Контакт

Забава

(Видео) Инвазија на диви свињи во Белград, една настрада во центарот на градот

Објавено пред

Српската престолнина Белград последниве неколку дена е под инвазија на диви свињи кои побегнале од Големиот воен остров поради надојдената вода, пренесуваат локалните медиуми.

Според податоците, овие диви животни најпрво се упатиле кон Нов Белград и Земун, а сега се движат и низ централното подрачје на градот.

На Земунскиот кеј синоќа биле фатени три диви свињи од страна на ловечките друштва „Земун“ и „Ветерина Београд“, со што вкупната бројка се искачи на шест заловени животни во последниве неколку дена.

Медиумите, исто така, објавија дека една дива свиња настрадала во центарот на Белград.

Имено, откако таа рано утрово влегла во јавна гаража, работниците од паркинг службата се обиделе да ја избркаат, при што животното скокнало преку ограда на шестиот кат и угинало.

Една дива свиња денеска била забележана и на Калемегдан како се обидува да се искачи на бедемите.

Управата за шуми ги предупреди жителите на Белград на потенцијална опасност од диви свињи, кои се присутни во некои делови на општините Земун и Нов Белград.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Рони Вуд признава дека по толку години зависност од алкохол и дрога, чудо е што е жив

Објавено пред

Новиот документарен филм за животот на Рони Вуд (72), долгогодишен член на неуништливиот бенд „Ролинг стоунс“, отворено се осврнува на темата за пороците. Името на филмот е малку симболично, Someone Up There Likes Me, што најдобро кажува како Вуд гледа на последните децении од својот рокерски живот исполнет со дрога.

„Искрено, тоа што сум жив е еднакво на светско чудо. Првото прашање што гледачите ќе си го постават е: ‘Леле, како тој го преживеа сето ова’“, рече Вуд на филмската премиера во Лондон.

Документарецот носи многу анегдоти од турнеи, снимања и проба, а гитаристот признава дека повеќето негови познајници и пријатели со кои споделувал сличен животен стил не преживеале.

Неуништливиот гитарист на „Стоунс“ го победи ракот на белите дробови и ја преживеа долгогодишната зависност од алкохол и дрога. Тој тврди дека пред девет години успеал да се ослободи од пороците и оттогаш живее сосема поинаков живот. Вуд е во брак со театарската продуцентка Сали (41), со која ги има тригодишните близначки Алис и Греси.

Прикажи повеќе...

Забава

Се продава куќата од серијата „Сејнфилд“, сопствениците ќе заработат милиони

Објавено пред

Во една од најпопуларните ТВ-серии на сите времиња, „Сејнфилд“, кој ѝ беше дом на Елејн Бенес, примамливиот имот во моментот е на продажба за речиси 8,5 милиони долари. Сегашните сопственици Хари Азорин и Лори Монсон ја купија куќата во 1995 година за 900.000 американски долари, така што инвестицијата може да се покаже многу успешна.

Во тоа време тие беа привлечени од историскиот карактер на куќата, пренесува „Пипл“, а повеќето епизоди од серијата биле снимени пред да се преселат на имотот.

Куќата е изградена во 1939 година и се наоѓа во елитен дел на Њујорк, па дури и денес обожавателите честопати доаѓаат да ја видат или да застанат при прошетка бидејќи им е позната од некаде.

Прикажи повеќе...

Забава

Позната поп-ѕвезда од Јужна Кореја пронајдена мртва во својот дом

Објавено пред

Познатата поп-ѕвезда Сали (25) е пронајдена мртва во својот дом во близина на Сеул.

Пејачката не одговорила на повиците на менаџерот, а кога отишол кај неа, ја нашол мртва како лежи на подот.

Сали, чие вистинско име е Чон Џин-Ри, ја прекинала својата пејачка кариера во 2014 година по жестоките критики, навреди и вознемирувања испратени до неа преку интернет.

Таа исто така била истакната актерка. Со шоу-бизнис почнала да се занимава уште на 11-годишна возраст кога глумела во познатата корејска серија „Баладата на Сеодонг“.

View this post on Instagram

영혼 잠시 어디간 금머

A post shared by 설리가진리 (Sulli) (@jelly_jilli) on

Сепак, најголемата слава ја оствари кога стана членка на корејската и светската сензација „f(х)“ со колегите Викторија, Амбер, Луна и Кристал.

Точната причина за нејзината смрт за сега не е позната.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 минути

Османи во итна посета на Луксембург и Брисел на консултации со ЕУ

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска, патува за Луксембург и Брисел на последни консултации и разговори...

