Забава
(Видео) Во најава две нови продолженија на „Џон Вик“

Филмската компанија „Лајонсгејт“ потврди дека четвртото и петтото продолжение на акциониот трилер „Џон Вик“ ќе се снимаат на почетокот на следната година, кога Кијану ќе биде достапен, пренесува „Дедлајн“ и додава дека четворката и петката ќе се снимаат еден по друг, без пауза.
Ново продолжение на серијалот со Кијану Ривс во главната улога беше најавено веднаш по „Џон Вик: дел 3“, кој премиерно почна да се прикажува во мај 2019 година со заработка од над 50 милиони долари во американскиот боксофис.
Одлагањето има логика, со оглед дека Ривс сè уште го нема завршено снимањето на „Матрикс 4“, што најверојатно ќе трае до крајот на оваа година.
Четвртото продолжение на блокбастерот во киносалите ќе почне да се прикажува во мај 2022 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Јелена Ѓоковиќ во секси бикини! Папарацо-фотографиите ја обиколуваат планетата, Британците сè уште пишуваат за неа

Еден месец по одморот на Новак и Јелена Ѓоковиќ на Миконос, британските медиуми сè уште не престануваат да зборуваат за изгледот на сопругата на најдобриот тенисер во историјата.
Имено, локалните таблоиди „Дејли стар“ и „Сан“ се опседнати со изгледот на Јелена, па повторно пишуваа за нејзината заводлива фигура заедно со неколку фотографии од нејзиниот одмор на Миконос, секако.
„Двојката разменуваше бакнежи додека се релаксира покрај брановите на грчкиот остров Миконос за време на семејниот одмор со своите две деца. Тие уживаа во луксузното одморалиште Намос, познато по тоа што привлекува многубројни светски ѕвезди во текот на летните месеци.
Јелена Ѓоковиќ плени со својата фигура на плажа, таа беше опколена од папараците додека разменуваше нежности со Новак“, се вели во статијата на „Дејли стар“.
Секое лето десетици приватни авиони и хеликоптери слетуваат на оваа ексклузивна дестинација, а мегајахтите со познати личности вредни милиони се закотвуваат во блиското пристаниште. Сите тие доаѓаат во потрага по луксузно искуство на плажите.
Луис Хамилтон, Аријана Гранде, Вејн Руни, Леонардо ди Каприо и Никол Шерцингер се само дел од имињата што редовно ја посетуваат оваа песочна оаза.
фото: принтскрин
Забава
(Фото/видео) Двете најдобри тенисерки во светот ги закопаа секирите

Руската тенисерка Марија Шарапова и американските шампиони во двојки Боб и Мајк Брајан беа примени во Меѓународната тениска куќа на славните.
Сепак, најголемо внимание на церемонијата го привлекоа две тениски легенди – Марија Шарапова и Серена Вилијамс. Познато е дека тие не беа во добри односи, па затоа љубителите на тенисот беа доста изненадени кога Серена одржа говор во чест на Русинката.
Не беше обичен говор, туку лавина комплименти и пофалби за Марија Шарапова.
„Во 2004 година, кога Марија имаше 17 години, таа го воодушеви светот и го освои Вимблдон. До ден-денес таа го нарекува тој момент врвот на својата кариера.
За мене, тоа е еден од моите најтешки порази. Тој натпревар не само што го одлучи шампионот туку ја направи Марија ѕвезда и почна едно од најконтроверзните соперништва во тенисот“, рече таа додавајќи: „Тензијата беше вистинска, огнот беше вистински и искрено можеше да се почувствува, можеше да се чуе, со целото мрморење на Марија“.
Фотографиите и видеата станаа вирални, а јавноста можеше да ги види двете убавици како се гушкаат.
View this post on Instagram
За посебниот ден Серена одлучи да ја покаже својата тенка фигура во небесносин фустан, а Марија, како вистинска дама, носеше долг бел фустан, кој го комбинира со бела наметка.
Се чини дека двете тениски ѕвезди ги закопаа секирите и сега живеат во хармонија.
фото: принтскрин
Забава
Иконата на 90-тите го прослави 55-тиот роденден во костим за капење: времето застанало…

Клаудија Шифер го поминува летниот одмор во Грција, од каде што ги почасти своите следбеници и обожаватели со серија фотографии со порака за роденден.
Германскиот супермодел и едно од најпознатите лица на модните писти на сите времиња, Клаудија Шифер, го прослави својот 55-ти роденден и по тој повод објави неколку фотографии, на кои ги покажува својата завидна фигура и препознатливото лице во средината на педесеттите години.
View this post on Instagram
Познатата русокоса позира покрај базенот во бел, елегантен и романтичен едноделен костум од „Клое“, со цена од 690 евра.
View this post on Instagram
Костимот за капење има длабоко деколте и набори на горниот и на долниот дел, што му даваат доза романтика, а Клаудија го комбинира со кафеави очила за сонце и скап златен накит од истата марка.
View this post on Instagram
Нејзиното лице без шминка и препознатливата насмевка, кои красеа многубројни престижни насловни страници и модни писти, сè уште се нејзин заштитен знак.
View this post on Instagram
„Денес полнам 55 години, толку сум среќна што го славам мојот роденден радосна и здрава🎉!“, напиша Клаудија Шифер покрај објавата.
фото: принтскрин