Забава
Брза летна салата од њоки, зеленчук и рукола

Оваа салатата од њоки со медитерански допир преполна е со здрав зеленчук. Има одличен вкус и може да се јаде како главно јадење или како прилог со скара.
Лесната салата со њоки и зеленчук е идеална за ручек или вечера. Се подготвува супер брзо, не е тешка за стомакот и може да се модифицира по желба.
Коцките шунка може да се изостават, а печурките, модриот патлиџан, празот, па дури и белиот или зелен грав се погодни како зеленчук алтернативен за пиперките и доматите.
Состојки: 180 гр њоки (или њоки од сладок компир) • 1 пиперка • 1 тиквичка • 75 гр шери-домати • 1 топка моцарела • 20 гр шунка исечкана на коцки (малку маснотии) • 30 гр црвено песто.
2 грсти рукола • сол, црн пипер, чили снегулки за зачин • сок од половина органски лимон.
Подготовка – 1. Пржете ги њоките на малку масло додека не добијат златно кафеава боја и не станат малку крцкави. 2. Исечете пиперки, тиквички, шери-домати и моцарела и ставете ги во голем сад. 3. Во зеленчукот додадете шунка и црвено песто, исечете ги њоките, измешајте ги сите состојки и додадете ја руколата.
Совет: Салата од њоки е исто така одличен прилог за скара и е идеална како јадење за забави во градина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Марија Шарапова целосно се промени

Никогаш поубава и никогаш посреќна, Марија Шарапова го покажа својот син!
Поранешната тенисерка Марија Шарапова неодамна се огласи на Инстаграм од посебна причина. Таа објави фотографија од својот син Теодор, кој го прослави својот трет роденден.
Како што можете да видите, петкратната освојувачка на Грен слем турнирите гордо позираше со својот наследник, а насмевката на нејзиното лице секако беше забележлива.
„Вистина е. Поминува толку брзо“, напиша Марија Шарапова, алудирајќи на „времето како лета“.
Марија Шарапова стана мајка во јули 2022 година, кога таа и нејзиниот свршеник Александар Гилкес го добија синот Теодор.
Иако повремено објавува фотографии од своето дете, поранешната тенисерка не крие колку улогата на мајка ѝ го променила животот, како и нејзиното „работно време“.
„Иако е работа со полно работно време, неверојатно е исполнувачко да се гледа како се развива ова мало човече“, рече еднаш шармантната Русинка.
Забава
Рита Ора го привлече целото внимание на фестивал: „Презгодна си“, „Изгледаш совршено“

Рита Ора го привлече целото внимание со своето појавување на фестивалот во Гластонбери, поточно, главна тема беше нејзиниот моден избор.
Познатата пејачка со албанско потекло, Рита Ора, имаше неколку значајни настапи на Гластонбери, со кои се пофали и на социјалните мрежи.
Не е тајна дека нејзиниот изглед е секогаш главна тема, а бикините се нејзиното омилено парче облека. И така беше и овој пат.
Пејачката позираше во скапо бикини од Burberry, вредни околу 500 евра. Својот аутфит го надополни со голем црн ремен и чизми.
Ова не е нејзиното единствено појавување на фестивалот. Рита го покажа и својот изглед од претходните денови. Една од комбинациите беше краток црн фустан со отворен грб, како и бел топ во комбинација со здолниште.
Не требаше долго време коментарите под нејзината објава да „експлодираат“.
„Презгодна си“, „Изгледаш совршено“, „Најубава си“, „Ова е премногу убаво“, беа некои од коментарите.
Забава
За шест дена и до 5 килограми помалку: диета со домати – лесен начин до совршена летна фигура

За оние кои не можат долго да држат диети, препорачуваме брза диета со домати, која гарантирано ќе донесе успех.
Оваа диета трае само шест дена и за тоа време можете да изгубите пет килограми. Покрај тоа, ќе го ослободи вашето тело од токсини.
Диетата со домати е многу едноставна – четири оброци на ден, многу вода, дозволено е кафе без шеќер, дозволен е и чај без шеќер, леб (30 грама) е дозволен само за појадок. Можете да јадете домати свежи, варени, печени во рерна или на скара.
Еве како треба да изгледа менито.
Ден 1 и 4
Појадок – Салата од домати со 50 грама сирење, маслиново масло и босилек, 2 варени јајца и 30 грама леб.
Ужина – 350 грама сезонско овошје или чаша сок од домати.
Ручек – Тестенини со доматен сос (сосот се подготвува со 400 г домати или 350 г конзервирано доматно пире, зачините се по желба).
Вечера – Супа од домати и зеленчук. Додадете магдонос и лажица павлака.
Втор и петти ден
Појадок – грчка салата и 30 грама леб.
Ужина – 350 грама сезонско овошје или чаша сок од домати.
Ручек – Печени полнети домати со спанаќ и ориз.
Вечера – Подгответе супа од два сечкани кромида пржени во маслиново масло, филе од ослиќ, два големи домати, зачини и лажица павлака.
Трет и шести ден
Појадок – омлет со домати, 30 грама леб.
Ужина – 350 грама сезонско овошје или чаша сок од домати.
Ручек – Пилешко (150 грама) во доматен сос со печурки.
Вечера – Печено говедско месо (130 г) и шопска салата.