Забава
(Видео) „Марксмен“ со Лиам Нисон на врвот на боксофисот втора недела по ред

Акциониот трилер со Лиам Нисон во главната улога го задржа првото место на киноблагајните веќе втор викенд со заработка од 2.03 милиони долари.
10 дена по неговото премиерно прикажување, „Марксмен“ веќе заработи околу 6.1 милиони долари, пренесуваат медиумите.
Во трилерот во продукција на „Опен роуд филмс“, Нисон глуми сточар од Аризона, поранешен маринец кој се обидува да спаси младо момче од канџите на мексикански картел.
Актерската екипа ги вклучува Кетрин Виник, Хуан Пабло Раба, Тереза Руиз и Џо Перез.
Цифрите на киноблагајните сè уште се значително намалени во споредба со истото време изминатите години поради пандемијата на Ковид-19. Според „Дедлајн“, во моментов отворени се приближно 56% од 5.900 киносали во САД и Канада.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Хари и Меган го открија полот на своето второ дете

Британскиот принц Хари (36) и неговата сопруга Меган Маркл (39) во ексклузивното интервју со американската водителка Опра Винфри го открија полот на своето второ дете.
Двојката откри дека нивното второ дете, кое треба да се роди налето, е девојче и поради тоа, признаваат тие, се неверојатно возбудени.
Веста дека очекуваат второ дете беше симболично објавена на Денот на вљубените.
Хари и Меган го имаат синот Арчи, кој во јули ќе наполни две години.
Забава
Ања Тејор Џој доби уште еден трофеј за улогата во „Дамски гамбит“

Таа во неделата вечерта однесе уште една награда за нејзината волшебна изведба на шахистка во хит драмата „Дамски гамбит“.
Ања Тејлор-Џој изгледаше прекрасно во раскошен фуста на „Диор“, додека го прифаќаше трофејот за најдобра актерка во лимитирана серија на синоќешното доделување на Critics’ Choice Awards, награди што ги одредува филмската и телевизиската критика и кои ја поставуваат базата на остварувања што ќе влезат во финалната трка за „Оскар“.
„24-годишната актерка носи креација за која на двајца уметници им беа потребни речиси 200 часа за да ја направат“, Марија Грација Кјури, креативната директорка на париската модна куќа, изјави за списанието „Вог“.
Забава
Кралски извори предупредуваат: Принцот Хари и Меган можe бидат лишени од титулите војвода и војвотка

Принцот Хари и Меган Маркл би можеле да ги изгубат своите титули војвода и војвотка од Сасекс, објавија британски весници во неделата, повикувајќи се кралски соработници, кои тврдат дека „сè е на маса“ по фамозното интерву за Опра.
Официјални лица на палатата наводно дискутирале дали Хари треба да биде лишен од титулата војвода.
На принцот Хари веќе му беа одземени воените титули и покровителства.
Според „Тајмс“, високи соработници во палатата минатата недела заклучиле дека на Хари може да му биде одземено војводството или да му биде побарано да го врати, бидејќи оваа титула ја добил кога работел за монархијата.
И принцот Хари (36) и Меган Маркл (39) избраа да живеат во Калифорнија и да не преземаат кралски должности.
Официјалните лица признаваат дека таквиот потег би бил „голем чекор“, со што всушност се раскинува минатогодишниот договор за заминувањето на двојката.
Прашањето сè уште не е поставено кај кралицата, која треба да одобри ваков потег, според „Сандеј тајмс“.
Според кралски извор, кралицата е прилично вознемирена од одлуката на Хари и Меган да говорат за приватниот живот во телевизиско интервју што ќе се емитува во понеделник во Велика Британија, а вчера беше прикажано во САД.
„Имаше разговори во Палатата во врска со тоа како да му се одземе војводството“, изјави изворот за весникот. „Никогаш порано не е сторено такво нешто, но има луѓе кои сметаат дека тоа е изводливо и пожелно.“
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија3 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа2 недели
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија4 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“