Забава
Британски актер здогледал кралски питон во својата бања

Актер од британската ТВ-серија „Коронејшн стрит“ изјави дека почнал да сонува змии откако на тоалетното седиште пронашол кралски питон долг 4 фити (1.2 метри), објави Би-би-си.
Хари Висинони, кој го игра Себ Франклин во ТВ-сапуницата, бил во својот дом во Хале во саботата, и кога сакал да ги мие забите го видел влекачот како „зјапа во него“.
Се смета дека змијата побегнала од претходниот сопственик и влегла во ѕидна празнина, соопшти добротворната организација RSPCA. Организацијата змијата ја нарече Лулу.
Откако го видел влекачот завиткан во неговата бања, Висинони ја затворил вратата и истрчал да ја повикал својата девојка Ели Ајзак.
Заедно накратко ја отвориле вратата, и гледале како змијата се лизга кон WC-школката. Додека разговарале што треба да направат, питонот исчезнал. Парот поминал „непроспиена ноќ сонувајќи змии“, пред да се јави во RSPCA рано наутро.
Службеничка за спасување животни, Соња Хулм, пристигнала во нивниот дом и ја лоцирала змијата зад радијаторот во бањата, пренесува Би-би-си.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Шакира ги продаде правата на сите свои песни

Шакира стана уште една во низата пејачи и музичари кои ги продадоа правата на својата музика за милиони долари.
Сите нејзини песни, вклучувајќи ги хитовите „Whenever, Whenever“ и „She Wolf“, се вклучени во продажбата на авторските права.
Песните ја направија најпродаваната латинска изведувачка на сите времиња, со продадени 80 милиони албуми ширум светот.
Продажбата е склучена со инвестициската компанија Hypnosis Song Fund, која неодамна ја купи музиката на Блонди и Нил Јанг.
Забава
Роберт де Ниро, Мајк Маерс, Крис Рок во мистериозен филм на Дејвид Расел

Тој се врати за својот прв филм по повеќе од пет години.
Режисерот Дејвид О. Расел продолжува да регрутира големи имиња за својот строго доверлив проект, кој моментно се снима во јужна Калифорнија.
Во најавата за филмот медиумите пишуваат дека новиот проект е голема мистерија бидејќи ништо не се открива за содржината.
А во четвртокот „Дедлајн“ објави три големи имиња во актерската екипа – Роберт де Ниро, Мајк Мајерс и Крис Рок.
Ова ќе биде вторпат Де Ниро да работи со овој режисер. Тој претходно глумеше во Silver Linings Playbook со Џенифер Лоренс и Бредли Купер.
Регрутирањето познати актери не запира тука. На екипата ќе ѝ се придружи и Ања Тејлор-Џој, ѕвездата на хит-серијата на „Нетфликс“, „Дамски гамбит“ (The Queen’s Gambit), во која таа покажа извонредна глума.
Забава
Џесика Честејн, поборник за силата на жените, во насловната сторија на „Шејп“

Џесика Честејн ја краси насловната страница на списанието „Шејп“, во двомесечно издание јануари/февруари.
43-годишната црвенокоса бомба разговара со женскиот магазин за здравје во врска со нејзиниот пристап кон фитнесот и храната, и поплочувањето на патот на жените во Холивуд во борбата за фер плата.
Позирајќи во живописни неонски бои, актерката на Zero Dark Thirtу се отвори за својата мисија да ја искористи својата платформа за „вистинска акција“, како што рече.
Ветеранка во филмската индустрија, која може да се пофали со две номинации за „Оскар“, Честејн открива дека таа е повеќе од убаво лице додека зборува за вложувањето напори за да се направи промена во Холивуд.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира