Забава
Бред Пит сам ги изведува опасните сцени во новиот трилер

Бред Пит сам ги изведува сите акробации во претстојнииот акција-трилер „Булет треин“, асоцијација на јапонскиот воз-куршум.
Грег Рементер, координатор за каскадери и филмски трикови, изјави за Vulture дека 57-годишниот Бред направил 95 проценти од физичките акробации и борбени секвенци за трилерот, во кој играат Сандра Булок, Мајкл Шенон, Џои Кинг, Брајан Тајри Хенри, Зази Битс, Ендру Коџи и Маси Ока.
Рементер додаде: „Тој е како роден атлетичар. Тој навистина се внесе во улогата!“
„Никогаш не сум работел со толку многу големи имиња во еден игран филм, во кој сите брилираа во физички движења на нашиот тренинг“, изјави тој за порталот.
„Сите актери изведоа одлична акција и направија многу свои работи“, додаде тој.
Новиот и многуочекуван акционен трилер е во режија на Дејвид Лич. Заплетот прикажува пет платени убијци што се наоѓаат во истиот брз воз од Токио до Мориока и нивните меѓусебни конфликти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Драстичен пад на акциите на „Нетфликс“

Стриминг-гигантот „Нетфликс“ објави забавување на растот на претплатници, што резултираше во пад на акциите на компанијата.
Околу 3,98 милиони луѓе се пријавија за „Нетфликс“ помеѓу јануари и март, што е далеку од предвидените 6 милиони. Компанијата вели дека недостигот на нови серии може да придонел за намалениот интерес, додавајќи дека очекува да го надмине ова со претстојното емитување на продолженија на хит-сериите.
Вредноста на акциите на „Нетфликс“ падна за 11 % по затворањето на берзата на 489,28 долари, бришејќи 25 милијарди долари од пазарната капитализација на компанијата.
Стриминг-платформата пријави 15,8 милиони нови претплатници минатата година, бидејќи Ковид-19 ги принуди луѓето ширум светот да останат дома.
Голем дел од тој раст се случи во Азија, каде „Нетфликс“ доби 9,3 милиони нови претплатници во 2020 година, што е зголемување за околу 65% во однос на претходната година.
Но, пандемијата се покажа како меч со две острици за „Нетфликс“ бидејќи го наруши и продукцискиот процес.
Забава
Кој ќе ме глуми? Бој Џорџ во потрага по актери за биографски филм

Британскиот пејач Бој Џорџ најави во вторникот дека бара актер кој ќе го портретира во музички биографски филм, кој треба да почне да се снима ова лето.
Фронтменот на „Калчр клаб“, еден од најпознатите бендови од осумдесеттите години на минатиот век, чие вистинско име е Џорџ О’Дауд, се огласи на социјалните мрежи за да ја обелодени својата намера.
Во видео, тој рече дека актерот од Line of Duty, Даниел Мејс, ќе го игра неговиот татко, и додаде „има шпекулации дека ќе се појави и Киану Ривс“.
„Со голема возбуда ви најавувам дека филмот за мојот живот и за Culture Club, со наслов Karma Chamelеon, ќе се снима ова лето во Лондон и низ целиот свет“, напиша тој.
„Има само еден проблем, и е доста голем – кој ќе ме глуми? Бараме храбар млад актер од кое било место во светот, кој ќе ја преземе улогата на неговиот живот “.
Филмот, насловен по мегахитот „Карма Камелеон“, е во режија на Саша Џервази. Ќе ги следи „скромните почетоци на пејачот во ирско работничко семејство, преку неговото издигнување на врвот на меѓународните топ-листи со ‘Калчр клаб’“, гласи соопштението за печат.
Забава
(Видео) Анимираната антологија „Љубов, смрт и роботи“ се враќа овој мај

„Нетфликс“ го најави датумот за втората сезона на „Љубов, смрт и роботи“, колекција од анимирни кратки приказни што опфаќаат повеќе жанрови, од научна фантастика и фантазија до хорор и комедија.
Серијата беше брутална и извртена, но истовремено предизвикуваше размислување. Емотивна и хумористична, таа нудеше разновидно експериментално искуство за гледачите.
Се чини дека ништо од тоа нема да се смени во втората сезона, бидејќи нејзиниот трејлер открива нови чудовишта, дистописки терор и гротескни манифестации.
Продолжението на анимираната антологија на NSFW ќе се врати на „Нетфликс“ на 14 мај во серија од осум епизоди што опфаќаат жанрови на научна фантастика, фантазија, хорор и комедија.
Содржината наведена од „Нетфликс“ гласи: „Анимираната антологија на NSFW се враќа со одмазда. Голите џинови, божиќните демони и роботи подивеа. Консумирајте неодговорно.“
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион5 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?