Контакт

Забава

(Видео) Бигл, кој свири на клавир и пее, стана интернет-ѕвезда со 4,2 милиони прегледи

Објавено пред

Бади Меркјури е името на кучето кое стана интернет-ѕвезда свирејќи на клавир.

Видеата од Бади, кои беа споделени на „Јутуб“, освоија милиони луѓе во светот.

По видео што е прегледано над 4,2 милиони пати, Бади доби голем број следбеници на мрежата и во моментот го следат 66 илјади корисници на „Јутуб“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

На црвените теписи во Холивуд им треба преуредување среде пандемија

Објавено пред

Може да потрае долго додека да се слушне вообичаеното прашање на црвениот тепих во Холивуд – „и, кого ќе носиш вечерва?“

Црвените теписи, извор на енергија на филмските премиери и наградни церемонии, се всушност увертира исполнета со бучава на гламурозни актери, фотографи, интервјуа пред влезот во салата, свечени фустани и восклици на воодушевени фанови.

Но, како што Холивуд се справува со пандемијата на коронавирус, црвените теписи од блиската иднина ќе изгледаат многу поинаку – ако воопшто ги има, пишува „Ројтерс“.

Преполни со фотографи, sвезди на таканаречената А-листа, публицисти и фанови што молат за селфи, црвените теписи се клучен елемент во холивудската рекламна машинерија. Но, ваквите настани, кои се примамливи за гледање, се речиси невозможни во ерата на социјално дистанцирање.

„Сите очајнички сакаат да се вратат во нормална верзија, каде што сме со луѓе лично, рамо до рамо“, рече еден холивудски публицист, кој претпочиташе да не биде именуван.

„Мислам дека нормалата нема да се врати во целост додека не откријат некаква вакцина. Којзнае кога луѓето ќе сакаат да се вклучат физички во лични интеракции, а камоли на патување за да дојдат до тие места“, вели публицистот цитиран од „Ројтерс“.

Голем тест ќе има во јули кога се закажани премиерите на трилерот на Кристофер Нолан, „Тенет“, и Дизниевата акција „Мулан“, први премиери откога новиот коронавирус ги затвори киносалите во целиот свет, а студијата го одложија прикажувањето на десетици филмови до крајот на 2020 или во 2021 година.

„Ворнер брос“ и „Дизни“ не објавија планови за рекламирање за двата филма ниту, пак, организаторите на телевизиските награди „Еми“, кои треба да се одржат во Лос Анџелес во септември.

Планерот на настани во Лос Анџелес, „15/40 продакшнс“, кои имаат осмислено повеќе од 200 холивудски премиери, се советуваат со неколу студија за планови што вклучуваат социјално дистанцирање.

„Моравме да преиспитаме како ќе финкционира посткарантинот држејќи ги луѓето раздвоени“, рече Крег Валдман, претседател на „15/40 продакшнс“.

Најголемото непознавање е дали ѕвездите од А-листата ќе се појават.

Прикажи повеќе...

Забава

Маск му го смени името на детето X Æ A-12 во уште побизарно

Објавено пред

Кога претприемачот Илон Маск (48) и неговата девојка Грајмс (32) го нарекоа детето X Æ A-12, тие предизвикаа чудење во јавноста. Двојката одлучи да го смени, меѓутоа новото име на бебето ниту е поразбирливо ниту полесно се изговара. Детето отсега ќе се вика X Æ A-Xii поради калифорнискиот закон, пишува „Гардијан“.

Во Калифорнија само букви од англиската азбука може да се користат во имиња, но не и броеви, така што тие морало да го заменат ’12’ со римската верзија.

„Римските броеви изгледаат подобро, да бидам искрена“, напиша канадската пејачка Грајмс на социјалните мрежи.

Сè уште не е познато како се изговара името на бебето. Маск, основачот на „Тесла“ и „Спејс икс“, веќе има пет деца. Милијардерот вели дека неговата партнерка имала клучна улога во именувањето на детето.

„Таа всушност го смисли името. Тоа секогаш ѝ поаѓа од рака“, рече тој.

Прикажи повеќе...

Забава

Андреа Бочели: Мојата сопруга, децата и јас оздравевме од коронавирусот и дониравме плазма

Објавено пред

Италијанскиот пејач, текстописец и продуцент Андреа Бочели (61) беше заразен со коронавирус, но оздраве, пишуваат локалните медиуми. Музичарот вели дека открил оти е болен на 10 март, но немал посебни симптоми. Тој имал само лесна треска.

„Мојата сопруга, децата и јас го прележавме коронавирусот. Имав треска, но во пракса имав вирус без симптоми“, рече музичарот.

Андреа беше во болницата „Цисанело“ во Пиза за да донира крвна плазма за истражување на коронавирусот. Тоа може да го донираат само луѓе што биле позитивни на вирусот и оздравеле. Заедно со него крвна плазма донирале неговата сопруга и двете деца.

Еден месец по дијагнозата, за Велигден, Бочели пееше во празната катедрала „Дуомо“ во Милано.

