Контакт

Забава

Блонд-чоколадото станува сè повеќе популарно

Објавено пред

Измислено е сосема случајно, кога чоколадерот на „Валрона“ заборавил сад со бело чоколадо на тивок оган со часови. По враќањето, тој открил дека создал нов вкус.

dobivaj vesti na viber

Ова се случило пред речиси една деценија, но дури неодамна големите брендови го прифатија постоењето на блонд-чоколадото, а неговата популарност порасна за 597 проценти во текот на изминатата година, според Марс Вригли.

Некои странски медиуми пренесоа експертски оценки за некои од најдобрите блонд-чоколади достапни за купување во Обединетото Кралство – Rococo Chocolates Blonde Chocolate Artisan Bar.

Брендот неодамна лансираше „Галакси“ плочка од морска сол и блонд-чоколадо. Потоа следеа мноштво врвни чоколади од брендот M&S.

Сега блонд-чоколадото се слави како нова солена карамела

Забава

Сара Џесика Паркер не разговарала со Крис Нот од наводите за сексуален напад

Објавено пред

Сара Џесика Паркер, ѕвездата и продуцентка на новата сезона на „Сексот и градот“, „И едноставно така“, не разговарала со долгогодишниот колега од оригиналната серија Крис Нот откако се појавија обвинувања против него за наводен сексуален напад.

dobivaj vesti na viber

„Не знам ни дали сум подготвена да зборувам за тоа“, изјави 57-годишната актерка, во разговор со Холивуд репортер во вторникот.

„Но, не мислам дека не реагирав на скандалот како продуцент.”

Нот го портретираше сопругот на Кери Бредшо – финансиерот Џон Џејмс Престон или мистер Биг – во сите шест сезони на „Сексот и градот“, двата филма  со ист наслов, и во новото поглавје „И едноставно така“ (And Just Like That) на „ХБО макс“.

На 16 декември Крис ги отфрли обвинувањата за сексуален напад над двете жени и беше дециден дека станува збор за консензуални средби во далечно минато.

Набргу потоа, уште две жени се појавија со слични тврдења за Нот, кој веднаш беше исфрлен од Агенцијата за уметници А3, а ликот кој го глумеше во „Праведник“ (‘The Equalizer), серија на Си-би-ес, беше елиминиран.

Сара Џесика Паркер не мораше да го отпушти Крис Нот, бидејќи неговиот лик – мистер Биг – починува од срцев удар уште во првата епизода на серијата.

Прикажи повеќе...

Забава

Кери Фукинага, режисерот на „Џејмс Бонд“, етикетиран како сексуален штетник

Објавено пред

Три млади актерки го обвинија холивудскиот режисер Кери Фукунага дека е сексуален предатор кој им предизвикал страв.

dobivaj vesti na viber

Рејчел Винберг (23) тврди дека Фукунага (44), режисерот на најновиот филм од серијалот за Џејмс Бонд, „Не е време за умирање“, почнал да врши притисок над неа за романтична врска пред пет години, веднаш откако наполнила 18 години и дека врската со него ѝпредизвикала  синдром на посттрауматски стрес.

Тие се запознале за време на снимање реклама што тој ја режирал. Двојката започнала консензуална врска која вклучувала и сексуални односи, откако Рејчел станала полнолетна.

„Поминав години плашејќи се од него. Пазете се жени!“, напиша таа на својата инстаграм-страница, додавајќи дека по врската со Фукинага таа била трауматизирана до таа мера што ѝ било дијагностицирано посттрауматско стресно растројство (ПТСН).

Рејчел сподели фотографии на кои е со режисерот и напиша: „Во повеќе наврати се обидов да стапам во контакт со него за да му кажам како ме натера да се чувствувам, но никогаш не презеде одговорност. Тој всушност ме избриша“.

Актерките близначки Хана и Кејлин Лоеш, исто така, го обвинија за сексуално вознемирување. Во објава на Твитер, тие тврдат дека се дружеле со Фукунага во 2018 година, кога имале 20 години, но наводно, прекинале кога им кажал дека сака тројка во хидромасажна када во нивната куќа во Пенсилванија.

Наводите доаѓаат откако Фукунага објави сторија на неговата инстаграм- страница во која ја изјавува својата поддршка за правата на жените, во врска со документот што протече неодамна, а кој открива дека Врховниот суд на САД е на пат да го поништи случајот „Рое против Вејд“, пресуда со која се легализира абортусот во Америка.

Тој напиша: „Врховниот суд ќе нè турне чекор поблиску до војна со самите себе… легитимизирајќи ја војната против правата на жените“.

Прикажи повеќе...

Забава

Боб Меки: Ким Кардашијан направи голема грешка носејќи го фустанот на Мерлин

Објавено пред

Ако некој има моќ да ја натера Ким Кардашијан да зажали за идејата да го облече оригиналниот ‘Happy Birthday, Mr. President’ фустан на Мерлин Монро на овогодишната „Мет гала“, тоа е Боб Меки, легендарниот дизајнер кој ја создаде скицата за фустанот на Монро, а подоцна ја изведе Жан-Луис.

dobivaj vesti na viber

Повеќе модни експерти гласно проговорија против Кардашијан во врска со нејзиниот избор на облека за свеченоста, потенцирајќи  ја екстремната кревкост на фустанот и неговата света улога во американската култура, но Меки можеби ја изрече смртната казна.

