдобар краткометражен игран филм.
Пиат ја освежи овогодишната групна фотографија, заземајќи место покрај статуетката Оскар со споени дланки како на молитва. Можеби со ова му се заблагодарува на Господ што е толку близу до Шарлин Терон, која стои веднаш пред него.
Скарлет Јохансон побегна од карфиолот
Ако некој навистина требаше да се појави на овогодишната групна фотографија тоа е Скарлет Јохансон бидејќи има две номинации.
За две различни улоги што ги имаше минатата година – „Приказна за брак“ и „Зајакот Џоџо“ – номинирана е за најдобра главна актерка и најдобра споредна актерка.
Но Би-би-си не ја обвинува што го прескокнала ручекот. Имено, оброкот се состоел од веганско сирење и салата од цвекло и цитрус како мезе, а главно јадење – маитаки печурки со зимски тиквички, карфиол и забранет црн ориз.
Таа не е единствената личност којашто клинка „Не одам“ на фејсбук-страницата на овој настан. Јоакин Феникс, Ентони Хопкинс, Антонио Бандерас, Адам Драјвер, Саоарс Ронан и Марго Роби не дојдоа.
Костимографите носеа импресивни дизајнирани облеки

Номинираните за најдобар костим или костимографија имаат предност ког астанува збор за облекување за свечени настани.
За оскаровскиот ручек, Сенди Пауел во потполност ја искористи светложолтата ткаенина што ѝ преостана од работата на филмот „Ирецот“. Пауел има работено со Мартин Скорсезе на неколку претходни филмови – Авијатичар, Иго, Затворен остров и Волкот од Вол Стрит.
Тука позира со Кети Бејтс, која е номинирана за надобра актерка и која носи очила за сонце за да нè потсети колку е убаво времето во Холивуд.
Двете најголеми актерски надежи на Обединетото Кралство оваа година го разведрија морето сиви костуми и досадни вратоврски.
Флоренс Пју, ѕвезда на филмот „Мали жени“, номинирана е за најдобра споредна улога и изгледаше едноставно, како по дома, стоејќи покрај холивудските ѕвезди во преубав портокалов фустан.
А ѕвездата на филмот Харијет, актерката Синтија Ериво, носеше дречливо зелена јакна што се согласуваше со нејзините зелени очила за сонце.
Таа упеа да одолее на искушението да стави зајачки уши позади Рене Зелвегер, која речиси сосема сигурно ќе победи во категоријата најдобра актерка за улогата Џуди Гарланд

Лора Дерн зеде слободен ден

Секоја година актерката Лора Дерн е задолжена за распоредување на луѓето во текот на заедничкото фотографирање.
Но оваа година дојде до мал конфликт на интереси, затоа што е една од номинираните.
Наместо да се занимава со мултитаскинг, оваа година Дерн реши да земе мал одмор.
„Се извинувам што годинава нема да можам да го работам тоа, иако многу сакам“, рече Дерн пред почетокот на ручекот. „Но постои убава причина зошто е така“, додаде таа.
Овогодишната фотографија изгледа… поинаку?

Првпат настанот оваа година беше преместен од хотелот Беверли Хилтон бидејќи тој се одржа порано од претходните.
Затоа Академијата ја изнајми балската сала Реј Долби во Лос Анџелес, а на истото место ќе се одржи и главната церемонија на 9 февруари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Внимавајте што откривате: Никогаш не дискутирајте за овие седум работи со ChatGPT
Корисниците кои брзаат да завршат задача честопати откриваат чувствителни информации на четботови и модели на вештачка интелигенција, не сфаќајќи дека тоа може да биде опасно.
Големите јазични модели, како што се ChatGPT, Gemini и Perplexity, станаа неопходен дел од секојдневниот живот. Иако многу луѓе не ги користат овие алатки директно секој ден, тие веројатно користат некоја услуга што користи модели на вештачка интелигенција во позадина. Сепак, иако овие алатки честопати помагаат и со деловни и со лични задачи, нивната употреба може да претставува закана за безбедноста.
Имено, корисниците кои брзаат да завршат задача честопати откриваат чувствителни информации на четботови и модели на вештачка интелигенција, не сфаќајќи дека тоа може да биде опасно. Иако четботовите не се вистински луѓе, во контекст на приватноста и безбедноста, тие треба да се третираат како такви. Исто како што не би споделувале чувствителни информации со странци на улица, не треба лесно да откривате информации на четботови. Zimo подготви список на работи што не треба да ги споделувате со четботови.
