Забава
Бред Пит снима филм во Лос Анџелес

Бред Пит изгледа елегантно на снимање на претстојниот филм „Вавилон“ во Лос Анџелес.
57-годишниот актер на себе има светлосива кошула, темносиви панталони со ремен и очила за сонце, а подраснатите тенки мустаќи му додаваат уште една мажествена димензија додека работи на сцени од филмот.
Актерот роден во Оклахома е во екипата што работи на претстојниот проект на „Ла ла Ланда“ во режија на Дамиен Шазел.
Пит, кој освои „Оскар“ за улогата на Клиф Бут во „Беше еднаш во Холивуд“ (2019), во претстојната драма глуми со Маргот Роби.
Дејствието е сместено во златното доба на Холивуд во доцните 1920-ти, според „Холивуд репортер“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Памела Андерсон има нова емисија за приготвување храна од растително потекло

Актерката Памела Андерсон почнува емисија за готвење на билна база на канадскиот ТВ-канал Food Network Canada.
55-годишната ѕвезда ќе ја предводи новата серија со работен наслов Pamela’s Cooking With Love („Памела готви со љубов“), нарачана од студиото „Корус“.
Андерсон ќе се здружи со тим врвни кулинари во својот дом во Канада. Тие ќе работат на разни оброци од растително потекло и менија.
Студиото исто така даде зелено светло за обновување на втората сезона на Garden of Even („Рајска градина“) додека таа го реновира имотот на своето семејство на островот Ванкувер.
Забава
Адвокатите на Алек Болдвин бараат да се дисквалификува специјалниот обвинител за случајот Rust

Адвокатите на Алек Болдвин бараат изземање на специјалниот обвинител во случајот со убиството на снимателката Халина Хачинс.
64-годишниот актер и продуцент на нискобуџетскиот вестерн треба да се појави на суд на 24 февруари во врска со смртта на Хачинс, но адвокатите на Болдвин поднесоа барање, во кое инсистираат Андреа Риб, обвинител и државен пратеник, да биде изземена од случајот нарекувајќи ја нејзината вклученост „неуставна“.
Во барањето поднесено во вторникот адвокатите на Болдвин наведуваат: „На пратеничката Риб уставно не ѝ е дозволено да биде истовремено законодавец и специјален обвинител“.
„Со тоа на иста личност ѝ се доделуваат две темелни овластувања од разни гранки на власт – законодавство и казнено гонење – што е забрането со едноставниот јазик на член 3 од Уставот на Ново Мексико“.
Риб беше избрана во Претставничкиот дом на Ново Мексико во ноември.
Во меѓувреме, Болдвин претходно најави дека ќе се бори против обвинението за убиство од небрежност.
Во случај да биде прогласен за виновен, тој се соочува со казна затвор до пет години.
Забава
Не се обидувам да го сопрам времето: Сара Џесика Паркер за стареењето

Сара Џесика Паркер е легенда и по неколку децении во центарот на вниманието, таа продолжува да биде инспирација за многу жени.
Како дел од кампањата со францускиот бренд за нега на кожа RoC, актерката во интервју за „Вог Париз“ (Vogue Paris) ги споделува своите размислувања за убавината, самодовербата, стареењето…
Запрашана за нејзиниот став за стареењето, Паркер одговори: „Јас навистина не размислувам за мојата возраст, не го гледам тоа како нешто за кое треба да се грижам“.
„Не знам дали е тоа негирање или дека едноставно не сакам да се соочам со реалноста!“
„Не гледам смисла да се обидувам да го застанам времето. Секако, се грижам за мојот изглед и сакам да изгледам репрезентативно кога е треба. Но, во секој случај, навистина не можам да направам многу за тоа што мислат луѓето за мојот изглед“.
„Како се чувствувам кога носам фустан, тоа е она што е важно“, вели актерката. „Се облекувам на начин што ме прави да се чувствувам добро и се надевам дека мојот стил е интересен и за луѓето“.
Ѕвездата на култната серија „Сексот и градот“ и новото поглавје „И едноставно така“ изрази фрустрација поради реакциите што ги добива за нејзините брчки или бела коса како жена во споредба со целосниот недостиг на реакции што ги добиваат мажите.
„Навистина не можам да бидам личност каква што другите очекуваат да бидам“.
Паркер е благодарна и за лекциите што ги научила во своите 57 години.
„Не можам да кажам дека се чувствувам подобро во моето тело, порано можев да поминам два часа на снимање, а колената и стапалата да не ме болат“, откри таа.
„Но, во мојата глава апсолутно се чувствувам 100 проценти подобро. Со текот на времето ги акумулираш сите искуства, знаење и информации, правиш грешки и учиш. Колку повеќе учиш, толку подобро знаеш како да реагираш и да се справиш со предизвиците, проблемите или разочарувањата“.