„Мислам дека тоа беше голема грешка“, изјави Меки во ново интервју за „Ентертејнмент викли“.

„Мерлин беше божица. Луда божица, но божица. Таа беше фантастична, чудесна. И фустанот беше направен за неа. Тој беше дизајниран за неа. Никој друг не треба да се појави во тој фустан“.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа54 минути

Руски војник призна дека убил цивил, му се заканува доживотен затвор

Рускиот војник на кој му се суди за воени злосторства во Украина се изјасни за виновен за убиство на невооружен...

Регион1 час

„Блиц“: Објавена фотографија од маицата пронајдена на телото во Дунав, иста таква имал и Периш

Тело на засега непознат млад маж е пронајдено утрово во Дунав кај Ада Хуја во Белград, јави српската агенција „Танјуг“,...

Економија2 часа

Бензините поскапуваат за два и пол денари, цената на дизелот останува иста

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните...

Македонија3 часа

ЕУ е во заложништво, Македонија има шанса која нема да постои во наредните години, Османи со критики до Бугарија

„Во заложништво е најуспешната политика на Европската Унија, а тоа е политиката на проширување“. Ова е ставот на министерот за...

Економија4 часа

Ковачевски-Брнабиќ: Силната регионалната соработка е основа за забрзан економски развој

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска оствари средба со премиерката на Република Србија, Ана Брнабиќ. Премиерот...

Европа5 часа

Русија: Во „Азовстал“ се предадоа околу 1.000 украински борци, меѓу нив и припадници на „Азов“

Речиси 1.000 украински борци скриени во фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол се предале, соопшти руското Министерство за одбрана. Руското...

Европа6 часа

Експерти: Северна Кореја без вакцина против коронавирус е на работ на катастрофа

Бројот на луѓе кои страдаат од Ковид-19 во Северна Кореја се искачи на речиси 1,5 милиони, а експертите велат дека...

Економија7 часа

Путин: Отфрлањето на руската нафта – економско самоубиство за ЕУ

Со отфрлањето на руските енергетски извори, Европската Унија претставува економско самоуништување за ЕУ, изјави денеска претседателот на Руската Федерација, Владимир...

Македонија7 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Пациентите болни од одредени видови рак оставени без терапија, власта не набавила медикаменти

Пациентите болни од одредени видови рак оставени без терапија, власта не набавила медикаменти. 90 пациенти со колоректален, оваријален и цервикален...

Свет7 часа

Столтенберг: Финска и Шведска официјално аплицираа за членство во НАТО

Финска и Шведска денеска официјално го доставија своето барање за влез во НАТО, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг....

Европа7 часа

Медведев: Нема да дозволиме трета светска војна, но ќе одговориме на нападот

Русија нема да дозволи избувнување на Третата светска војна, но може да одговори веднаш и „супер силно“ во случај да...

Европа7 часа

Карл Нехамер: За Австрија членството во НАТО не доаѓа предвид

Канцеларот на Австрија, Карл Нехамер, рече дека членството во НАТО не доаѓа предвид за неговата земја, додавајќи дека земјата била,...

Европа7 часа

Зеленски го отвори 75. Кански филмски фестивал

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се обрати на отворањето на 75. Кански филмски фестивал, велејќи дека „ни треба нов Чарли Чаплин...

Македонија19 часа

Од септември 15 проценти повисоки плати во образованието, договориле МОН и СОНК

Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, информира дека со СОНК ги прифатиле предлозите на медијаторот во однос на сите...

Македонија22 часа

Поглаварите на МПЦ и на СПЦ задутре на заедничка литургија во Белград

Српската православна црква на својата веб-страница официјално објави дека на 19 мај, во соборниот храм „Свети Сава“ во Белград, српскиот...

Европа23 часа

Путин: „Случувањата во Украина се резултат на лошата политика на Западот“

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека последните настани во Украина се поврзани со лошо дизајнираната политика на Западот. „Сѐ што...

Европа1 ден

Финскиот парламент го одобри предлогот за влез во НАТО

Финскиот парламент денеска го одобри предлогот за аплицирање за членство во НАТО, изјави претседателот на Парламентот, Мати Ванханен. За предлогот...

Македонија1 ден

Пендаровски ја поздрави одлуката на Шведска да поднесе барање за членство во НАТО

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими шведската амбасадорка Кристин Форсгрен Бенгтсон која го информираше за одлуката на Кралството Шведска да...

Топ1 ден

Родители ја продале малолетната ќерка на Белгиец за да може сексуално да ја искористува

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при Секторот за криминалистички истраги разреши случај за сторено кривично дело трговија со...

Македонија1 ден

Спасовски: Во 2015 протестиравме против насилство и криминал, а ВМРО-ДПМНЕ не знае против што ќе протестира

Министерот за внатрешни работи во објава на својот фејсбук-профил се потсети на годишнината од протестите на 17 мај 2015 година....