Забава
(Видео) Гордон Ремзи јавно го критикуваше оброкот што го зготви неговата сопруга за нивниот син
Познатиот готвач Гордон Ремзи, сопственик на голем број мишeлин-ѕвезди, ѝ препушти на сопругата Тана да го подготви првиот тврд оброк за нивниот син Оскар. Иако малиот Оскар беше воодушевен од тестенините со моркови, кои неговата мајка му ги сервираше, Ремзи ја критикуваше.
„Првиот тест на Оскар за тврда храна! Преварени тестенини со морков … Сериозно”, напиша тој под објавата, обележувајќи ја својата сопруга и давајќи ѝ на знаење дека тестенините треба да се сервираат ал денте, бидејќи само тогаш имаат совршен вкус.
Оскар е петто дете на Гордон и Тана. Тој е роден на 4 април 2019 година, а неговите горди родители ја споделија неговата прва фотографија на популарната социјална мрежа.
„По три награди БАФТА и една Еми, конечно освоивме Оскар“, напиша Ремзи под фотографијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Три вида физичка активност што го уништуваат стресот
Не можеме целосно да се заштитиме од стресни ситуации, но постојат физички активности што можат брзо да нè ослободат од стрес.
Постојат неколку физички активности што многу брзо ќе ве ослободат од стрес.
Џогирање
Ова е најлесниот и најевтиниот начин да се ослободите од стресот. Трчајте колку што мислите дека е доволно, а потоа преминете на брзо одење.
Фитнес инструкторите забележуваат дека овој едноставен и достапен начин за намалување на стресот не е споредлив со ниту еден друг.
Што ќе се случи со вашето тело ако вежбате само 15 минути на ден?
И функционира 100%. Додека трчате, нема потреба да размислувате дали го правите правилно или не – само уживајте во процесот и одредете го соодветното темпо на трчање.
Јога
На второ место е јогата. Секако, јогата – класичен смирувачки фитнес. Покрај тоа, јогата е одличен начин не само да се ослободите од стресот, туку и да ги истегнете и зајакнете мускулите на телото.
Во рок од 10 минути тренинг, ќе забележите дека сите ваши грижи исчезнале. Најдобриот начин да го намалите стресот е да правите јога дома. Јогата дома ви овозможува да се опуштите и да се фокусирате на себе.
Пливање
Пливањето ги затвора трите антистресни физички активности. Водата совршено го отстранува заморот и ги смирува нервите. Не треба ни да правите никакви посебни вежби, само нурнете се во водата и пливајте.
Најдобар начин за ослободување од стресот е пливањето навечер. По рекреацијата во вода, обидете се да не пиете кафе или алкохол, бидејќи целиот ефект ќе исчезне веднаш.
фото/Depositphotos
Забава
Опасно е: Еве зошто не треба да ги сушите алиштата на радијатор
Многу луѓе ја сушат облеката на радијатор во текот на зимските месеци. Сепак, не се препорачува да го правите ова, предупредува експерт за квалитет на воздух.
Имено, Валентин Наранџо наведува дека не треба да го правите ова бидејќи кондензацијата и влагата ќе се акумулираат на ѕидовите од просторијата, што, порано или подоцна, ќе биде голем проблем – и материјално и здравствено (се создава мувла што предизвикува респираторни проблеми).
Облеката може да акумулира влага без да го сфатите тоа. Затоа најдобрата опција е да користите решетка за сушење алишта.
„Додека ги закачувате алиштата, отворете прозорец или користете вентилатор. Ако немате прозорец или вентилатор, можете да користите одвлажнувач“, рече Валентин.
фото/Depositphotos
Забава
Син понеделник: Денеска е најдепресивниот ден во годината
„Синиот понеделник“ често се опишува како „најдепресивниот“ ден во годината и е третиот понеделник во јануари, поврзан со постпразнични чувства на тага и разочарување.
Терминот беше воведен во 2005 година од британскиот психолог Клиф Арнал, но важно е да се истакне дека нема научна основа. Создаден е како дел од маркетинг кампања од туристичка агенција која сакаше да го „одреди“ најдепресивниот ден во годината, при што Арнал изјави дека одговара на третиот понеделник во јануари.
Иако „Синиот понеделник“ не се базира на клинички податоци, чувствата на тага и разочарување што многу луѓе ги доживуваат во овој период можат да бидат многу реални. Докторката Кристин Крофорд објаснува дека крајот на празничната сезона, враќањето на работа и студеното време можат негативно да влијаат на расположението, додека дополнителниот финансиски притисок дополнително ја влошува состојбата.
Чувство на депресија
„Луѓето трошат многу пари во декември, а во јануари ги прегледуваат своите банкарски извештаи. Покрај чувството на вина за пропуштено време на работа, постои дополнителен финансиски притисок за оние што се обидуваат да ги надоместат празничните трошоци“, вели Крофорд.
Исто така, неисполнетите новогодишни одлуки можат дополнително да придонесат за чувството на депресија.
За подобрување на расположението, Крофорд советува да се прават паузи за време на работата, да се поминува време со најблиските и да се врши физичка активност, дури и во форма на кратка прошетка.
Исто така, препорачува поставување реални очекувања во врска со дневните обврски, кои можат постепено да се прошируваат, но во согласност со можностите на поединецот.
фото/Depositphotos

