Забава
(Видео) Меган Маркл главна кандидатка да ја замени Витни Хјустон во „Телохранител 2“
Сопругата на принц Хари, Меган Маркл, е подготвена да му се врати на актерството во римејк на „Телохранител“, објавија светски шоу-биз медиуми, кои потсетуват дека нејзината покојна свекрва, принцезата Дијана, требаше да глуми во продолжение на блокбастерот од 90-тите.
Според „Експрес“, војвотката од Сасекс, најверојатно, ќе има главна улога во римејкот на класикот од 1992 година, во кој главните улоги ги имаа Витни Хјустон и Кевин Костнер. Во оригиналниот филм титуларниот телохранител Френк Фармер беше ангажиран да ја штити поп-пејачката Рејчел Марон, која ја глумеше Витни.
Проектот на „Нетфликс“, вреден 160 милиони долари, може да го спаси договорот од 154 милиони долари помеѓу Сасекси и стриминг-гигантот, кој наводно стои на стаклени нозе.
Медиумите порано пишуваа дека принцезата Ди сакала да се занимава со актерство, а непосредно пред нејзината прерана смрт во сообраќајна несреќа таа се обидела да стане дел од тимот од можното продолжение.
Во интервју во 2012 година, Кевин Костнер, кој во оригиналниот филм го глуми титуларниот телохранител Френк Фармер, рече: „На студиото му се допадна идејата да се направи ‘Телохранител 2’ со принцезата Ди како нов љубовен интерес. Ние со принцезата разговаравме. Јас кажав дека сум подготвен да ја штитам, исто како што ја штитев Витни. Таа сакаше јас да го напишам сценариото специјално за неа“, изјави Костнер во 2012 година.
Тајниот агент, кој станува телохранител, според сценариото, требало да ја заштитува принцезата од опсесивни фанови и, уште повеќе, од упорните папараци, а на крајот меѓу нив двајца – исто како и во првиот филм – требало да се развие љубовна приказна. Сценариото било завршено на 31 август 1997 година на денот на смртта на Дијана.
Првично, сценариото за „Телохранител“ било напишано за Стив Меквин и Дајана Рос во 70-тите години, но проектот бил завршен дури кога за него се заинтересирал Костнер, кој не само што го толкуваше главниот машки лик туку беше и продуцент на филмот.
Тој исто така инсистирал Витни да пее во филмот. Како резултат на тоа, песната од филмот, I Will Always Love You, стана една од најпопуларните во светот.
Протагонистката на главната хеојка, Витни Хјустон, филмот ја претвори од поп-ѕвезда во ѕвезда на екраните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Ќерката на Еминем, Хејли Џејд, бремена
Биолошката и најмлада ќерка на Еминем, Хејли Џејд, го чека своето прво дете со сопругот Еван Меклинток.
51-годишниот музичар ја откри среќната вест во спотот за својата песна Temporary. Видеото содржи стара домашна снимка од ќерка му. На крајот од видеото Еминем сподели видео на кое Хејли Џејд му открива дека го чека своето прво дете.
Тогаш Хејли објави и неколку фотографии со сопругот на „Инстаграм“ и откри дека ќе стане мајка.
View this post on Instagram
За потсетување, Хејли Џејд кон средината на мај се омажи за својот партнер Еван Меклинток, со кој беше во долга врска, а на социјалните мрежи сподели фотографии од венчавката.
„Оваа недела се разбудив како сопруга. Не можевме да замислиме подобра и поубава прослава. Пролеавме многу солзи радосници. Многу се смеевме и можеше да се почувствува толку многу љубов“, напиша тогаш во описот на објавата.
Додаде дека таа и Еван се благодарни што толку многу членови на семејството и пријатели отпатувале за да ги поддржат и да бидат дел од нивното ново животно поглавје. Двојката се запозна на колеџ и почна да се забавува во 2016 година. Многу следбеници ѝ ја честитаа свадбата.
Да потсетиме, раперот и неговата поранешна сопруга Ким Скот ја добија Хејли во 1995 година. За разлика од многу славни деца, Хејли никогаш не сакала да биде во очите на јавноста.
Дипломирала на Државниот универзитет во Мичиген со диплома по психологија во 2018 година. Пред две години таа го почна поткастот Just A Little Shady со својата пријателка Британи Едни, а потоа создаде модна линија.