Во катедралата немаше публика поради мерките што беа во сила среде борбата против пандемијата на коронавирусот. Бочели го изведе концертот про боно, во хуманитарни цели.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија45 минути

Активистката Моника Ристеска објави дека татко ѝ сакал да ја убие, полицијата го уапси

Активистката Моника Ристеска, која минатата година беше уапсена бидејќи јавно пушеше марихуана, објави на социјалните мрежи дека вчера била натепана...

Свет1 час

ЕК ќе го објави планот за заздравување на економиите од пандемијата

Претседателката на Европската комисија, Урсула вон дер Лајен денеска попладне ќе го објави долгоочекуваниот план за заздравување на економијата од...

Свет2 часа

Јужна, Централна и Северна Америка се светско жариште на пандемијата на коронавирус

Јужна, Централна и Северна Америка станаа жариште на пандемијата на коронавирусот, изјави директорката на Панамериканската здравствена организација (ПАХО), Кариса Етиен....

Македонија2 часа

Маските, дезинфекцијата и растојанието од два метра остануваат задолжителни

Граѓаните мора во целост да ги почитуваат мерките и препораките на Министерството за здравство за заштита од коронавирусот покрај олабавувањето...

Економија3 часа

Србија забрани слетување на „Монтенегро ерлајнс“ на аеродромот во Белград

На авионите на црногорската авиокомпанија „Монтенегро ерлајнс“ ќе им биде одземена дозволата за слетување на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, потврдиле...

Македонија3 часа

Од денеска нема полициски час, од утре со работа почнуваат кафулињата

По 66 дена, од денеска се укинува полицискиот час во земјата воведен поради коронавирусот. Владата вчера на седница донесе и...

Забава5 часа

Андреа Бочели: Мојата сопруга, децата и јас оздравевме од коронавирусот и дониравме плазма

Италијанскиот пејач, текстописец и продуцент Андреа Бочели (61) беше заразен со коронавирус, но оздраве, пишуваат локалните медиуми. Музичарот вели дека...

Македонија15 часа

Караџовски: Изминатите 14 дена беше намален бројот на новозаболени затоа препорачавме олеснување

Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје, член на Комисијата за заразни болести ги објасни причините зошто Комисијата се одлучила...

Македонија16 часа

Филипче: Да бидеме одговорни, за да не се вратиме пак на рестриктивните мерки

Министерот за здравство, Венко Филипче по седницата на Владата за олабавување на мерките, рече дека граѓаните мора да ги почитуваат...

Македонија16 часа

Османи: И покрај пропустите, државата добро се справи со коронавирусот

Вицепремиерот Бујар Османи рече дека и покрај тоа што имало одредени пропусти, прекршувања на мерките и одредени критики, државата добро...

Македонија16 часа

Спасовски: Лицата кои се во државен карантин може да бидат во домашна самоизолација ако имаат негативен тест

Техничкиот премиер Оливер Спасовски кажа дека состојбата со коронавирусот е под контрола, при што ги соопшти новите одлуки на Владата....

Македонија16 часа

Од утре нема полициски час, задутре се отвораат рестораните и кафулињата

На денешната владина седница е донесена одлука да се укине полицискиот час во земјата. Одлуката ја соопшти техничкиот премиер Оливер...

Регион21 час

Во Хрватска и Словенија нема нови случаи на коронавирус

Во изминатите 24 часа во Хрватска и Словенија не се потврдени нови случаи на коронавирус. Во Хрватска втор ден по...

Македонија21 час

Регистрирани 16 нови случаи на коронавирус во Македонија, починаа уште 3 лица

Денеска, потврдени се 16 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 2.014 лица. Оздравени се 14...

Македонија22 часа

Адвокатот на Јанева вели дека Русковска нема докази против неа

Адвокатот Дељо Кадиев, кој ја застапува обвинетата Катица Јанева во предметот „Рекет“, по судењето, на кое завршни зборови даваше Обвинителството,...

Македонија23 часа

Русковска: Доживеавме разочарување кога клучниот лик во „Чарлиевите ангели“ премина на страната на злото

Во завршните зборови за случајот „Рекет“ обвинителката Вилма Русковска пред судот рече дека одбраната на обвинетите Бојан Јовановски – Боки...

Македонија23 часа

Арсовски: Избори во јуни не се можни

Избори во јуни не се можни, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски. Одговарајќи на новинарски прашања, тој ја отфрли можноста...

Македонија23 часа

Укинување на полицискиот час и отворање на границите и кафулињата, предлага Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок одлучила да побара од Владата укинување на полицискиот час, а веќе во текот...

Свет24 часа

СЗО го суспендира тестирањето на лекот против малaрија кај пациенти со Ковид-19

Светската здравствена организација (СЗО) го суспендира тестирањето на лекот против малaрија „хидроксиклорокин“ кај пациенти со Ковид-19 поради стравувањата за нивната...

Европа1 ден

Шпанија го намали вкупниот број на починати од Ковид-19 за 2.000

Шпанија синоќа објави дека од коронавирусот починале речиси 2.000 луѓе помалку отколку што се сметаше претходно. Министерството за здравство соопшти дека...

Досие