Спорт11 час

Ајакс со еколошки гест – до Лил ќе патуваат со воз наместо со авион

Холандските шампиони, Ајакс, се решија за еколошката опција за патувањето за следниот меч во Лигата на шампионите против францускиот Лил,...

Македонија13 часа

Пронајден затвореникот кој утрово им побегна на затворските чувари додека купувале сендвич

Полицијата го пронајде и уапси затвореникот кој утрово успеа да им помогне на затворските чувари додека купувале сендвич. Од МВР...

Македонија14 часа

Димитров во Брисел: Европа да ја согледа важноста и да донесе визионерска одлука

Во рамки на првиот ден од работната посета на Брисел, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, за првпат се обрати...

Македонија15 часа

Утре состанок на историчарите на Македонија и Бугарија, Владата останува посветена на Договорот

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска имаше средба со нашите историчари, членови на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и...

Топ16 часа

Маж пронајден починат покрај локален пат

Вчера напладне покрај пат во селото Рогачево, Тетовско, бил пронајден починат маж од Скопје. Се работи за лице на 67-годишна...

Македонија16 часа

Бојан Јовановски повторно пренесен во болница поради проблеми со желудникот

Oбвинетиот Бојан Јовановски, познат како Боки 13, повторно е пренесен во болница поради проблеми со желудникот. Јовановски бил пренесен на...

Македонија16 часа

Бактеријата мрса се шири во градинка во Кисела Вода

Бактеријата мрса, која е отпорна на антибиотици, била пронајдена кај три дечиња и кај воспитувачка во градинката „Весели цветови“ во...

Економија17 часа

„Еуромакс рисорсис“ поднесе тужба на решението за рудникот „Иловица-Штука“

„Еуромакс рисорсис“ поднесе тужба до Управниот суд против решението на второстепената државна комисија од 5 септември, со кое ја одби...

Македонија20 часа

Плевнелиев: Македонија заслужува членство во ЕУ, Макрон греши

Го поддржувам пристапот на Македонија и на Албанија во Европската Унија, изјави поранешниот претседател на Бугарија, Росен Плевнелиев, за БГНЕС....

Свет21 час

(Видео) Шест години затвор за мајка што лажела дека синот има карцином – за 10 години му направиле 13 операции

Мајка лажно тврдела дека нејзиниот син има карцином, па десетгодишното дете било подложено на 13 операции иако воопшто не било...

Топ22 часа

Планинар падна од карпа, со хеликоптер пренесен во болница

Дваесет и шестгодишен планинар од Битола е тешко повреден кога вчера, качувајќи се по патека кон врвот на Илинден, се...

Топ22 часа

Истрага за случајот во Богданци: се опијаниле, па со стол сакал да го убие соседот

Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против 60-годишен жител на Богданци поради постоење основано сомневање дека...

Македонија22 часа

Катица Јанева се враќа во притворот во Шуто Оризари

Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, денеска од болница ќе биде вратена во истражниот затвор во Шуто Оризари. Јанева, која е...

Македонија23 часа

Владата денешната седница ќе ја одржи во Битола

Владата својата редовна 159-та седница денеска ќе ја одржи во Битола, во зградата на Општина Битола. Со оваа прва седница...

Европа1 ден

Право и правда победи на изборите во Полска

Владејачката полска конзервативна партија Право и правда освои најголем број гласови на парламентарните избори и обезбеди мнозинство во парлментот, покажаа...

Европа1 ден

Орбан ја загуби Будимпешта, Карашони нов градоначалник

Унгарската опозиција победи на локалните избори во главниот град Будимпешта, нанесувајќи му го првиот пораз на премиерот Виктор Орбан од...

Спорт1 ден

Македонија не издржа во Варшава, Полска се пласираше на ЕУРО 2020 (Видео)

Македонската фудбалска репрезентација вечерва загуби во Варшава од Полска 2-0 (0-0) во рамките на осмото квалификациско коло за пласман на...

Македонија2 дена

Димитров патува за Брисел во пресрет на одлуката за почеток на преговорите со ЕУ

Министерот за надворешни работи Никола Димитров од 14 до 17 октомври ќе престојува во работна посета на Брисел кога се...

Топ2 дена

Во тешката сообраќајна несреќа кај Струмица загина 19-годишна девојка, возачот е во болница

Деветнаесетгодишна девојка од Струмица, со иницијали С.Т. го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 4...

Досие