Забава
Велика Британија може да забрани одгледување булдози

Одгледувањето булдози може да биде забрането во Велика Британија доколку не се промени начинот на нивното одгледување, предупредува нова студија.
Истражувачите од Кралскиот ветеринарен колеџ велат дека англиските булдози се изложени на зголемен ризик од респираторни, очни и кожни болести поради нивните екстремни физички карактеристики, вклучувајќи скратени муцки, преклопена кожа и конусно тело, а исто така, имаат краток животен век од само осум години.
Истражувањата покажаа дека булдозите имаат 38 пати поголема веројатност од другите кучиња да добијат дерматитис во кожните набори, 24 пати поголема веројатност да имаат испакната долна вилица и речиси 20 пати поголема веројатност да имаат респираторни заболувања кои предизвикуваат проблеми со дишењето.
Студијата им препорачува на оние кои сакаат да купат булдог да „застанат и размислат“ пред да го сторат тоа.
Студијата, објавена во списанието Canine Medicine and Genetics, сугерира дека булдозите треба да се одгледуваат на начин кој има поумерени физички карактеристики, што ќе биде од корист за нивното здравје и ќе спречи нивното размножување да биде забрането.
„Секое куче заслужува да се роди со еднакво и добро здравје бидејќи има природна способност да дише слободно, да трепка, да вежба, да има здрава кожа, да може да се пари и размножува. За раси како англискиот булдог, кај кои се уште постојат екстремни конформации со лошо вродено здравје, јавноста има улога да бара кучињата да бидат со умерена и поздрава градба“, вели авторот на студијата Ден О’Нил, вонреден професор по епидемиологија на домашни животни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Шерон Стоун: Имав девет спонтани абортуси пред да ги посвојам синовите

Глумицата Шерон Стоун преку социјалните мрежи првпат откри дека имала девет спонтани абортуси. Таа вели дека решила да ги посвои кога сфатила дека нема да може самата да роди дете.
„Ние како жени немаме форум за да разговараме за длабочината на оваа загуба. Изгубив девет деца поради спонтан абортус. Тоа не е мала работа, ниту физички ниту емотивно. Сепак, прават да се чувствуваме како тоа да е нешто што треба да го поднесеме сами и тајно со некакво чувство на неуспех наместо да ги добиеме толку потребните сочувство, емпатија и исцелување што ни требаат“, напиша глумицата.
Стоун (64) има три посвоени сина, Роан, Лирд и Квин, за кои често знае да каже дека се нејзиното најголемо богатство.
Признанието на глумицата дојде откога американската танчарка Пети Мургатројд објави дека го загубила бебето кога нејзиниот сопруг бил во Украина.
„Не знаев дека сум бремена. Крвавев два дена. Мислев дека имам менструација“, рече тогаш Мургатројд во интервју за магазинот „Пипл“.
Забава
Американскиот милијардер Руперт Мардок на 91 година се разведува од поранешната манекенка Џери Хол

Медиумскиот магнат Руперт Мардок (91) по шест години брак се разведува од поранешната манекенка Џери Хол, пишува Њујорк Тајмс. Хол е 26 години помлада од Мардок.
Тие се венчаа 2016 година во Лондон, по пет месеци во врска. Се венчаа две години откако Мардок се разведе од бизнисменката Венди Денг. Мардок потоа на Твитер напиша дека е најсреќниот човек на светот.
За Мардок тоа беше четврти брак, а Хол претходно не била во брак. Таа беше 22 годишна врска со Мик Џегер со кого има четири деца. Мардок од претходните бракови има шест деца.
Забава
Бред Пит најави крај на актерската кариера

Мега популарниот актер – Бред Пит во интервју за британски „GQ“ најави крај на неговата кариера со образложение дека улогите кои ги добива не ги задолуваат неговите стандарди и афинитети.
„Се сметам дека стојам на последната нога. Во последниот семестар. Што ќе биде овој дел? И како сакам да го дизајнирам? – рече Пит.
По разводот со Анџелина Џоли тој се приклучил на групата „Анонимни алкохоличари“.
„Имав навистина кул машка група овде, која беше навистина приватна и селективна, така што беше безбедно, бидејќи сум гледал работи на други луѓе, како Филип Сејмур Хофман, кој беше снимен додека си ги истура црева и тоа беше неприфатливо за мене“ рече актерот.