Контакт

Забава

(Видео) Александар Ванг на јахта во Дубровник го одработи bottlecapchallenge предизвикот

Објавено пред

Еден од најпознатите и во последно време најактуелни модни дизајнери во светот, Александар Ванг (35), во моментов е во Хрватска на одмор. Тој го откри ова со објавување на „Инстаграм“, а во исто време го одработи и многу популарниот т.н. bottlecapchallenge предизвик, поточно предизвик со нога да се отвори тапата од кое било шише.

Ванг на јахта укотвена во близина на Дубровник успешно го реши својот предизвик и ги номинираше актерката Рис Витерспун (43) и комичарката Ејми Шумер (38), кои треба да ја продолжат низата. Во својата верзија на предизвикот, Александар тапата ја турна со косата, иако прво се обиде да го направи тоа со нога.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

(Видео) Објавен првиот трејлер за „Топ ган: Маверик“ со Том Круз

Објавено пред

Том Круз (57) се појави во четвртокот на Коник-кон, за да го прикаже првиот трејлер од долгоочекуваното продолжение на  „Топ ган“.

„Топ ган: Маверик” треба да почне да се прикажува во јуни 2020 година, а воениот пилот на Круз повторно ќе се појави по 30 години од прикажувањето на оригиналниот филм кој го претвори американскиот актер во светска ѕвезда.

Во инсертот се појавува Круз облечен во гламурозната кожена јакна на Пит „Маверик“ Мичел, додека се трка на мотоцикл и управува со борбен авион летајќи низ тесен кањон исполнет со снег.

Во продолжението учествуваат актерите Мајлс Телер, како син на пилотот Гус кој го играше Ентони Едвардс и кој беше убиен за време на вежба во првиот филм.

Во филмот „Топ ган: Маверик” глумат и Џон Хам, Ед Харис и Вал Килмер, повторно во улогата на ривалот на Маверик, Ајсмен.

Прикажи повеќе...

Естрада

„Металика“ објавува илустрирана книга за бендот

Објавено пред

Легендарниот рок-бенд „Металика“ годинава ќе објави илустрирана книга со наслов The ABCs of Metallica.

Книгата претставува осврт на целата кариера на бендот, од А до Ш, прикажувајќи ги со секоја буква песната и периодот кога ја снимиле, како и интересни факти за членовите на оваа популарна група.

Legendarni rok bend Metallica će objaviti ilustrovanu knjigu pod nazivom "The ABCs of Metallica"!Knjiga se osvrće na…

Posted by Universal Music Serbia on Четврток, 18 јули 2019

Колекционерското издание на „Металика“ се очекува на 26 ноември.

Сите приходи од продажбата се наменети за фондацијата што ја основа бендот, All Within My Hands.

Прикажи повеќе...

Забава

Синот на Лиз Харли критикуван поради шминката и тапираната коса

Објавено пред

Дамијан Харли (17), синот на актерката Елизабет Харли (54), се појави во новата кампања на Пат Мекграт, една од најпознатите мејкап-артистки во светот на шминка и производи за убавина. Младиот Британец веднаш го привлече вниманието на јавноста.

Дамијан има долга коса, но на снимањето на спотот му ја истапираа и исфенираа неговата бујна коса поради што многу личеше на својата мајка.

Кампањата беше снимена за промоција на шминка, па синот на актерката беше нашминкан со природни нијанси што ги нагласи неговите очи, усни и јаболкца.

„Ти си мојот север, југ, исток и запад. Те сакам“, напиша неговата мајка Елизабет под фотографијата.

Обожавателите беа зачудени од неговиот изглед и се прашуваа зошто го прави тоа, дали го менува полот.

Дамијан потпиша договор со TESS Management во Лондон.

Елизабет го доби Дамијан кога беше во врска со американскиот бизнисмен Стив Бинг (53), кој првично не сакаше да го признае татковството, а подоцна беше докажано со ДНК-тест.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Градоначалникот на Струга се откажа од ингеренциите за издавање дозволи за градба

Градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, ѝ ги отстапи на Владата ингеренциите во делот на издавање дозволи за градба, легализација...

Македонија3 часа

Владата: Откажана лидерската средба, не прифаќаме ултиматуми од Мицкоски

Лидерската средба што беше планирана за денеска, дефинитивно, нема да се одржи. Од Владата велат дека причината за откажување на...

