Контакт

Забава

(Видео) Доналд Трамп го одликува таткото на Анџелина Џоли

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп го одликува актерот Џон Војт, еден од неговите малобројни приврзаници во Холивуд, со Национален медал за уметност, нарекувајќи го една од најголемите живи филмски легенди.

„Вие сте голем актер“, истакна Трамп на церемонијата во Белата куќа. „Џон е исклучително квалитетен актер и, случајно, некој што навистина го сакам“, додаде тој.

Осумдесетгодишниот актер, татко на актерката Анџелина Џоли, се прослави со улогата во „Полноќен каубој“ (1969), во кој глуми со Дастин Хофман.

Откако во пролетта 2016 година објави дека го поддржува магнатот на недвижнини, не престана да го фали. „Јас, Џон Војт, можам да кажам дека Доналд е забавен. Тој сака да се шегува, но пред сè, тој е чесен човек”.

 

Забава

Ана де Армас со пријателка на ручек на калифоринската „Венеција“

Објавено пред

Актерката Ана де Армас во четвртокот беше видена како руча со една пријателка во вегетаријанскиот ресторан The Butcher’s Daughter на познатата плажа „Венеција“ во Калифорнија.

32-годишната Кубанка избра лежерна комбинација – бела блуза со куси ракави и црни панталони – за прошетка и попладневен оброк.

Помина повеќе од еден месец откако Ана е забележана со својот 48-годишен партнер Бен Афлек со кого се запозна на снимањето на еротскиот трилер „Длабока вода“.

Последен пат беа видени заедно на плажата „Венеција“ на 20 август.

Прекрасната Кубанка е Бонд-девојка во најновиот од серијалот филмови за тајниот агент 007 – „Нема време за умирање“.

Афлек наводно е во Ирска, каде што го снима „Последниот дуел“, во режија на Ридли Скот, со најдобриот пријател Мет Дејмон како втор главен протагонист. Во филмот е и актерот од „Војна на ѕвездите“, Адам Драјвер.

Прикажи повеќе...

Забава

Џесика Алба и ќерка ѝ изгледаат како сестри

Објавено пред

Атрактивната холивудска актерка Џесика Алба (39) и нејзината 12-годишна „мини јас“ ги потсетија фановите на нивната сличност во ново видео споделено во четвртокот.

Во клипот Онор е речиси на иста висина како мајка си додека стојат рамо до рамо во нивната кујна и покажуваат корпи со подароци. Но, се чини дека мама носи високи потпетици бидејќи на почетокот на овој месец Алба плачеше кога сфати дека ќерка ѝ е повисока од неа.

Прикажи повеќе...

Забава

Бред Пит се сомнева дека некогаш повторно ќе се ожени

Објавено пред

Тој е еден од најбараните актери во Холивуд.

Бред Пит не сака да стави прстен на женска рака во догледно време, а можеби и никогаш повеќе по двата пропаднати брака, пишува „Ју-ес викли“.

56-годишниот холивудски шармер беше женет со Џeнифер Анистон и со Анџелина Џоли, но не смета дека свадбеното блаженство е во картите за неговата иднина, пишува весникот.

Спред анонимен извор цитиран од американското списание, и покрај тоа што почна нова романса, мала е веројатноста Бред некогаш да се ожени повторно.

Пит беше во брак со Анистон од 2000 до 2005 година. Речиси девет години подоцна, тој се ожени со Џоли во 2014 година, но таа поднесе барање за развод во септември 2016 година.

Бред и неговата нова девојка Никол предизвикаа шпекулации за наводна врска кога беа забележани како пристигнуваат на југот на Франција со приватен авион и го посетија „Шато Миравал“, каде што тој произведува розов шампањ.

Инсајдер тврди дека Бред е среќен со Никол Потуралски, но дека не размислува за брак.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија12 минути

Четвртиот пакет мерки е во вредност од 350 милиони евра

Вкупната вредност на четвртиот пакет изнесува околу 350 милиони евра од кои 264 милиони се од Буџетот на државата и...

Европа2 часа

СЗО: Во Европа се зголемува заразата со коронавирусот

Брзината на пренесување на Ковид-19 и хоспитализацијата растат во Европа, предупреди директорот на Светската здравствена организација за вонредни ситуации, Мајкл...

