Забава
(Видео) Андреа Бочели и Кени Џи изненадија тинејџерка среде пијано-рецитал
Двора Полак е 14-годишна пијанистка која мора да седи дома веќе неколку години поради ретка здравствена состојба.
И покрај нејзините ограничувања, како и ограничувањата поради пандемијата, младата жителка на Мајами, Флорида, требаше да настапи на виртуелна гала за Chai Lifeline, меѓународна мрежа за поддршка на здравјето на децата.

И, таа го доби изненадувањето за цел живот кога некои музичари од висок профил, меѓу кои италијанскиот оперски пејач Андреа Бочели и џез-саксофонистот Кени Џи, се појавија за време на нејзиниот пијано-рецитал „Ханука“.
Видеото започнува со тоа што младата Двора нервозно се претставува во својот дом додека седи со грб кон пијаното. Со заразен шарм и блескава насмевка на лицето, таа гледа право во камерата и открива дека свирење на пијано и пеење се нејзино омилено хоби.
„По мојата операција на осумгодишна возраст, мајка ми ми најде учител по пијано. Мојот сон е да станам музичар – се надевам, пијанистка и пејачка, бидејќи тоа навистина ме радува“, вели Двора во видеото.
Потоа, само што ќе открие дека е многу возбудена да свири пред илјадници луѓе, преку екранот се појавува порака, која ги информира гледачите „Двора мисли дека вечерва настапува соло“.

„Јас сум многу благодарна на Chai Lifeline за оваа прекрасна можност“, вели таа пред да се сврти кон своето пијано. Додека ја свири почетната нота на песната, друга порака трепка низ екранот: „Chai Lifeline ѝ организира мало изненадување за неа…“

Тинејџерката започнува да свири самостојно, но веднаш потоа, голем број музичари ѝ се придружија околу 20 секунди од изведбата, а меѓу нив беа виолинистот Џошуа Бел (53) и 13-годишниот Џејкоб Веласкез од „Америка има талент“, на тапани.
Набргу потоа се појави и Кени Џи, кој го испорача неговиот заштитен звук на сопран-саксофон.
Вкупно, имаше 12 музичари кои ѝ се придружија Двора за време на празничниот перформанс.
На крајот од видеото, светскиот тенор Бочели ѝ упатува неколку инспиративни зборови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Hitech
„Нетфликс“ се повлече од купувањето на „Варнер брос Дискавери“
По неколкумесечни преговори, Нетфликс се повлече од понудата за купување на Варнер брос Дискавери, отворајќи му пат на Парамаунт и Скајденс во договор вреден околу 111 милијарди долари, објави Би-Би-Си.
Варнер брос Дискавери, кој е на продажба од минатата година, соопшти дека најновата понуда на Парамаунт е супериорна во однос на онаа на Нетфликс. Раководството на Нетфликс одби да ја зголеми понудата, наведувајќи дека трансакцијата повеќе не е финансиски привлечна по таа цена.
Во декември, Варнер брос Дискавери прифати делумна понуда од Нетфликс во вредност од околу 72 милијарди евра, која вклучуваше купување на филмското и ТВ студио и платформата Ејч-Би-О Макс.
Сепак, Парамаунт поднесе повисока конкурентска понуда, со што се наметна како фаворит. Калифорнискиот државен обвинител Роб Бонта изјави дека договорот сè уште не е конечен и дека регулаторите ќе спроведат темелна истрага.
Доколку биде одобрен, Парамаунт ќе го преземе Ејч-Би-О Макс, како и телевизиските мрежи во сопственост на Варнер брос Дискавери, вклучително и Си-Ен-Ен, што може значително да го промени стриминг и медиумскиот пазар во Холивуд.
Фото: Depositphotos
Забава
Астро прогноза за март 2026: Два знака ќе доживеат финансиски пресврт
Според кинескиот календар, од 5 март до 4 април трае периодот на Металниот Зајак – симбол на дипломатија, хармонија и компромис, со дополнителна решителност и јасност што ја носи елементот Метал. Ова е месец во кој ќе успеат најмудрите, а не најбрзите. Погоден е за учење, преговори, обновување на односите и финансиско планирање.
Што ги очекува знаците:
Стаорец (1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008, 2020) – можен кариерен пробив, но преку дополнително учење и внимателна комуникација.
Бивол (1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009, 2021) – плановите се остваруваат со трпение; поволен период за разговор за унапредување.
Тигар (1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010, 2022) – напредок преку дипломатија; хармонија во љубовта.
Зајак (1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011, 2023) – просперитет, но потреба од одмор и релаксација.
Змеј (1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012) – внимателност со документи и долгови; можни патувања.
Змија (1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013) – финансиски напредок со мудри и стрпливи чекори.
Коњ (1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014) – силни емоции и можност за љубов; шанса за дополнителни приходи.
Овца (1955, 1967, 1979, 1991, 2003, 2015) – признание и професионален успех; засилен социјален живот.
Мајмун (1956, 1968, 1980, 1992, 2004, 2016) – време за акција и храброст; нови контакти носат финансиски потенцијал.
Петел (1957, 1969, 1981, 1993, 2005, 2017) – фокус на здравјето и избегнување конфликти.
Куче (1958, 1970, 1982, 1994, 2006, 2018) – учење и личен развој; можни мали финансиски предизвици.
Свиња (1959, 1971, 1983, 1995, 2007, 2019) – љубовта во фокус, но и можност за подобрување на финансиите.
Месецот на Металниот Зајак носи мирен, но ветувачки ритам – успехот ќе дојде преку рамнотежа, трпение и внимателни одлуки.
Фото: Depositphotos
Забава
Морган Фримен за Трамп: Не разбирам како осуден криминалец може да биде претседател
Холивудскиот актер Морган Фримен остро го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп, изјавувајќи дека не може да разбере како „осуден криминалец“ може да ја води државата.
Во интервју за емисијата MS Now, Фримен рече: „Не можам да сфатам како осуден криминалец, со пресуда за 34 кривични дела, може да стане претседател. Како е тоа воопшто можно?“
Тој додаде дека му „нема смисла“ што на Трамп му е дозволено да ја извршува претседателската функција и покрај пресудата.
Фримен и претходно бил критичен кон Трамп, а пред изборите во 2024 година морало да бидат демантирани лажни информации дека актерот ја поддржал неговата кампања.
Во меѓувреме, Трамп влезе во јавна расправија и со актерот Роберт Де Ниро, кој го обвини дека ја уништува земјата, на што Трамп возврати со навреди на својата социјална мрежа.
Фото: Depositphotos

