Контакт

Забава

(Видео) Лејди Гага за шпекулациите дека е маж: Еве зошто никогаш не зборував за тоа

Објавено пред

Лејди Гага се појави во втората епизода на „Што е следно? Иднина со Бил Гејтс“ ѝ зборуваше за шпекулациите што ја следеа на почетокот на нејзината кариера. Во тоа време едно од најчестите тврдења беше дека 38-годишната пејачка всушност е маж.

Во 2011 година таа изјави за Си-ен-ен: „Зошто, по ѓаволите, ќе го губам своето време испраќајќи соопштенија за печатот за тоа дали имам или немам пенис? На моите обожаватели не им е гајле, а ниту мене“.

Сега, по 13 години, повторно ја допре таа тема.

„Кога бев во раните дваесетти, се шушкаше дека сум маж. Пропатував во целиот свет, правев турнеи, промовирав албуми и речиси во секое интервју ми кажуваа дека има шпекулации дека сум маж и ме прашаа што имам да кажам за тоа. Причината што не одговорив на прашањето е што не се чувствував како жртва на таа лага“, изјави Гага.

„Но, размислував за тоа. Што е со некое дете кое е обвинето за такво нешто, кое би помислило дека јавна личност како мене треба да се срами? Имаше фотошопирани фотографии на интернет и луѓето велеа: „Знаете дека има шпњкулации дека си маж, што имаш да кажеш на тоа?“, се присети Гага.

„Сум била во ситуации кога корегирањето на шпекулациите не било во најдобар интерес – размислував за доброто на другите луѓе. Затоа во тој случај се обидов да бидам провокативна на друг начин. Се обидов да користам дезинформации“, заклучил музичарката.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Седум опасни болести што се пренесуваат преку крлежи: Не смеете да ги игнорирате симптомите

Објавено пред

Од

Сезоната на крлежи носи зголемен ризик од сериозни инфекции што можат да предизвикаат сериозни компликации ако не се откријат и лекуваат на време.

Со доаѓањето на потоплите денови, започнува сезоната на крлежи, ситни штетници што можат да пренесат бројни опасни болести. Експертите предупредуваат дека некои инфекции можат да имаат сериозни здравствени последици ако не се препознаат и лекуваат на време.

Меѓу најпознатите болести што се пренесуваат преку крлежи е Лајмската болест, бактериска инфекција која најчесто се препознава по црвенилото околу местото на каснување. Доколку не се лекува навреме, може да влијае на срцето, мускулите и нервниот систем и да предизвика трајни последици.

Крлежите можат да пренесат и вирусен менингоенцефалитис, болест која во тешки случаи предизвикува воспаление на мозокот и менингите. Симптомите вклучуваат висока температура, главоболка, болки во мускулите и сериозни невролошки компликации.

Една од поопасните инфекции е медитеранската пегава треска, која е придружена со висока температура, осип по телото, гадење и силна исцрпеност. Без навремен третман, може да доведе до тешка клиничка слика.

Анаплазмозата е уште една болест што се пренесува преку крлежи и може да предизвика треска, слабост, болки во мускулите и проблеми со дишењето. Во потешки случаи, работата на нервниот систем и внатрешните органи е нарушена.

Меѓу помалку честите, но сериозни инфекции е туларемијата, позната како „зајачка треска“, која може да предизвика воспаление на лимфните јазли, промени на кожата и проблеми со белите дробови.

Кримско-конгоанската треска, вирусна болест придружена со обилно крварење, висока температура и сериозни нарушувања на протокот на крв, е особено опасна. Смртноста во тешки случаи може да биде многу висока.

Крлежите можат да пренесат и бабезиоза, инфекција слична на маларијата што ги напаѓа црвените крвни зрнца. Кај луѓето со послаб имунитет и постарите лица, може да предизвика сериозни компликации.

Експертите советуваат дека по престојот во природа, телото мора да се прегледа, особено областите зад ушите, под пазувите, на вратот и нозете.

Во случај на симптоми како што се треска, осип или невообичаен замор, потребно е што поскоро да се контактира лекар.

 

фото/Depositphotos

Прикажи повеќе...

Забава

Раното станување не мора да биде проблем: Ова се трикови за полесно будење и подобар сон

Објавено пред

Од

Експертите откриваат како малите промени во навиките можат да ви помогнат да се разбудите поодморени, полесно да заспиете и да имате повеќе енергија во текот на денот.

За многумина, раното станување е секојдневен проблем, но експертите истакнуваат дека телото постепено може да се навикне да се буди порано без голем стрес и исцрпеност.

