Забава
(Видео) Кутре ретривер тажно цвили, а она што го направи мачката ги топи срцата

Хана Колсон неодамна доби цело легло преслатки кученца.
Нејзиниот ретривер Олив роди девет кученца, кои постојано ја бараат својата мајка. За среќа, Олив не мора сама да се грижи за своите малечки бидејќи го дели домот со мачката Фиг.
Сопственичката Колсон објави видео на „Тики-ток“ на кое се гледа како кученцето тажно цвили, а неговата исцрпена мајка веќе нема сила да го смири.
Таа уморно стои пред натаженото кутре кое гледа во празно. Тогаш мачката Фиг доаѓа на помош, легнува покрај него и почнува да го мази и да го бања. Мачката успеала во идејата да го утеши бидејќи цвилењето станува сè потивко.
Видеото за три дена собра повеќе од 10 милиони прегледи, а можете да го погледнете во продолжение.
@hannahcolson Baby daddy putting in the work #catdad #goldenretriever ♬ original sound – Hannah Colson
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) „Чекај да дојадам“: видео со мачка и хрчко ги освои социјалните мрежи

На „Редит“ неодамна беше објавено смешно видео од две домашни миленичиња – мачка и хрчко – кое им ги освои срцата на гледачите.
Хрчкото со шепите држи крекер и го грицка, а мачката на почетокот на видеото стои над него. Во еден миг нежно го фаќа со забите за вратот, но веднаш не го носи, туку првин чека малиот глодч да заврши со грицкањето.
Видеото беше прегледано десетици илјади пати и многумина напишаа дека сцената е многу симпатична.
Сепак, некои луѓе коментираа дека идејата можеби не е добра.
„Проблемот е што кога мачката си игра со хрчко, тој може да се повреди за неколку секунди. Тоа може да се случи толку бргу што сопственикот можеби ќе нема време да реагира. Поради начинот на кој мачката си игра, тој може да изгуби око или да скрши нога или, пак, уште полошо“, напиша еден корисник.
„Да, ова е опасно за хрчкото. Особено ако направи некој погрешен потег што ќе ја натера мачката да помисли дека е плен. Тогаш ќе реагира инстинктивно“, додаде друг.
Забава
Фановите тврдат дека алкохолот е виновник за разделбата на Бен Афлек и Џеј Ло

Медениот месец само што заврши, а Бен Афлек и Џенифер Лопез наводно решиле да се разделат на одредено време.
Фановите се загрижени за уморниот изглед на Бен и имаат теорија за вистинската причина зад нивната одлука.
Папараците го забележаа видливиот умор на Афлек среде меден месец, а актерот повторно беше цел на мемиња и сензација на социјалните мрежи.
Дали причината е минатото на Афлек?
Корисниците на „Твитер“ имаат теорија за мистериозната причина за разделбата, а која нема никаква врска со идејата дека тоа го прават за да ја одржат магијата меѓу нив.
Според нив, најверојатно, Лопез побарала од Афлек да побара стручна помош за неговата зависност од алкохол, пишува шпанскиот весник „Марка“.
Афлек ја обвини поранешната сопруга за својата зависност.
Во една од своите најконтроверзни изјави досега Афлек ја обвини својата поранешна сопруга Џенифер Гарнер дека е причина за неговата зависност од алкохол. Во интервјуто со Хауард Стерн актерот изјави: „Дел од причината поради која почнав да пијам беше затоа што се чувствував како да сум заробен. Често си мислев: „Не можам да побегнам од моите деца, но не сум среќен, што можев да направам? Пиев шише виски и заспивав на каучот, што не беше добро решение“.
Но, зависноста на Афлек датира многу порано пред бракот со Гарнер, па дури и пред неговата прва врска со Лопез.
Тој се пријави на лекување во 2001 година, потоа двапати додека беше во брак со Гарнер и повторно во 2017 и 2018 година.
Забава
Партнерот на Винона Рајдер ја помешал со Мила Јовович кога првпат се запознале

Партнерот на Винона Рајдер мислел дека таа е Мила Јовович кога првпат се запознале.
50-годишната актерка откри дека е неверојатно што модниот дизајнер Скот Мекинлеј Хан – со кој е во врска од 2011 година – не е вклучен во истата индустрија како неа, а неговото недоволно познавање на Холивуд довело до смешна незгода.
Во интервју за британскиот магазин „Харпер базар“ таа рече: „Имаме многу заедничко. Се поврзавме на толку многу нивоа. Но, неверојатно е што тој не е во оваа работа“.
„Мислеше дека сум Мила Јовович. Ми рече дека сум супер во ‘Петтиот елемент’“.
Актерката од Stranger Things неодамна призна дека не водела сметка за себе по разделбата од Џони Деп во 1993 година, но еден добар терапевт ја посоветувал да замисли да биде понежна кон помладата верзија од себе, што ѝ помогнало.