Македонија3 часа

Пахор со поддршка за членството во ЕУ: „Не смее да има одложување на меѓувладината конференција“

Словенија ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија на патот кон полноправно членство во Европската Унија, истакна претседателот на Словенија,...

Топ5 часа

Возач и мигрант ранети при обид да избегаат од полицијата

Возач, кој превезувал мигранти и еден патник, добиле со прострелна рана во нозете додека возачот се обидувал да ѝ побегне на...

Регион6 часа

Загинаа двајцата пилоти од воениот авион што се урна во Србија

Српското Министерството за одбрана потврди дека загинале двајцата пилоти при уривањето на авионот „миг-21“ за време на воена вежба. Надлежните...

Македонија7 часа

Починаа 9 лица, регистрирани 143 новозаразени

Во последните 24 часа се направени 1.504 тестирања, а регистрирани се 143 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Македонија7 часа

Спасовски: Нападнатиот полицаец од дрвокрадци има фрактура на черепот и е во тешка состојба

Еден од петтемина полицајци од Велес, кои синоќа биле нападнати од дрвокрадци, има тешки телесни повреди. Тој од синоќа е...

Македонија7 часа

(Видео) Кривична пријава и суспензија за полицаецот кој претепа Ром во Битола

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички стандарди и професионални истраги во МВР поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење...

Европа8 часа

Напаѓачот уапсен, полицијата пронајде мачета и сатар на местото на нападот во Париз

„Бев во мојата канцеларија. Слушнав врисоци на патот. Погледнав низ прозорецот и видов жена која лежеше на подот и имаше...

Македонија10 часа

Пендаровски до Пахор: Споделуваме сегашност во НАТО, уверен сум дека ќе имаме и заедничка иднина во ЕУ

Денеска во претседателскиот кабинет во „Вила Водно“ претседателот Стево Пендаровски на церемонија со највисоки државни и воени почести го пречека...

Македонија10 часа

Казна за Рудникот САСА – ќе плати 65 илјади евра поради истекувањето јаловина

Откако при направениот увид и констатиран прекршок водостопанскиот инспектор на Државниот инспекторат за животна средина предложи постапка за посредување согласно...

Свет11 час

(Видео) Ковид-19 создал мутација којашто е уште позаразна

Резултатите од една нова студија покажуваат дека Ковид-19 создал нова мутација која се чини дека е уште позаразна, а експертите...

Македонија11 час

Николовски ќе бара мотивациско писмо од директорите за да спречи корупција

Вицепремиерот Љупчо Николовски бара од граѓаните да не очекуваат чудо за брзо време бидејќи проблемот со корупцијата во Македонија постои...

Македонија12 часа

Маричиќ не поддржува бирање државен јавен обвинител со политички договор

Не веруваме дека е добар начин на избор на обвинител со политички договор меѓу партиите, рече министерот за правда, Бојан...

Регион12 часа

(Видео) Во Србија се урна воен авион „Миг 21“

Авионот на српската армија „Миг 21“ се урна утрово при извршување на редовна задача за летање во селото Брасина, во...

Свет13 часа

Водечкиот германски епидемиолог предупредува: Пандемијата допрва ќе почне

Водечкиот германски епидемиолог Кристијан Дростен во својот говор на Светската здравствена конференција во Берлин предупреди на предвременото славење на успехот...

Свет13 часа

Трамп: Бајден ќе ја уништи Флорида, мојот план ќе го уништи вирусот

Како дел од предизборната кампања, американскиот претседател, Доналд Трамп, ги посети Северна Каролина и Флорида, некои од државите каде што...

Свет13 часа

Бројот на заболени од Ковид-19 во САД надмина 7 милиони

Бројот на заболени со коронавирус во САД вчера надмина седум милиони, што е повеќе од 20 проценти од вкупниот број...

Македонија13 часа

Заев: Бруталноста од полициски службеници врз граѓани Роми е за најсилна осуда

Премиерот Зоран Заев го осуди вчерашниот инцидент, во кој полицајци брутално тепаат Роми. Според него, таквото однесување е срамно за...

Регион13 часа

Албански претседател: Косово гарант за безбедноста на Балканот

Претседателот на Албанија, Илир Мета, на 75. заседание на ООН изјави дека членството на Косово во ООН би било корисно...

Досие