Најважно е да не го менувате распоредот нагло. Се препорачува да си легнувате и да се будите 15 минути порано на секои неколку дена за да може телото полесно да се адаптира.

Утрински навики

Природната светлина веднаш по будењето може да му помогне на телото да се разбуди и да го намали чувството на замор. Експертите исто така советуваат да не отстапувате премногу од вашиот редовен распоред за спиење за време на викендите.

Доволниот сон, исто така, игра голема улога, бидејќи на повеќето возрасни им се потребни помеѓу седум и девет часа одмор навечер.

Што го нарушува квалитетот на сонот?

Кафето и енергетските пијалоци во доцните часови можат да го отежнат заспивањето, како и користењето на телефонот, компјутерот и телевизорот пред спиење поради сината светлина што го нарушува природниот ритам на телото.

Доцните и обилни вечери, исто така, можат да го влошат квалитетот на сонот, додека лесните вечерни рутини како што се читањето или опуштањето можат да му помогнат на телото да се подготви за одмор.

Експертите предупредуваат дека честото одложување на алармот може да предизвика уште поголемо чувство на замор, а ако исцрпеноста трае долго време, треба да се консултирате со лекар.

 

фото/Depositphotos

Прикажи повеќе...

Забава

(Фото) Портпаролката на Белата куќа сподели фотографија со бебето Вивијана

Објавено пред

Од

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, која на 28 години стана најмладата секретарка за печат во историјата на Белата куќа, на социјалните мрежи сподели фотографија од своето второ дете – ќерката по име Вивијана.

„На 1 мај, Вивијана, или Виви, се придружи на нашето семејство и нашите срца веднаш се исполнија со љубов. Таа е совршена и здрава, а нејзиниот постар брат среќно се навикнува на животот со новата сестра. Уживаме во секој момент со нашето бебе“, напиша Левит.

Левит изјави дека од 24 април е на породилно отсуство, и дека нејзиниот последен ден во прес-салата бил на 28 април, по инцидентот откако вооружен напаѓач се обиде да влезе на вечерата на дописниците на Белата куќа.

Левит е во брак со 32 години постариот американски претприемач Николас Ричио. Тие се во брак од 2025 година, непосредно пред нејзиното преземање на функцијата во Белата куќа. Првото дете го добија во 2024 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Поднесено обвинение за обезбедувачот на Мицкоски кој ја давеше сопругата

Обвинителството поднесе обвинение за телесна повреда против обезбедувачот на премиерот, Христијан Мицкоски, кој ја нападна неговата сопруга. Според наводите во...

Топ3 минути

(Видео) Нема Македонец ниту како патник ниту како член на екипажот на крузерот со хантавирус, Андонова вели граѓаните да бидат спокојни

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) е подготвен да дијагностицира пациенти заразени со хантавирусот кој е откриен на крузерот во Јужен...

Економија31 минута

Левица: Фотоволтаиците открија колапс на електроенергетскиот систем, предлагаме интервентни мерки за стабилизација

Постоечкиот електроенергетски систем не е подготвен да се справи со зголеменото производство на електрична енергија од фотоволтаици, велат од Левица....

Спорт34 минути

ПСЖ ќе им обезбеди на вработените бесплатен превоз и билети за финалето на ЛШ

Претседателот на шампионите на Европа повторно одлучи да ги награди сите вработени во ПСЖ. Париз Сен Жермен ќе им обезбеди...

Црна хроника35 минути

Измамена велешанка: преку СМС добила порака за сторен сообраќаен прекршок

Вчера во 16:00 часот во СВР Велес, 43-годишна велешанка пријавила дека била измамена за сума од 16.592 денари. Според пријавеното,...

Црна хроника39 минути

Со картичка и полномошното на покојниот сопруг подигала пари од банкомат: кривична за делчевка

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Р.С.(54) од Делчево. Таа се сомничи за сторено кривично дело...

Македонија44 минути

Мисајловски: Како НАТО членка нашата амбиција е да бидеме уште поактивно вклучени во европските одбранбени иницијативи

Денеска во Министерството за одбрана, министерот Владо Мисајловски се сретна со делегација од Европската Унија предводена од Космин Добран, директор...

Црна хроника45 минути

Допирал по телото малолетничка: уапсен 79-годишен скопјанец

Синоќа во 23:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.Д.(79) од Скопје. Полицијата постапила...

Култура47 минути

Започна шестото издание на Скопскиот поетски фестивал

Со оддавање почит на поетот Тихомир Јанчовски и читање песни во негова чест, синоќа во 20:00 часот во Младинскиот културен...