Забава
„Ванда вижн“ владее на наградите на Ем-ти-ви за филм и телевизија
Марвеловата серија на Дизни-плус каналот WandaVision доминираше на доделувањето на филмски и телевизиски награди на Ем-ти-ви во неделата, додека Скарлет Јохансон и Саша Барон Коен добија специјални награди за нивниот придонес во филмската индустрија.
Автор на серијата е сценаристот на филмот „Капетан Марвел“, Џек Шефер, а режисер е ТВ-ветеранот Мат Шекмен.
Чадвик Боузмен доби постхумно признание за најдобра изведба во филм за неговиот последен филм, „Ма Рејни: Мајка на блузот“, драма од ерата на џезот. Актерот од „Црн Пантер“ почина во август минатата година на 43-годишна возраст, од рак на дебелото црево
WandaVision, серија на „Дизни плус“ беше избрана за најдобра ТВ-серија на наградите за кои гласаа фановите, додека Елизабет Олсон победи за најдобра изведба на портретирање на главниот лик Ванда.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Малкумина знаат, но корисно е: Никогаш не го правете ова со чашите
Експертите откриваат зошто работ на чашата не треба да ја издржува целата тежина на чашата и како да се спречат дамки и кршење.
Како ги миете садовите? Повеќето луѓе ги вртат чашите наопаку кога мијат садови за да ги исцедат, што, објаснуваат експертите, е погрешно бидејќи го нарушува квалитетот и цврстината на чашите.
Од научна перспектива, објаснувањето за ова е: „Работ на чашата е најчувствителниот дел. Кога ќе ја ставите наопаку, таа ја издржува тежината на целата чаша“. Тоа значи дека со текот на времето веројатноста за кршење на стаклото ќе се зголеми.
Друг експерт, Кеј Вагнер, ја потврди оваа теорија за The Sun.
„Некои чаши за пиење имаат многу чувствителен раб кој не е дизајниран да ја издржи целата тежина на чашата“, рече таа, предупредувајќи ги сите дека, ако е тоа случај, не ги чувајте чашите наопаку, бидејќи тоа ќе изврши премногу притисок врз работ и чашите на крајот ќе се скршат.
Сепак, експертите се свесни дека овој начин на складирање на чашите по миењето се користи за да се спречи наталожување прашина во чашите.
Постои посебна чаша за речиси секој пијалок. И нема две исти
Филигрански чаши
Фините и филигранските чаши треба да се мијат што е можно понежно и под низок притисок на перење. Во спротивно, постои ризик од кршење за време на циклусот на перење.
Робусни чаши
Тешките и цврсти чаши треба да се мијат што е можно поенергично и под висок притисок на вода, за да можат да бидат хигиенски чисти и повторно да се користат што е можно побрзо.
За време на миењето со вода од чешма, цела низа минерални супстанции и соли растворени во вода може да се наталожат на чашите во форма на остатоци. Бигорот е јасно препознатлив: како бел талог што не може да се раствори во вода и е многу тешко да се отстрани.
Чашите се чувствителни
Кршење на стаклото
Кршењето на стаклото најчесто е резултат на силно механичко влијание: на пример, кога притисокот што се применува на стаклото за време на миењето и полирањето е превисок. Или кога чашите се судираат едни со други во корпата. Сепак, чашите можат да се скршат и поради голема температурна разлика во многу краток временски период. На пример, ова може да се случи кога коцки мраз се додаваат во свежо измиена и сè уште топла чаша.
Корозија на стакло
Корозијата на стаклото е нормален ефект од стареењето: со секое перење на стаклото, мала количина стаклен материјал се отстранува од неговата површина. Кај постарите чаши и чашите со претходно оштетување, ова отстранување повеќе не е униформно и станува видливо: во форма на заматување или вертикални бели линии. Овој процес не може да се врати назад. Сепак: можете да го забавите.
Избледени декорации
Обоените декорации на чашите за пиво се особено чувствителни на физички и хемиски влијанија: за време на перењето тие не само што можат да избледат, туку и да се излупат. Истото важи и за златните рабови.
Грепнатини
Тие се предизвикани од механички влијанија: на пример, кога чашите се допираат и се судираат една со друга за време на перењето. Ова може да се случи и кога чашите се чуваат во плакар или полица.