Лични податоци
Никогаш не треба да ги споделувате вашите лични информации како што се вашето име, адреса, број на социјално осигурување, број на лична карта или број на пасош со четботови на вештачка интелигенција. Ова вклучува фотографии од овие документи. Ако користите чатбот за креирање на биографија, подобро е да побарате формулар што ќе го пополните сами, наместо да ги внесувате вашите лични информации во моделот.
Лични финансиски информации
Исто како што се препорачува претпазливост при споделување финансиски информации како што се броеви на кредитни картички, броеви на сметки или лозинки за онлајн банкарство, истото правило важи и за моделите со вештачка интелигенција. Наместо да споделувате вистински лични информации, подобро е да користите измислени примери ако барате совет за кредити или даночни заштеди.
Лозинки и шифри
Откривањето лозинки за пристап до вашите кориснички или деловни сметки е исклучително неодговорно. Исто како што не би им верувале на вашите клучеви на странец, не споделувајте лозинки и кориснички имиња со модели со вештачка интелигенција.
Приватни информации
Моделот со вештачка интелигенција не е место за споделување чувствителни или доверливи информации. Приватните работи како што се лични проблеми, гласини или здравствени и семејни детали не треба да бидат предмет на разговор со моделите со вештачка интелигенција. Не третирајте го како исповедник или пријател на кого можете да ги откриете сите ваши тајни.
Доверливи информации за компании или работодавци
Иако може да изгледа погодно да се користи ChatGPT за изготвување договори или деловни документи, тоа не е безбедно. Истото важи и за споделување доверливи информации, како што се податоци за патенти, прототипови, деловни планови или финансии. Ова е една од причините зошто многу компании го блокираат пристапот до модели на вештачка интелигенција на службени компјутери.
Експлицитна содржина
Дури и ако поставите шега како „како трајно да се ослободите од некого“, тоа може да ве доведе во неволја. Моделите на вештачка интелигенција не само што нема да одговорат на вакви прашања, туку можат автоматски да пријават сомнителни прашања до властите. Затоа, подобро е да се воздржите од такви прашања, без оглед на тонот со кој ги поставувате.
Медицински информации
Многу корисници денес го заменуваат Google со ChatGPT, третирајќи го речиси како личен лекар. Иако е во ред да побарате појаснување за медицински термин, важно е да избегнете споделување лични информации во вашите прашања. Подобро е да поставите општо прашање, како на пример: „Препорачајте вежби за маж во 30-тите години кој има ишијас“.
Ако не сте сигурни дали треба да споделите некоја информација, запрашајте се: „Дали би сакал некој да го објави моето барање онлајн?“ Ако одговорот е „не“, најдобро е да се воздржите од поставување на тоа прашање на моделот на вештачка интелигенција.
Забава
Овие хороскопски знаци работат повеќе отколку што се платени
Во речиси секој тим има луѓе кои преземаат повеќе одговорности отколку што формално имаат право, остануваат на работа подолго и размислуваат за своите задачи по работното време.
Иако таквото однесување често се толкува како професионализам и посветеност, во пракса често се случува нивните напори да не бидат пропорционално наградени. Според толкувањата што ги нудат хороскопите и астрологијата, одредени хороскопски знаци се посклони да даваат повеќе отколку што примаат, особено кога станува збор за работа, одговорност и лојалност.
Девица
Девиците се познати по нивното силно чувство за должност и потребата да се направи сè како што треба. Дури и кога описот на работното место јасно става до знаење каде се границите, луѓето родени под овој знак честопати продолжуваат да ги корегираат, проверуваат и дополнуваат грешките на другите луѓе. Тие не го прават тоа за признание, туку затоа што се вознемирени од некомплетност и неред. Токму поради оваа совесност тие често преземаат дополнителни товари без соодветна компензација, убедени дека тоа е едноставно дел од одговорно однесување.
Јарец
Јарците ја сфаќаат својата работа многу сериозно и честопати ја изедначуваат вредноста со професионален успех. Тие се подготвени да работат понапорно од другите затоа што веруваат дека нивните напори ќе се исплатат на долг рок. Сепак, проблемот се јавува кога дополнителната работа започнува да се подразбира. Јарците ретко се жалат или бараат повеќе, па затоа нивната дисциплина и издржливост честопати остануваат ненаградени.
Рак
Раковите често дејствуваат како поддршка за сите други на работното место. Тие се подготвени да се вклучат, да им помогнат на своите колеги и да преземат задачи за да го одржат тимот во функција. Нивната емоционална вклученост ги прави чувствителни на потребите на другите луѓе, но исто така и ранливи на експлоатација. Тие често работат повеќе отколку што се платени затоа што не сакаат да ги разочараат другите, дури и кога тоа е на нивна штета.
