Забава
(Видео) На деби-албумот на Иван Кукиќ, Sunday vibes, гостуваат Влатко Стефановски и Дадо Топиќ
Деби-албумот на македонскиот кантавтор и мултиинструменталист Иван Кукиќ, со наслов Sunday vibes, под закрила на „Кроатија рекордс“, конечно, ја здогледа светлината на денот.
Албумот содржи десет песни, од кои две се објавени како синглови, „Балада за една љубов“ и „Друмови“.
Иван Кукиќ е авторот што стои зад најголемиот дел од материјалот на албумот, кој го красат интересни соработки; песната „Пружам руке две“ ја отпеа со Дадо Топиќ, Sunday vibes со Влатко Стефановски, Life of Jupiter со групата „Јупитер“, Music philosophy со Теодоси Спасов, Зрно наде со Сакис Доволис, а интересниот сингл „Балкан фанк“ е создаден со Џамбо Агушев и Јан Стефановски.
Иван студира музичка продукција и дизајн на звук, а свири на дури шест инструменти: гитара, тапани, пијано, контрабас и народни инструменти, компонира, аранжира и пее. Иако е многу млад, овој љубител на музиката често настапува во регионот, а беше и дел од неколку меѓународни натпревари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Викторија Бекам го коментираше пожарот во Лос Анџелес: „Срцето ми се крши, чувајте се“
Викторија Бекам се огласи на Инстаграм по повод разорниот пожар кој сè уште беснее во Лос Анџелес.
„Моето срце се крши кога ги гледам уништувањата и загубите предизвикани од овие шумски пожари“, започна таа.
„Лос Анџелес има посебно место во срцата на нашето семејство и нашите мисли и молитви се со сите погодени од пожарот, особено оние кои ги загубија своите домови или најблиските“, додаде таа.
„Ние сме неизмерно благодарни на храбрите пожарникари и службите за итни случаи кои ги ризикуваат своите животи за да ги заштитат другите. Ве молиме бидете безбедни и внимавајте еден на друг во овој тежок период“, заклучи Викторија.
Забава
(Видео) Џејми Ли Кертис совладана од емоции поради пожарот во Лос Анџелес: „Ова е ужасно“
Џејми Ли Кертис се појави на шоуто на Џими Фалон во средата вечер, каде се осврна за разорните пожари што го опустошија Лос Анџелес. Кога се појави во студиото, публиката ја поздравила со аплауз, а 66-годишната актерка признала дека се чувствува како „да ќе заплаче во секој момент“.
„Како што знаете, местото каде што живеам е во пламен во моментов. Буквално, целиот Пацифик Палисадес е во пламен“, рече таа, додавајќи дека за пожарот дознала додека летала за Калифорнија.
„Страшно е луѓе. Катастрофа е во Јужна Калифорнија. Страшни пожари зафатија многу места. Таму живеам јас“, рече таа, додавајќи дека многу нејзини пријатели ги загубиле своите домови.
Забава
Снимка од знакот на Холивуд во пламен се прошири на интернет, не е вистинска
На интернет кружи видео на кое се гледа во пламен холивудскиот знак, еден од главните симболи на Калифорнија. Препознатливите букви во видеото се обвиени со оган, а густ чад се шири низ воздухот. Но, сцената не е реална.
Видеото беше објавено на TikTok, а за кратко време беше прегледано 2,9 милиони пати.
Fake AI generated video of the “Burning”Hollywood Sign is circulating online:
The Hollywood Sign Is NOT currently on fire
The video below ⬇️ is false
(This post will get a community note btw saying exactly what I’ve said) pic.twitter.com/kkcdelqsMv
— TheLyricCreator (@lyricCreator1) January 9, 2025
Меѓутоа, многумина веднаш се посомневаа во автентичноста на снимката и забележаа дека е направена со помош на вештачка интелигенција. Ова верување дополнително се зголеми поради фактот што повеќето видеа од профилот што ја објави снимката се направени со помош на вештачка интелигенција.