Македонија3 часа

Новинарите избркани од зградата на Државниот просветен инспекторат

Половина час по почнувањето на седницата на дисциплинската комисија во Државниот просветен инспекторат, на која се расправа за постапката на...

Македонија5 часа

Северна Македонија и Јужна Кореја воспоставија дипломатски односи

Јужна Кореја официјално воспостави дипломатски односи со Северна Македонија, објави Министерството за надворешни работи во Сеул, пренесе новинската агенција „Јонхап“....

Свет5 часа

Осомничениот го запалил студиото за анимација во Кјото зашто му украле идеја

Четириесет и едногодишниот маж, кој е осомничен дека го подметнал пожарот во студиото за анимација во Кјото, Јапонија, во кој...

Спорт6 часа

Кога Вимблдон зависи од деца

Тие се во сенка, иако стојат на сонце. Тие се незабележливи, иако ги гледате на ТВ екранот како ви претрчуваат....

Македонија16 часа

Николовски по состанокот на СДСМ: Последните настани покажаа одлучна борба против криминалот и корупцијата

Заврши состанокот на Централниот одбор на СДСМ на кој во проширен состав, во присуство на повеќе градоначалници, министри, заменици и...

Свет17 часа

Во Мароко изречени смртни казни за убиството на скандинавските туристки, обезглавени во име на Исламска држава

Судот за борба против тероризам во мароканскиот главен град, Рабат, изрече смртни казни за три лица поради убиството на две...

Свет19 часа

Хаос во поплавените области во Индија, тигри влегуваат во семејни домови

Најмалку 40 села во северниот дел на Бангладеш се поплавени откако синоќа од коритото се излеа една од најголемите реки...

Топ22 часа

Тетовец со „голф“ влетал во десетмина пешаци, еден од нив тешко повреден

На локалниот пат село Горно Орашје – Тетово, во попладневните часови на 17 јули се случил посериозен сообраќаен инцидент во...

Регион23 часа

Дојавата за бомба на аеродромот во Белград е лажна

Министерството за внатрешни работи на Србија потврди дека дојавата за бомба во авионот на „Луфтханза“ на аеродромот „Никола Тесла“ во...

Македонија1 ден

Активистката Моника Ристеска осудена на една година затвор

Активистката за легализирање на марихуаната, Моника Ристеска, е осудена на една година затвор. Таа е осудена за неовластено производство и...

Македонија1 ден

ЗНМ: Случајот со „1ТВ“ е последен аларм за итни медиумски реформи

Последните случувања со приведувањето на Бојан Јовановски, менаџер во кабелската телевизија „1ТВ“, отвора сомнеж за сериозна злоупотреба на медиумите на...

Свет1 ден

(Видео) Бројот на жртви во пожарот во студиото за анимација во Јапонија се искачи на 23

Бројот на жртви во подметнатиот пожар во познатото јапонско студио за анимација во Кјото порасна на 23, објави Би-би-си. Постои...

Македонија1 ден

Панчевски: Утрово ме избркаа како партал од канцеларија

Поранешниот претседател на кривичниот суд, Владимир Панчевски, објави на „Фејсбук“ дека утринава бил, како што наведува, избркан како партал од...

Европа1 ден

Голема акција на германската полиција: приведени исламски екстремисти кои подготвувале терористички напади

Полицијата во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија утрово изврши рација во градовите Келн и Диран, при што изврши претреси на повеќе...

Европа2 дена

Шефот на кабинетот: Меркел е добро, планира да го отслужи целиот мандат

Здравјето на германската канцеларка Ангела Меркел е добро и таа планира да го отслужи целиот мандат до 2021 година во...

Македонија2 дена

Усвоена програмата за реконструкција на Универзалната сала и спомен-обележјето на Тоше Проески

Владата денеска ја усвои програмата за реализацијата на средствата предвидени во буџетот на Министерството за култура за 2019 година за...

Македонија2 дена

Боки 13 и Милевски остануваат во притвор, судот им ги одби жалбите

Кривичниот суд попладнево соопшти дека им ги одбил жалбите на осомничените во предметот за изнуда со трговија на влијаније. Тоа...

Македонија2 дена

Васко Ковачевски нов директор на ЕЛЕМ

Владата на денешната седница, по предлогот за разрешување на околу 40 директори во јавните претпријатија, донесе одлуки и за препораки...

Досие