Бик
Биковите се сигурни, упорни и исклучително вредни. Кога ќе прифатат работа, ќе ја работат темелно и без жалби. Не им се допаѓаат промените и често остануваат во системи што не ги наградуваат доволно, едноставно затоа што ја ценат стабилноста. Нивната подготвеност да издржат повеќе отколку што е удобно честопати значи дека работат над своите обврски, без соодветна финансиска или статусна компензација.
Забава
(Фото) Како Синди Крафорд изгледа толку добро на 60 години: што прави секој ден
Синди Крафорд го прослави својот 60-ти роденден, но судејќи според нејзиниот изглед, се чини дека времето ѝ тече наназад. Беспрекорниот тен, речиси без ниту една брчка, е сè уште нејзин заштитен знак, исто како и природната елеганција со која плени со децении.
По кариера што трае повеќе од триесет години, во која ја освои светската модна сцена кон крајот на 1980-тите, а во 1990-тите, заедно со Линда Евангелиста и Наоми Кемпбел, стана едно од најпрепознатливите лица на модната индустрија, Синди Крафорд ја усоврши својата формула за нагласување на природната убавина.
Мајка на две деца, таа сè уште изгледа негувано и свежо денес како и во најдобрите денови од нејзината кариера. Според „Дејли меил“, зад ова стои внимателно дизајнирана дневна рутина.
Нега на кожата и утрински ритуали
Синди го припишува својот младешки изглед на комбинација од редовна нега на кожата, суво четкање, повремен пост и вежбање. Пред повеќе од две децении, таа ја лансираше линијата за нега на кожа Meaningful Beauty со францускиот лекар Жан-Луј Себаг. Таа вели дека користењето на нејзините производи ѝ помага да ја одржи кожата затегната и сјајна, со тој безвременски сјај за кој често ја прашуваат.
„Кога се чувствувате добро во сопствената кожа и сте самоуверени, ја држите главата малку повисоко – и тоа е она што луѓето всушност го забележуваат“, изјави таа за People. Таа нагласи дека клучната состојка во нејзината линија е екстракт од диња и дека редовно користи хидратантна крема со SPF, која исто така има ефект против стареење. „Убаво се апсорбира во кожата и е одлична основа за шминка“, објасни таа. Таа, исто така, ја наведува редовната употреба на домашна сауна како една од нејзините тајни во борбата против брчките.
Таа, исто така, откри како изгледа нејзиниот утрински ритуал. „Секое утро правам суво четкање на телото. После тоа, правам малку лимфна дренажа со масло и масажа на лице со гуа ша. Потоа излегувам надвор, се бањам во џакузи, шетам по тревата и „се приземјувам“, рече таа.
Тренинг и исхрана
Таа често споделува фотографии на социјалните мрежи по интензивни тренинзи. Таа претходно изјави дека нејзиниот омилен тренинг започнува со 20 минути кардио, проследено со тренинг со тегови. Таква рутина практикува три пати неделно, а дополнително вклучува вежби за бицепс, чучњеви и исчекори во траење од половина час до еден час.
Кога станува збор за исхраната, таа практикува повремен пост. „Ако сум дома, обично не појадувам пред 10 часот наутро, а најчесто вежбам пред појадок“, објасни таа. Денот го започнува со шејк направен од кокосово млеко, четвртина банана, шака спанаќ, нане, колаген, протеински прав, семки од лен и коноп и семки од афион. За ручек, таа избира извор на протеини со салата, додека се обидува да избегне глутен како што се тестенини и леб. Вечерата исто така обично се состои од протеини и зеленчук.
Важноста на менталното здравје
Покрај физичката активност и балансираната исхрана, Синди ја нагласува и важноста на менталното здравје. „Дел од здравјето е менталното здравје, а тоа вклучува чувство на грижа за себе и чувство на добро чувство во сопствената кожа“, изјави таа за „The Skinny Confidential“ во 2024 година.
Таа додава дека токму ова внатрешно чувство на сигурност прави разлика. „Кога ние жените се чувствуваме добро во сопствената кожа, имаме поголема самодоверба и имаме повеќе да понудиме. Излегуваме напред, волонтираме, не се криеме во сенка“, рече таа.
Се чини дека оваа комбинација од дисциплина, грижа за себе и внатрешно задоволство е причината зошто Синди Крофорд изгледа свежо, самоуверено и – безвременско дури и во својата седма деценија.

