Забава
Бруклин Бекам: Ковид-19 е причината поради која не се оженив

Бруклин, најстариот син на еден од најпознатите британски парови – Викторија и Дејвид Бекам, откри дека наметнатите мерки во Британија и САД среде пандемија, според кои свадбените церемонии не може да се одржат или само со намален број, се причината зошто тој и неговата свршеница, актерката Никол Пелц, сега не се маж и жена.
22-годишниот модел признава дека одложувањата биле тешки.
Во интервју за HELLO! тој рече: „Ние сме свршени една година и ако не беше пандемијата на коронавирусот, веќе ќе бевме во брак“.
Бруклин – кој има двајца браќа и една сестра, Ромео (19) и Круз (16) и Харпер (10) – самоизолацијата ја помина подалеку од своето семејство, кое се смести во својата луксузна палата во Котсволдс, Англија.
Тој беше во Америка со свршеницата Никол (26), актерка, продуцентка и претпримачка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Авторката на „Сексот и градот“ не ги добила хонорарите што ги заслужила

Кендис Бушнел се пожали дека не ги добила парите што ги заслужила за „Сексот и градот“ по огромниот успех на серијата, базирана на нејзината истоимена колумна во „Њујорк обсервер“.
Авторката на истоимениот бестселер вели дека видела само мал дел од стотиците милиони долари што ги заработи серијата. Таа ја критикува серијата дека не ѝ платиле доволно по хонорарот од 60.000 долари.
64-годишната Кендис напиша колумна за „Њујорк опсервер“, која беше адаптирана во најпродавана антологија.
Но, кога книгите му биле продадени на Ејч-би-о за она што потоа стана мултимилионски серијал – шест сезони и два филма со Сара Џесика Паркер во главната улога – на авторката наводно ѝ биле исплатени само 60.000 долари за правата.
Во интервју за весникот „Сандеј мирор“ таа вели: „Не ги добив хонорарите што ги заслужив. Знаев дека тоа не е добра зделка, но бев под притисок од разни причини. Дури и мојот покоен татко во една пригода пред 15-ина години ми рече: Посакувам да учествуваше поцелосно во економскиот успех на ова дело“.
Кендис се надева дека продолжението на серијата, со наслов And Just Like That… („И, едноставно, така…“), кое неодамна се врати во втора сезона – ќе продолжи да се прикажува со успех.
Но, таа се прашува што се случило со својата верзија што ја вгради во книгата во ликот на Кери Бредшо пред да забележи дека Сара Џесика Паркер успеала да го направи тоа на свој начин и станала омилена меѓу фановите на серијата.
„Што се случи со Кери? Сè се вртеше околу мистер Биг – јас не ја замислив така приказната. Мојата цел, мојата порака до жените не е да го бараат господин Биг. Треба да бидат свој сопствен мистер Биг. Сè е во пронаоѓање љубов, а тоа не е мојата порака до жените. Мојата порака е самоактуализација. Но, Кери е омилена кај фановите. Таа го направи тоа на свој начин – и добро за неа“.
Забава
(Видео) Анимираниот филм за Спајдермен првиот викенд заработи трипати повеќе од својот претходник

Во својот прв викенд на прикажување во САД и низ светот, најновиот анимиран филм за човекот-пајак ги освои киноблагајните и ги надмина сите очекувања во однос на заработката и квалитетот.
Пофалбите на критичарите и ентузијазмот на публиката се проширија низ социјалните мрежи, а одличниот петок во САД допринесе во зголемување на проценката за комплетна викенд-заработка, која надмина 120 милиони долари, што е трипати повеќе отколку што заработи првиот филм.
Продолжението на наградуваниот хит „Човек пајак: Нов свет“, кој на големото платно донесе нов пристап на популарниот суперхерој и младиот Мајлс Моралес како нов спајдермен.
Во новиот анимиран филм, Мајлс Моралес се катапултира низ мултиверзумот, каде што наидува на тим пајак-луѓе задолжени да го заштитат неговото постоење.
По само четири дена прикажување, „Човек-пајак: Ширум пајак-вселената“ заработи 210 милиони долари на во светски рамки, што е двојно повеќе од буџетот на филмот и се предвидува дека ќе продолжи да доминира н а бокс-офисот.
На „Ротен томатос“ има 96 отсто од критичарите и 95 отсто од публиката, а моментално е највисоко оценет анимиран филм на сите времиња на ИМДБ, со исклучително висока оценка од 9.1 од вкупно 50.000 рецензии.
Забава
Холивуд се плаши од вештачката интелигенција

Иднината на Холивуд личи на „дипфејк“ или лажен Рајан Рејнолдс, кој ви продава електричен автомобил „тесла“.
Во видео, кое веќе е отстрането, но се споделува на „Твитер“, актерот со дебели очила со црни рамки, чија уста се движи независно од неговото лице, зборува за електричните возила: „Што мислите, колку би чинело да поседувате ваков автомобил, кој изгледа проклето неверојатно?“
На скалата на веродостојност видеото што првично се појави во мај беше означено како неавтентично. Тогаш неговиот креатор, јутјуберот и финансиски советник Кевин Пафрат, откри дека тоа го направил како трик за да го привлече вниманието на Илон Маск, што всушност и се случи: извршниот директор на „Тесла“ одговори на твитот на Пафрат: „Убаво“.
На други профили на „Твитер“ луѓето бараа од актерот Рејнолдс да поднесе тужба. Наместо тоа, неговата продукциска куќа одговори со слично откачено видео во кое Маск (со седа коса) го фали џинот направен од „Авиешн“, компанија во која Рејнолдс е косопственик. И тоа видео оттогаш е избришано.
„Финансиски советник го поддржува Маск на ‘Твитер’“ е далеку од ударна вест, но оваа комуникација укажува на многу поголем проблем: вештачката интелигенција (AI) им овозможува на сите да лажираат познати лица. А актерите, пак, стануваат сè посвесни за можноста оваа технолгија да почне да задира во нивната работа.
Тешко е дури и да се замисли каде ќе биде AI за три години, предупредуваат познавачите на оваа проблематика.
Со оглед на тоа што Здружението на американските писатели веќе штрајкува, делумно поради слична закана, во претстојните преговори меѓу Синдикатот на актерите и филмските студија, најверојатно, ќе се спомнат лажниот Брус Вилис и лажниот Рајан Рејнолдс како најнови чекори кон иднината во која доминира вештачката интелигенција.
Помпата за технологијата значи дека таа ќе биде во центарот на разговорите, особено имајќи предвид дека договорот се преговара само еднаш на секои три години, објаснува Данкан Кребтри-Ајрленд, главен преговарач за актерскиот еснаф (САГ) и Федерацијата на телевизиските и радиските уметници (САГ-АФТРА).
„Со оглед на тоа колку напреднала вештачката интелигенција во последните 18 месеци, тешко е дури и да се замисли каде ќе биде за три години“, вели Кребтри-Ајрленд.
Во писмото во кое ги повикува своите членови да го одобрат штрајкот, актерскиот еснаф (САГ) наведува дека бара договор што ќе ги заштити членовите од губење приход „поради нерегулирана употреба на генеративна вештачка интелигенција“.
Крајниот рок е вторник, 6 јуни, а на 7 јуни САГ-АФТРА почнува преговори со Алијансата на филмските и телевизиските продуценти (AMPTP), која ги претставува студијата. Ако актерите се решат на штрајк, тоа би било првпат од 2000 година.