Забава
Бред Пит оптимист дека ќе може да си ги врати децата
По четири долги години борба со Анџелина Џоли за еднакво старателство над нивните деца, Бред Пит почна да вкусува победа, пишува австралискиот магазин „Њу ајдија“.
Судскиот процес за старателство на поранешната холивудска двојка ја завршува втората недела, а аноминен извор изјави за весникот: „Мислењето на правниот тим на Бред е дека ќе треба многу за судот во Калифорнија да раздели татко, кој очигледно работеше толку многу на себе за љубов на неговите деца, особено близнаците“.

Имајќи го тоа предвид, австралискиот магазин открива дека 56-годишниот актер и неговиот правен советник се прилично убедени дека ќе му биде доделено заедничко старателство над 12-годишните Вивиен и Нокс, а можеби и 14-годишната Шајла.
Истиот извор вели дека Пакс (16) и Захара (15) сега се на возраст кога судијата може да им даде избор со кој родител сакаат да живеат – и веројатно би ја избрале својата мајка.
На 19 години, Медокс, кој секогаш бил на страната на Анџелина (45) во текот на разводот, легално се смета за возрасен и затоа не е дел од случајот.

„Бред едноставно мора да се надева дека направи доволно за да ги освои во изминатите четири години. Медокс е изгубена кауза во овој момент и Бред мора да се помири со тоа. Но, како што трае судскиот спор, Бред останува оптимист“.
Во меѓувреме, Џоли наводно сè уште бара целосно старателство за да може таа и децата, конечно, да се преселат од Лос Анџелес во Европа. Таа именува седум сведоци за судењето вклучувајќи ја и експертката за семејно насилство Алис Лавајолет.
Бред има вкупно 21 сведок. Меѓу нив е и Џилијан Арменанте, која вo 1999 година глумеше заедно со Џоли во филмот Girl, Interrupted.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Вистинска убавица: Минијатурното бикини ги откри сите нејзини атрибути
Пејачката Дуа Липа ужива во заслужен одмор, но и во друштво на својот сакан Калум Тарнер. Пејачката неодамна заврши музичка турнеја во Мексико, а сега одлучи да се посвети на својата благосостојба.
Таа објави компилација од фотографии на Инстаграм на кои се гледаат нереалните кадри од природата, како и нејзината завидна фигура. Може да се заклучи дека снимките од нејзиното згодно тело привлекоа внимание, бидејќи предизвикаа и лавина од коментари на интернет.
Дуа позираше во минијатурно бикини со леопард-принт кое ја нагласуваше нејзината завидна фигура и извајано тело.
Коментарите од обожавателите беа секако забележливи, а многумина ја пофалија за нејзината убавина.
View this post on Instagram
„Прекрасна природа, но сепак си поубава“, „Те обожавам, девојко“, „Какво тело и каков глас…“, се само неколку.
Дуа Липа, според неодамнешното истражување на PlayersTime, поседува карактеристики на вистинска убавица. Тие исто така споменаа кои физички карактеристики ја красат:
„Имињата може да се менуваат, трендовите може да се менуваат, но одредени особини остануваат: елеганција, раскошна коса, самоуверено присуство и таа недостижна мешавина од младост и софистицираност“, објаснија тие.
Забава
Еден хороскопски знак треба да игра лото: среќата му е на дофат!
Со влегувањето во сезоната на Јарец, од 21 декември, започнува поволен финансиски период за дел од хороскопските знаци. Распоредот на планетите отвора можности за заработка, добивки и паметни финансиски одлуки, особено до 27 декември.
Најмногу среќа со парите, според астролошките прогнози, ќе имаат Стрелец, Јарец, Близнаци и Девица, кај кои се можни зголемени приходи, бонуси или неочекувани приливи.
Дополнително, Бик е знак на кој ѕвездите му препорачуваат да се обиде со игри на среќа, бидејќи постои можност за изненадувачка добивка.
Забава
(Фото) Изгуби 14 килограми, а потоа ги покажа мускулите: „Сакам да бидам одговорен татко и да изгледам добро“
Познатиот пејач Ед Ширан направи драстични промени во својот живот, се откажа од некои лоши навики и успеа да ослабе 14 килограми. Како што вели, сака да биде добар пример за своите ќерки.
Ед позираше за насловната страница на списанието „Men’s Health“ и откри што го натерало да се подложи на нов режим и да ослабе. Пресвртот се случил кога неговата најстара ќерка, која сега има пет години, имала само две недели.
„Мојата најдобра пријателка беше кај мене и пиевме шише вино. Си легнав, а потоа таа се разбуди по 20 минути. Се разбудив и помислив дека веројатно не треба повеќе да пијам ако ќе се чувствувам толку лошо. Сакам да можам да ги извршувам ноќните обврски со децата, да бидам одговорен татко и да изгледам добро“, рече тој.
Па наместо пиво по настап, Ед почна да вежба пилатес и трчање, а наместо да оди во пабови и кафулиња – по концерт оди директно во својата хотелска соба.
Самиот Ед Ширан сподели фотографии од себе на Инстаграм и откри некои детали од неговата трансформација во описот.
„Нешто за кое мислев дека никогаш нема да можам да го направам, но еве нè. Пред десет години пиев пиво, јадев ќебапи и пушев. Родителството ме натера да ги прекинам сите тие навики и сериозно се посветив на вежбање и умереност. Не велам дека престанав да уживам, сè уште пијам. Обожавам црвено вино, обожавам добар оброк, но не е секој ден“, напиша Ед.