Еминем има уште две ќерки. Тој ја посвои Алаина Скот во 2002 година. Нејзината биолошка мајка, покојната Доун Скот, е сестра близначка на поранешната сопруга на Еминем, Кимберли. Покрај неа, тој ја посвоил и Витни Матерс, ќерка што Кимберли ја имал од друг маж.
Забава
„Колдплеј“ заминува во пензија по 12. албум
„Колдплеј“ се подготвува за пензија. Ова го откри фронтменот на бендот, Крис Мартин, велејќи дека и 12-тиот албум на бендот ќе биде последен.
„Ќе снимиме 12 албуми и тоа е тоа“, изјави тој во интервју за „Епл мјузик“ за најавата за новиот албум. Нивниот десетти албум, Moon Music, излегува на 4 октомври оставајќи им на фановите само уште два да очекуваат.
На прашањето зошто бендот си наметнува лимит, Мартин рече:
„Постојат само седум книги за Хари Потер. Има само 12 и пол албуми на ‘Битлси’, исто толку колку и Боб Марли, сите тие се наши идоли. Исто така, таквото ограничување наметнува и квалитет. Песната мора да биде навистина добра за да се најде на тие албуми бидејќи има ограничен број места“.
„Не сакам да се мачиме и да работиме напорно на 60 години“, вели тој. Сепак, Мартин најави и дека нема да престане да се занимава со музика. Секогаш ќе го правам тоа на некој начин, но нешто е поинаку со ‘Колдплеј’“, заклучи тој.
„Колдплеј“ е англиски алтернативен рок -енд, основан во 1996 година во Лондон. Групата ја сочинуваат пејачот, клавијатурист и гитарист Крис Мартин, гитаристот Џони Бакланд, басистот Гај Бериман и тапанарот Вил Чемпион. Новиот албум Moon Music ќе содржи 10 песни. Се зборуваше за аванс од 35 милиони фунти за албумот, што, доколку е точно, е најголемиот аванс за албум во историјата.
Забава
Филмот на Алек Болдвин, на чие снимање беше убиена снимателката, набргу ќе ја има својата премиера
Филмот „Раст“ ќе има премиера на полскиот филмски фестивал следниот месец, пишува Си-ен-ен. Три години откако кинематограферката Халина Хачинс трагично почина на снимањето, светската премиера ќе се одржи на 23 ноември на фестивалот EnergaCAMERIMAGE, со панел-дискусија, на која ќе учествува и режисерот на филмот, Џоел Соуза, кој исто така беше повреден во пукањето.
„Снимателите ќе разговараат за настаните поврзани со филмот нудејќи увид во продолжувањето на продукцијата по смртта на Халина. Одржувањето на нејзината уметничка визија, колку и да беше предизвик за целата екипа, беше важно за филмскиот тим бидејќи се надеваат дека ќе ја исполнат својата должност да ја завршат нејзината работа“, стои во најавените проекции.
„Раст“ е приказна за 13-годишно момче, кое е оставено да се грижи за себе и за својот помал брат по смртта на нивните родители во Вајоминг во периодот на 1880 година. Тој оди во бегство со својот одамна отуѓен дедо откако е осуден на бесење за случајно убиство на локален сточар. Болдвин нема да биде присутен на проекцијата.
Да потсетиме, Болдвин ја уби снимателката Халина Хачинс во 2021 година, а на сетот беше ранет и режисерот Џоел Соуза. Му се закануваше затворска казна до 18 месеци за убиство од небрежност. Актерот се изјаснил за невин и рекол дека не знаел оти во пиштолот имало вистински куршум.
Во јули оваа година тој беше ослободен од обвиненијата за убиство од небрежност. Кога судијата го прогласи за невин, актерот се расплака, а неговата сопруга Хиларија Болдвин истрча да го прегрне, која плачеше заедно со него.
Неколку месеци претходно, реквизитерката Хана Гутиерез-Рид, задолжена за оружјето на филмскиот сет, која го наполни пиштолот на актерот Алек Болдвин пред да ја застрела и убие снимателка на сетот на „Раст“ во 2021 година, беше прогласена за виновна за убиство од небрежност.