Забава
Венчани во тајност? Адел предизвика шпекулации кога го нарече партнерот Рич Пол сопруг

Адел ги поттикна шпекулациите дека се омажила во тајност нарекувајќи го момчето Рич Пол свој сопруг.
Поп-ѕвездата навидум го ажурира својот статус на врска додека разговараше со фановите за време на настап во Лас Вегас минатиот викенд. Ова го изјави додека одговараше на прашања од публиката.
На видеото објавено на „Тик-ток“ се гледа како обожавателка ја прашува дали би сакала да се венча со неа, а прашањето ја поттикна Адел да одговори: „Не можеш да се венчаш со мене, јас сум ‘стрејт’. И мојот сопруг е тука вечерва. Тој е тука“.
Поп-дивата претходно беше во брак со Сајмон Конецки – татко на нејзиниот син Анџело – од 2018 до 2021 година.
Таа почна романса со спортскиот агент Рич (41) и тие се заедно две години по првата средба на подиумот за танцување на роденденската забава што ја организира заеднички пријател.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Мајкл Кејн користи бастун на своето прво појавување на црвениот тепих по 2 години

Сер Мајкл Кејн ретко се појавува во јавност, но во средата вечерта ѝ се придружи на екипата на „Големиот бегалец“ за премиерата на филмот во лондонскиот „БФИ Саутбенк“.
Ветеранот на големиот екран седи додека го фотографираат на настанот, облечен во темносин костум со бледосина кошула.
90-годишниот актер користи бастун или помагало за одење по паѓањето на мраз кога претрпе фрактура на глуждот во 2018 година.
Режисерот Оливер Паркер му помогна на црвениот тепих. Тој се фотографира и со актерскиот тим околу него.
Во „Големиот бегалец“ (The Great Escaper), инспириран од вистинска приказна, тој го глуми Бернард Џордан, кој во 2014 година го изведе познатото бегство од старски дом за да им се придружи на колегите воени ветерани на плажа во Нормандија.
Сер Мајкл неодамна посочи дека филмот, најверојатно, ќе биде неговата последна улога.
Во интервју за весникот „Дејли телеграф“ тој рече: „Сега имам 90 години и не можам да одам правилно“.
„Со пандемијата и сето тоа, немав снимано три години и мислев дека завршив со снимање филмови“, додаде тој.
„И одеднаш се појави ова прекрасно сценарио и си поминав – толку е убаво… Бев многу среќен што повторно снимам. Многу ми се допадна ликот на Барни“.
Забава
Пронајдено младенче лав на патот во Суботица

Младенче лав е пронајдено утрово во Суботица на патот Чантавир, потврдија за „Танјуг“ во СВР Суботица.
Полицијата работи на утврдување на сите околности на овој настан, односно како лавот стигнал до Суботица.
Лавот е однесен во зоолошката градина во Палиќ.
Забава
Наоми Кемпбел за зависноста од дрога: беше страшно да се погледнам во огледалото

Наоми Кемпбел, црниот пантер, како што ја нарекуваат многумина, во новиот документарен филм „Супермодели“ (The Super Models) откри дека зависноста од дрога во 90-тите речиси ја убила.
Една од најубавите светски манекенки тогаш беше на врвот на кариерата. Таа призна дека се свртела кон кокаинот за да заборави на траума од детството и да се помири со смртта на италијанскиот дизајнер и нејзин близок пријател, Џани Версаче.
„Една од работите што се обидував да ја скријам беше тагата. Зависноста е таква. Зависноста е опасна работа, навистина е. Мислиш дека ќе ја залечи раната, но нема. Тоа може да предизвика многу страв и вознемиреност“, открива Наоми во документарецот.
„Џани ќе ме натераше да излезам и да продолжам понатаму кога не мислев дека можам. Кога почина, мојата тага стана преголема“, додава таа.
Легендарниот модел пет години се бореше со зависноста, а во 1999 година колабира за време на снимање. Тогаш, вели таа, сфатила дека мора да се пријави на рехабилитација.
„Тоа беше една од најдобрите работи што можев да ги направам за себе во тоа време. Беше страшно да се погледнам во огледалото. Не можете да ги скриете чувствата. Беше многу болно“, открива Наоми, која тврди дека главниот предизвикувач поради кој почнала да зема супстанции е траума од детството. Имено, познатата манекенка пораснала без својот татко, кој ја напуштил мајка ѝ додека била бремена.