Забава
(Видео)Топ-10 најгледани оригинални филмови на „Нетфликс“
Стриминг-платформата „Нетфликс“ ги објави своите оригинални филмови со најдобри перформанси, при што Extraction го зазема првото место со 99 милони корисници од целиот свет, кои го гледале филмот во првите четири недели од неговото излегување, потоа следуваатт Bird Box, Spenser Confidial и 6 Underground.
Kомпанијата во минатото не откриваше статистика за гледаноста, а од неодамна почна да споделува некои податоци во форма на квартални финансиски резултати. Овој пат ги објави своите 10 најпопуларни оригинални филмови.

Следнава листа го покажува бројот на прегледи во првите четири недели по нивното излегување, односно по премиерното прикажување на стрим-платформата: 1. „Екстракција“ – 99 милиони прегледи, 2. „Птичја кутија“ – 89 милиони прегледи, 3. „Спенсер доверливо“ – 85 милиони прегледи, 4. „Шесто подземје“ – 83 милиони прегледи, 5. „Мистериозно убиство“ – 83 милиони прегледи, 6. „Ирецот“ – 64 милиони прегледи, 7. „Тројна граница“ – 63 милиони прегледи, 8. „Погрешната девојка“ – 59 милиони прегледи, 9. „Платформата“ – 56 милиони и 10. „Совршен состанок“ – 55 милиони прегледи.

На листата постои жанровски диверзитет, при што четирите најгледани се акциони/трилери со актери како Крис Хемсворт, Сандра Булок, Марк Волберг и Рајан Рејнолдс. Исто така, има три комедии, како и драма („Ирецот“).
Имајќи предвид дека од почетокот на 2019 година „Нетфликс“ стекна 43,6 милиони корисници, секое ново издание веројатно ќе го гледаат повеќе луѓе отколку претходните филмови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Брз трик за чистење: Бањата може да блесне за 12 минути
Бањата е место каде брзо се собираат каменец, влага и траги од сапун, но со правилен редослед може да се исчисти за околу 12 минути. Клучното правило е чистењето секогаш да оди од горе кон долу, за да не ја повторувате истата работа.
1 минута – Подготовка
Отворете прозорец или вклучете вентилација, тргнете ги крпите и ситниците и напрскајте ги тоалетната школка, мијалникот и тушот со средство за чистење.
2–4 минута – Полици и огледало
Избришете ги горните полици и ормарчиња, а огледалото исчистете го со средство за стакло или вода со оцет.
5–7 минута – Туш или када
Со сунѓер исчистете ги плочките и славините, а потоа исплакнете со топла вода.
8–9 минута – WC-школка
Исчистете ја внатрешноста со четка, а надворешноста пребришете ја со дезинфекциска крпа.
10 минута – Мијалник и славини
Отстранете ги трагите од паста и сапун, а славините избришете ги со сува крпа за да заблескаат.
11–12 минута – Подот
На крај избришете го подот со топла вода и средство за чистење или малку оцет.
Со ваква кратка рутина, бањата може брзо да изгледа чисто и свежо – за помалку време отколку што трае една епизода од серија.
Фото: Depositphotos
Забава
(Видео) Селена Гомез му ги бакна стапалата на Бени Бланко во неговиот подкаст, бројни реакции
Пејачката и актерка Селена Гомез предизвика реакции на социјалните мрежи откако во најновата епизода од подкастот „Friends Keep Secrets“ му бакна стапало на својот сопруг, музичкиот продуцент Бени Бланко.
Во текот на разговорот, Гомез седела на подот во дневната соба, додека Бланко бил на каучот со ногата потпрена на масата. Во еден момент таа се наведнала и му го бакнала прстот на ногата.
Бланко се пошегувал со водителите и рекол дека му се допаднал гестот, додавајќи дека го разубавил неговиот ден.
Снимката предизвика бројни негативни реакции на социјалните мрежи, каде дел од корисниците ја нарекоа „одвратна“ и „непријатна“.
Контроверзијата се појави и поради претходна епизода од подкастот, во која Бланко ги покажал своите стапала, кои дел од гледачите ги оценија како нечисти. Тој подоцна во емисијата „Jimmy Kimmel Live!“ се бранеше дека има „одлични стапала“.
Селена Гомез и Бени Бланко се во врска од 2023 година, а се венчаа во 2025 година.
Забава
Хејли Бибер: Докторката ме советуваше да не останам бремена, но јас останав
Манекенката Хејли Бибер откри дека нејзината прва бременост со синот Џек Блуз, кого го има со сопругот Џастин Бибер, била целосно неочекувана.
Во подкастот „SHE MD“ таа раскажа дека лекарите претходно ја предупредиле дека поради септум на матката може да има проблеми со забременување и дека можеби ќе биде потребна мала операција пред да планира деца.
„Реков дека не размислувам за бременост во тој момент, а потоа – како по чудо – останав бремена“, изјавила 29-годишната манекенка.
View this post on Instagram
Лекарката објаснила дека септумот е вродена аномалија при која ткиво ја дели матката, што може да го зголеми ризикот од спонтан абортус или предвремено породување.
И покрај ризиците, бременоста поминала добро.
View this post on Instagram
На крајот, Хејли и Џастин, кои се во брак од 2018 година, добиле здраво дете, а манекенката вели дека најмногу ужива во времето поминато со својот син.
Фото: depositphotos

