Забава
Бред Пит има просопагнозија, загрижен е дека луѓето имаат погрешно мислење за него

Холивудската ѕвезда Бред Пит боледува од просопагнозија.
На 58-годишниот актер никогаш официјално не му била дијагностицирана, но тој верува дека боледува од оваа состојба – тешкотија или неможност за препознавање лица – и смета дека тоа ги навело луѓето да имаат погрешно мислење за него.
Во интервју за списанието GQ, Бред објасни дека често се бори да запомни нови луѓе и дека е загрижен што луѓето го сметаат за „далечен, повлечен, недостапен и самобендисан“.
Кога авторката Отеса Мошфег му кажа на Бред дека нејзиниот сопруг верува дека ја има истата состојба, Бред рече: „Никој не ми верува! Сакам да запознаам друг“.
Бред со години се бореше со својата состојба и во 2013 година призна дека многу луѓе го мразат поради тоа.
Тој претходно изјави за Esquire: „Многу луѓе ме мразат затоа што мислат дека не ги почитувам. Затоа, се колнам во Бога, поминав една година во која си велев оваа година ќе се справам со овој проблем и ќе прашам некои луѓе каде се сретнавме. Но, ситуацијата само се влоши.“
„Луѓето беа уште повеќе навредени. Одвреме-навреме некој ќе ми пререче, а јас ќе одговорам: ти благодарам што ми помогна. И на крајот, морав да се откажам од повеќе луѓе.“
Просопагнозијата е тешкотија или неможност за препознавање лица. Ова е всушност невровизуелно нарушување при кое не сте во состојба да ги препознаете лицата на други луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) „Лоши сестри“ раскажува мрачна приказна преку комедија

Американската актерка, комичарка и режисерка Шерон Хорган изјави дека новата серија „Лоши сестри“ (Bad Sisters), трилер црна комедија е прослава на семејните врски.
Сместена во Ирска, ТВ-серијата од 10 епизоди се фокусира на сестрите Гарви, тесно поврзана петорка која ги загубила своите родители на млада возраст.
Кога сопругот на една од сестрите ненадејно умира, агентите од осигурителна компанија го насочуваат погледот кон петте, и откриваат дека секоја од нив има причина да сака да го убие нељубезниот и насилен Џон Пол, кого го глуми Клес Бенг.
„Станува збор за четири сестри кои се обидуваат да ја спасат својата петта сестра од монструозна врска. Многу смешки се случуваат во меѓувреме, но навистина се работи за љубовта и семејството“, изјави Хорган за Ројтерс во пресрет на дебито на серијата.
Bad Sisters ќе почне да се стримува на „Епл ТВ плус“ на 19 август.
Забава
Не знаеш што правиш, го уништуваш ова семејство – ѝ рекол Пит на Џоли за време на летот, тврди извештајот на ФБИ

Извештај од 53 страници, кој е во голема мера преработен, ја раскажува верзијата на Анџелина Џоли за настаните од семејното патување со приватен авион на 14 септември 2016 година, додека се враќале во САД од Франција, а за време на кое Бред Пит бил вклучен во наводна расправија со нивниот син Медокс, тогаш 15-годишен.
Во меѓувреме, ФБИ ја заврши истрагата за наводната физичка расправија. Портпаролката на ФБИ Лаура Ајмајлер тогаш изјави: „ФБИ изврши ревизија на околностите и нема да продолжи со понатамошна истрага. Не е покренато обвинение“.
Во извештајот на ФБИ се тврди дека Пит наводно ѝ рекол на Џоли „едно од нејзините деца изгледа како безвредник од Колумбија“ и дека таа „го уништува ова семејство“.
Ова се случувало во текот на лет со приватен авион во 2016 година, што всушност било причина, барем како што тврдат медиумите, Џоли да поднесе барање за развод.
Анџелина, која беше испрашувана од ФБИ во нејзиниот дом во Малибу, Калифорнија, во октомври 2016 година, поднесе барање за развод од Бред помалку од една недела по неславниот лет, а нивната разделба беше финализирана во 2019 година, но поранешните сопружници оттогаш водат правна битка за старателство над нивните шест деца.
Бред (58) ги негира сите тврдења на неговата поранешна сопруга Анџелина.
Извор близок до Бред тврди дека објавениот извештај од 2016 година не покажува „ништо ново“.
„Анџелина и нејзиниот тим очајно се обидуваа да најдат нешто“, вели инсајдерот во разговор со „Ентертејнмент тунајт“.
Забава
Aр Кели имал секс со 15-годишно девојче

Музичарот Ар Кели имал секс со 15-годишно девојче, според сведочењето во судот во Чикаго.
Наводната жртва – позната на поротата под псевдонимот Џејн – тврди дека хитмејкерот имал секс со неа „стотина пати“ пред таа да наполни 18 години, почнувајќи кога таа имала 15 години, а тој бил во 30-тите.
Џејн, која сега има 38 години, исто така им кажа на поротниците дека барала раперот (55) да ѝ биде кум кога имала 13 години. Ова се случувало во 90-тите.
Следните недели, таа детализираше како Ар Кели, наводно, ѝ телефонирал и ѝ кажувал сексуално експлицитни работи. Тој првпат ги допирал нејзините гради и другите делови од телото кога имала 14 години на снимање во Чикаго, родниот град на хитмејкерот.
Во тој период започнало наводното „пенетрирање“. Ова се случило во неговиот дом на северната страна на градот. Жената ѝ кажа на поротата дека таа имала 15 години кога првпат почнале да имаат сексуален однос.
Кога обвинителот ја праша како знаела што да прави во кревет, Џејн пред судот рече: „Тој ми кажуваше што да правам“.
Кога ја прашаа колку пати имаат секс пред нејзиниот 18-ти роденден, таа одговори: „Неброени пати. Стотици“.
Обвинителите цитираа видео, наводно, снимено од самиот Кели, на кое се гледа како раперот има секс со девојчето како она што ја покрена истрагата за неводите за злоставување деца.
Обвинителите веруваат дека Кели – вистинското име му е Роберт Силвестер Кели – ја поткупил и заплашил Џејн да не сведочи против него, што таа не го сторила и тој на крајот беше ослободен. Во овој случај, Џејн сега соработува со истражителите.
Ар Кели – кој ги негира сите обвинувања – се соочи со бура од тврдења дека е сексуален насилник. Ваквите наводи се омасовија во екот на движењето MeToo и документарната серија од 2019 година, Surviving R Kelly.