Забава
(Видео) Научници го пронајдоа и уништија првото гнездо на џиновски стршни во САД
Американски научници успешно гo уништија првото гнездо на гигантски азиски стршни откриени во американската држава Вашингтон благодарение на уред за следење поставен на некои примероци. Гнездото на стршните со помош на вакуум било извчечено од стебло на дрво.
Станува збор за опасен инвазивен вид инсекти, кој важи за најголемиот вид стршни во светот, со дијаметар на крилјата од 7,6 сантиметри, пишува Би-би-си.
Само неколку од овие опасни инсекти можае да уништат легло на пчели за неколку часа и да убијат стотици пчели пред да го заземат нивното живеалиште.
Телото им е долго 5 сантиметри, а освен што ги уништуваат пчелите, тие се опасни и за луѓето, кои ги напаѓаат во одбрана. Повеќе убоди може да бидат фатални, дури и за луѓе што не се алергични.
Нивниот отровен убод може да навлезе и преку заштитна облека, но на глобално ниво бројот на луѓе што ги убиваат секоја година е релативно низок. Според вашингтонскиот музеј „Смитсонијан“, секоја година во Азија како последица од нивниот убод умираат меѓу 30 и 50 лица. Нивното природно живеалиште е на подрачјето на Азија – од Кина до Јапонија.
Стршните убијци првпат беа забележани во Канада во август 2019 година, а неколку месеци подоцна, во декември 2019 година, овие инсекти се појавија и во американската држава Вашингтон.
In true 2020 fashion, our last video accidentally had several minutes of black screen at the end. Here’s what we meant to post of the #AsianGiantHornet nest found in a tree cavity in Whatcom County. pic.twitter.com/f1vO8qxmly
— WA St Dept of Agr (@WSDAgov) October 23, 2020
Ентомолозите, научници што проучуваат инсекти, пронајдоа гнездо со речиси 200 опасни инсекти во градот Блејн во близина на границата со Канада.
Quite a morning shooting Asian giant hornets and our WA Ag workers taking them out in Blaine. Love those sting-resistant suits they wear! #MurderHornets pic.twitter.com/K2ZmASinUs
— Elaine Thompson /// journalism matters (@ElaineMThompson) October 24, 2020
Во саботата тим ентомолози во заштитни костими, со помош на специјален апарат, успеаја да го вшмукаат гнездото на инсектите од дрвото, кое потоа беше исечено за да спречи создавање нови гнезда.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Hitech
„Нетфликс“ се повлече од купувањето на „Варнер брос Дискавери“
По неколкумесечни преговори, Нетфликс се повлече од понудата за купување на Варнер брос Дискавери, отворајќи му пат на Парамаунт и Скајденс во договор вреден околу 111 милијарди долари, објави Би-Би-Си.
Варнер брос Дискавери, кој е на продажба од минатата година, соопшти дека најновата понуда на Парамаунт е супериорна во однос на онаа на Нетфликс. Раководството на Нетфликс одби да ја зголеми понудата, наведувајќи дека трансакцијата повеќе не е финансиски привлечна по таа цена.
Во декември, Варнер брос Дискавери прифати делумна понуда од Нетфликс во вредност од околу 72 милијарди евра, која вклучуваше купување на филмското и ТВ студио и платформата Ејч-Би-О Макс.
Сепак, Парамаунт поднесе повисока конкурентска понуда, со што се наметна како фаворит. Калифорнискиот државен обвинител Роб Бонта изјави дека договорот сè уште не е конечен и дека регулаторите ќе спроведат темелна истрага.
Доколку биде одобрен, Парамаунт ќе го преземе Ејч-Би-О Макс, како и телевизиските мрежи во сопственост на Варнер брос Дискавери, вклучително и Си-Ен-Ен, што може значително да го промени стриминг и медиумскиот пазар во Холивуд.
Фото: Depositphotos
Забава
Астро прогноза за март 2026: Два знака ќе доживеат финансиски пресврт
Според кинескиот календар, од 5 март до 4 април трае периодот на Металниот Зајак – симбол на дипломатија, хармонија и компромис, со дополнителна решителност и јасност што ја носи елементот Метал. Ова е месец во кој ќе успеат најмудрите, а не најбрзите. Погоден е за учење, преговори, обновување на односите и финансиско планирање.
Што ги очекува знаците:
Стаорец (1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008, 2020) – можен кариерен пробив, но преку дополнително учење и внимателна комуникација.
Бивол (1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009, 2021) – плановите се остваруваат со трпение; поволен период за разговор за унапредување.
Тигар (1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010, 2022) – напредок преку дипломатија; хармонија во љубовта.
Зајак (1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011, 2023) – просперитет, но потреба од одмор и релаксација.
Змеј (1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012) – внимателност со документи и долгови; можни патувања.
Змија (1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013) – финансиски напредок со мудри и стрпливи чекори.
Коњ (1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014) – силни емоции и можност за љубов; шанса за дополнителни приходи.
Овца (1955, 1967, 1979, 1991, 2003, 2015) – признание и професионален успех; засилен социјален живот.
Мајмун (1956, 1968, 1980, 1992, 2004, 2016) – време за акција и храброст; нови контакти носат финансиски потенцијал.
Петел (1957, 1969, 1981, 1993, 2005, 2017) – фокус на здравјето и избегнување конфликти.
Куче (1958, 1970, 1982, 1994, 2006, 2018) – учење и личен развој; можни мали финансиски предизвици.
Свиња (1959, 1971, 1983, 1995, 2007, 2019) – љубовта во фокус, но и можност за подобрување на финансиите.
Месецот на Металниот Зајак носи мирен, но ветувачки ритам – успехот ќе дојде преку рамнотежа, трпение и внимателни одлуки.
Фото: Depositphotos
Забава
Морган Фримен за Трамп: Не разбирам како осуден криминалец може да биде претседател
Холивудскиот актер Морган Фримен остро го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп, изјавувајќи дека не може да разбере како „осуден криминалец“ може да ја води државата.
Во интервју за емисијата MS Now, Фримен рече: „Не можам да сфатам како осуден криминалец, со пресуда за 34 кривични дела, може да стане претседател. Како е тоа воопшто можно?“
Тој додаде дека му „нема смисла“ што на Трамп му е дозволено да ја извршува претседателската функција и покрај пресудата.
Фримен и претходно бил критичен кон Трамп, а пред изборите во 2024 година морало да бидат демантирани лажни информации дека актерот ја поддржал неговата кампања.
Во меѓувреме, Трамп влезе во јавна расправија и со актерот Роберт Де Ниро, кој го обвини дека ја уништува земјата, на што Трамп возврати со навреди на својата социјална мрежа.
Фото: Depositphotos