Забава
Златан Ибрахимовиќ за воспитувањето на синовите: „Ако на 18 години не се самостојни, тогаш не сум успеал“
Златан Ибрахимовиќ и неговата долгогодишна партнерка Хелена Сегер имаат двајца синови, 19-годишниот Максимилијан и 17-годишниот Винсент. И двајцата тргнале по стапките на татко им и играат фудбал. Ибрахимовиќ неодамна, во подкаст, откри дека се трудел да ги воспитува така што ќе бидат одговорни и самостојни.
„Бевме во Беверли Хилс… Не го кажувам ова за да испаднам важен, туку навистина така постапував. Децата одеа на училиште, а сите имаа возачи. Во училиштето видов само два велосипеда – на Винсент и на Максимилијан. Им купив велосипеди и им реков: ‘Земете ги велосипедите и одете сами на училиште.’ Бев строг, но секогаш со нивното добро на ум и доследен во тоа“, рече Ибрахимовиќ и додаде: „Ако на 18 години не се самостојни, тогаш не сум успеал.“
Вели дека во тоа имал поддршка од партнерката, бидејќи и двајцата се согласуваат дека не сакаат нивните синови да пораснат како „разгалени богаташи“. Затоа, како што раскажа, не патувале со приватен авион, туку избирале комерцијални, поевтини летови, за синовите да видат како живее поголемиот дел од луѓето. Откри и дека постариот син дури во 2024 година отворил Инстаграм, додека помладиот Винсент сè уште не е на социјалните мрежи.
Нагласи колку му се важни дисциплината и скромноста, повлекувајќи паралела со своето детство.
„Млеко, леб и болоњезе. Три работи. Им велам на моите деца: ако јас можев да успеам со тие три работи, можете и вие. Имам повеќе пари отколку моите родители“, рече тој.
Пораката со која ја заокружи својата филозофија гласи:
„Со пари е полесно да се живее, но тие нема да им донесат среќа. Децата ги учам на дисциплина, почит и самостојност.“
Забава
Следниот чекор на вештачката интелигенција: интерфејси што читаат мозочни сигнали
OpenAI предводи инвестиција од 252 милиони долари во Merge Labs, нова лабораторија за развој на интерфејси мозок–компјутер (BCI – Brain-Computer Interface), чиј коосновач е Сем Алтман. Покрај OpenAI, во финансирањето учествуваат и Bain Capital, како и Гејб Њуел од компанијата Valve.
Целта на лабораторијата е во текот на следната деценија да ги поврзе биолошката и вештачката интелигенција, со почетен фокус на медицински примени, а подоцна и на интерфејси за масовна употреба, пишува Hypebeast.
За разлика од Neuralink, кој се потпира на хируршки импланти, Merge Labs развива поинаков пристап. Нивниот тим работи на нови BCI архитектури кои користат молекули наместо електроди за интеракција со невроните, додека податоците се пренесуваат со помош на длабок ултразвук. На тој начин се избегнува вградување импланти во мозочното ткиво. Долгорочната цел на компанијата е да развие неинвазивни неурални интерфејси со висока пропусност.
Инвестицијата на OpenAI оди подалеку од финансиска поддршка. Компанијата ја смета BCI технологијата за клучен следен чекор во развојот на интерфејси што можат да ја направат вештачката интелигенција поприродна и повеќе насочена кон човекот.
OpenAI планира да му обезбедува на Merge Labs прилагодени основни модели и оперативни системи за вештачка интелигенција, оптимизирани за толкување на мозочни сигнали. Во пракса, тоа значи дека софтверските планови на OpenAI и хардверските амбиции на Merge Labs се тесно поврзани со целта за овозможување интеракција со вештачка интелигенција на ниво на мисла.
Овој потег дополнително го нагласува ривалството меѓу Сем Алтман и Илон Маск, чија компанија Neuralink дејствува во истата област. Merge Labs се позиционира како компанија поблиска до хардвер базиран на вештачка интелигенција отколку до традиционалната медицинска технологија, што е во согласност со пошироката стратегија на OpenAI насочена кон чипови, уреди и унапредување на човечките способности. Во исто време, фактот што OpenAI инвестира во компанија чиј коосновач е Алтман покрена прашања за управувањето, можниот судир на интереси и сопственоста над идните неурални технологии.

