Забава
Брус Ли 80 години: Легендата на борачките вештини и неговото наследство
Најпознатото наследство на Брус Ли, кој овој петок ќе наполнeше 80 години, секако се неговите филмови.
Но, легендата за борачки вештини исто така разви уникатен начин на борба наречен џиткундо (Jeet kune do), кантонски израз што се преведува како начин да сопреш тупаница или повеќе поетски – техника на пресретнување тупаница, пишува „Саут Чајна морнинг пост“.

Постојат многу стилови на борба во кунг фу како хунг-гар, винг-чу и таи-чи за да се именуваат неколку од најпознатите.
Но, најдобрата појдовна точка за разбирање на џиткун е да сфатите дека Ли никогаш не сакал тоа да биде стил.
Всушност, намерата на Ли била спротивна. Тој разви џиткундо бидејќи сметал дека идејата за крут стил на борба е премногу ограничувачка.
Многу пред комбинираните борачки вештини и стиловите на борачките вештини да добијат правила и традиции што не може да се прекршат, дури и ако успехот во борбата налага поинаку.
Борачките уметници цврсто се придржуваа на техниките на нивниот избран стил и тој систем стана поважен од човекот, како што тврдеше Ли. Ли сметаше дека ова е смешно и го нарече класичен хаос.

Ли почна да развива џиткун-до во Лос Анџелес во 1967. Американското телевизиско шоу „Зелен стршен“, во кое тој го глумеше Като, беше откажано, потоа Ли го отвори Институтот „Фунфан Ганг“ во кинескиот кварт во Лос Анџелес за да заработи за живот држејќи часови за кунг фу.
Ли охрабри група пријатели и студенти од училиштето за борачки вештини на Ед Паркер да тренираат со него.
Поентата на неговиот џиткундо е да бидете чекор понапред од противникот. „Од одбрана, тој премина на работа на нозете, дострел и време на сопирање на ударите и рипостот, две техники за напади и одбрани со превентивни потези, пишува „Саут Чајна морнинг пост“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
стин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

