Забава
Бритни Спирс нема да настапува додека татко ѝ ѝ ја контролира кариерата

Поп-ѕвездата Бритни Спирс предупреди дека нема да настапува додека татко ѝ ѝ ја задржува контролата над нејзината кариера. Во емотивна објава на социјалните мрежи таа пишува дека конзерваторскиот надзор, под кој се наоѓа веќе 13 години, ги убил нејзините соништа.
Долгата објава на нејзиниот инстаграм-профил во саботата е најнова во низата емотивни коментари во јавноста среде битката да издејствува правна и финасиска слобода.
„Нема да настапам на која било сцена набргу за татко ми да контролира што облекувам, кажувам, правам или мислам“, напиша Бритни.
„Повеќе сакам да споделувам видеа од мојата дневна соба наместо на сцената во Вегас… Нема да ставам шминка и да пробам да пеам на сцена и да не можам да направам вистинска работа со ремикси на моите песни“, додаде таа.
Таткото на поп-sвездата, Џејми Спирс, има единствена контрола врз имотот на својата ќерка вреден 60 милиони долари во согласност со таканаречениот конзерваторски надзор што му го додели судот во 2008 година.
Спирс веќе назначи нов адвокат што ќе ја застапува во обидот да се стави крај на таквиот надзор, што таа го опишува како насилен.
„Оваа конзерваторство ги уби моите соништа… така што сè што имам е надеж, а надежта е единственото нешто на овој свет што е многу тешко да се убие“, напиша таа во саботата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Раскинувањето на свршувачката ѝ го скрши срцето, па заплака среде концерт

Кејти Пери веќе некое време е во Австралија, а причината е музичката турнеја „Lifetimes“, која враќа спомени од славните денови на саканата тинејџерка пејачка.
Додека пееше пред голема толпа и под силните светла на рефлекторите, емотивниот слом на Кејти се случи одеднаш.
Имено, пред да требаше да ја отпее познатата песна „Firework“, која зборува за самодовербата и личната сила, Кејти се расплака.
Сепак, таа успеа да им се заблагодари на сите што „секогаш беа тука за неа“, дури и во тешките денови, низ солзи.
„Ви благодарам што секогаш сте тука за мене, Австралија. Тоа ми значи сè на светот.“
Katy Perry got emotional at the end of the last show of #THELIFETIMESTOUR in Australia 🥺♥️ pic.twitter.com/N78X37wBld
— Katy Perry Tours (@KatyPerryTours) July 1, 2025
Овој емотивен момент беше забележан од многу обожаватели и објавен на социјалните мрежи, а пораки за поддршка за пејачката се појавија на Икс.
Патем, настапот доаѓа само неколку недели по веста дека нејзиниот долгогодишен партнер, актерот Орландо Блум (48), и таа ја раскинале свршувачката по речиси 10 години.
Актерот неодамна беше фотографиран во Венеција, во друштво на жена, што доведе до тоа многумина да започнат гласини за неговата нова љубовна врска.
Поранешните партнери имаат четиригодишна ќерка, Дејзи.
Забава
(Фото) Најубавата актерка на светот покажа како се оди на Вимблдон

Се чини дека секое појавување на Џесика Алба привлекува внимание, па затоа нејзиното посетување на голем тениски турнир не помина незабележано.
Убавата актерка присуствуваше на спектаклот на трева со својата најстара ќерка Онор, а за таа пригода покажа уште едно совршено модно издание.
Фотографиите ги објави на својот официјален Инстаграм профил, па имавме можност да видиме што носи најубавата актерка на светот за секојдневни пригоди.
Како што можете да видите, таа се одлучи за лелеава летна тоалета во сина боја, која малку ја нагласува нејзината витка фигура. Додала бели патики и чанта во истата боја, а стајлингот го заокружила со едноставни додатоци и шминка во земјени тонови.
Што се однесува до нејзината ќерка Онор, ниту таа не отстапи од моделот на „лесен фустан“, а за оваа дневна верзија избра фустан со прерамки со цветни мотиви во црвена и сина боја. Изгледот го заокружи со едноставен накит и минимална шминка.
Забава
(Фото) Марија Шарапова целосно се промени

Никогаш поубава и никогаш посреќна, Марија Шарапова го покажа својот син!
Поранешната тенисерка Марија Шарапова неодамна се огласи на Инстаграм од посебна причина. Таа објави фотографија од својот син Теодор, кој го прослави својот трет роденден.
Како што можете да видите, петкратната освојувачка на Грен слем турнирите гордо позираше со својот наследник, а насмевката на нејзиното лице секако беше забележлива.
„Вистина е. Поминува толку брзо“, напиша Марија Шарапова, алудирајќи на „времето како лета“.
Марија Шарапова стана мајка во јули 2022 година, кога таа и нејзиниот свршеник Александар Гилкес го добија синот Теодор.
Иако повремено објавува фотографии од своето дете, поранешната тенисерка не крие колку улогата на мајка ѝ го променила животот, како и нејзиното „работно време“.
„Иако е работа со полно работно време, неверојатно е исполнувачко да се гледа како се развива ова мало човече“, рече еднаш шармантната Русинка.