Забава
(Видео) Една вежба за цело тело: заборавете на планк и подгответе се за мечкино лазење
Иако „планк“ се смета за една од најефикасните вежби, треба да го вклучите и „мечкино лазење“ во вашата фитнес рутина. Еве зошто.
Според тренерот и нутриционист Алекси Кларк, оваа вежба не само што ги зајакнува стомачните мускули, туку го зајакнува и целото тело.
„Ако сакате да изградите сила, да ја подобрите подвижноста и стабилноста на телото или едноставно сакате да го забрзате срцевиот ритам, оваа вежба е корисна за сето тоа“, рече таа.
„Bear crawl“ е динамична вежба за целото тело која ги ангажира и зајакнува главните мускулни групи.
Освен што силно ги активира абдоминалните мускули, оваа вежба ги зајакнува глутеалните, квадрицепсните и тетивите, а претставува и предизвик за мускулите на градите, горниот дел од грбот и рамената.
Бидејќи ова е напорна вежба, ќе почувствувате како ви се забрзува отчукувањата на срцето додека ја изведувате.
Исто така, ова е вежба со мало оптоварување на зглобовите, а во исто време ја подобрува подвижноста и ја зајакнува стабилноста на телото.
„Bear crawl“ е вежба што е достапна за повеќето рекреативни спортисти. Не бара опрема и може да се изведува насекаде, како дел од загревање или како самостојна вежба.
Покрај тоа, оваа вежба дополнително развива моторни вештини, рамнотежа и ментален фокус.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Моден трик на Французинките: Не чини ништо, а веднаш го подобрува вашиот изглед
Многумина се потпираат на Французите за инспирација за стил. Од црвените кардигани кои тивко го зазедоа гардероберот, до класичните комбинации од фармерки со рамни ногавици и балетанки, Парижанките имаат неверојатна способност повторно да ги направат релевантни дури и наједноставните идеи.
Нов моден тренд што Французите го популаризираа е врзувањето ремен преку палто. Овој тренд прво почна да се појавува на Инстаграм, а потоа и на улиците на Париз, каде што речиси секоја втора жена носи палто стегнато на половината.
Не станува збор за претерување и усовршување, туку за лежерен потег што веднаш го воздигнува секој аутфит. Најдобро од сè, овој стилски трик не ве чини апсолутно ништо ако веќе имате ремен и палто (а сигурни сме дека имате).
Која е тајната?
Она што го прави овој тренд толку привлечен е неговата едноставност. Ременот веднаш ги менува пропорциите на палтото и му дава форма, без да изгледа како да сте се потрудиле премногу.
Парижанките го носат со сè: ремени од јаже протнати низ преголеми волнени палта, тенки кожни ремени преку строги јакни или врвки цврсто стегнати на долги мантили.
Трендот се прошири и на кратки јакни и лабави јакни, што изгледа многу свежо и модерно, пишува Who What Wear.
Целата филозофија се базира на практичност – изгледа како да сте го додале ременот во последен момент за да спречите ветерот да ви го отвори палтото, а не како внимателно испланиран стил.
Пред сè – забавувајте се комбинирајќи и експериментирајќи со парчињата што веќе ги имате во вашиот плакар.
Забава
(Видео) Розова од глава до пети: Познатата русокоса прошета низ градот како Барби
Гвинет Палтроу неодамна беше фотографирана во Њујорк, каде што се појави во емисија. Актерката го привлече вниманието на јавноста, особено на модните критичари, со својот изглед.
Невообичаено, а толку убаво, можеме само да кажеме дека нè остави без зборови. Изгледаше исто како Барби.
За оваа посебна пригода, Гвинет одлучи да облече женствен комбинезон во металик розова боја кој ја следи линијата на телото и ја нагласува витката фигура. Ова монохроматско издание го комплетираше со високи потпетици во пастелно розова боја, а додаде и ремен во малку потемна нијанса од гореспоменатата боја.
Стајлингот го комплетираше со едноставна шминка во природни тонови, а прамените од косата ги остави слободно да паѓаат. Ги поздрави љубопитните фотографи со блескава насмевка.
Забава
(Видео) Сидни Свини мами воздишки во фустан со длабоко деколте – и нема намера да престане
Сидни Свини со денови го привлекува вниманието на јавноста откако ја откри вистината за своите гради. Покрај тоа, таа често носи атрактивни комбинации кои ги истакнуваат сите нејзини атрибути и се чини дека нема намера да престане.
Сега во снежно-бел фустан и со своите модни избори многумина ги потсети на легендарната Мерилин Монро.
Актерката неодамна присуствуваше на премиерата на филмот „The Housemaid“ во Лос Анџелес, а за таа пригода донесе магичен фустан кој ја следи линијата на телото и ја нагласува нејзината завидна фигура.
Станува збор за бела креација украсена со прав крој, длабоко деколте, но и интересни детали од пердуви на рабовите.
Иако самиот фустан не е премногу комплициран, односно нема декоративни моменти, тоа не значи дека Сидни не блесна на црвениот тепих. Напротив, токму оваа едноставност придонесе нејзината вистинска убавина да излезе на виделина.
Својот стајлинг го комплетираше со шминка во природни тонови, како и впечатлив црвен кармин, и ги остави своите руси прамени слободно да паѓаат.

