Контакт

Забава

(Видео) Никол Кидман и Хју Грант во нова серија

Објавено пред

Холивудските sвезди Никол Кидман и Хју Грант се главни протагонисти во лимитирана серија од шест епизоди на „Ејџ-би-о“.

The Undoing („Поништување“) е мистерија за убиство исполнета со голем пресврт. Сторијата го следи животот на Грејс Сакс, успешна психијатарка и семејна жена, која е во брак со детски онколог.

Но, сè се менува кога после една насилна смрт, нејзиниот сопруг исчезнува, а на површина излегува неговото минато кое дотогаш успевал да го сокрие. Откако ќе дознае ужасни работи за својот сопруг, таа решава да започне нов живот со синот.

Серијата е телевизиска адаптација на популарниот роман „Требаше да знаеш“ (You Should Have Known) на американската писателка Џин Харф Корелиц. Покрај главните протагонисти Никол Кидман и Хју Грант, се појавува и Доналд Сатерленд. За сценариото се погрижи Дејвид Кели, со кој Кидман веќе соработуваше во серијата Big Little Lies.

Забава

Мајкл Џексон и Фреди Меркјури снимиле балада која не била објавена 30 години

Објавено пред

Mr. Bad Guy беше објавенa во 1985 година, но верзијата на песната вклучена во албумот на „Квин“ не е верзијата што Фреди ја снимил со Џексон, пишува „Дејли експрес“.

Џексон и Фреди ја снимиле песната како дует, како и две други песни – State of Shock и Victory.

По смртта на Џексон во јуни 2009 година, Брајан Меј и останатите членови на „Квин“ работеа со наследниците на Џексон за да ги објават овие песни, пренесува британскиот весник

Првичниот план на бендот беше да го издадат дуетот на Џексон-Фреди во 2012 година на компилацискиот албум Queen Forever.

Меѓутоа, Меј имал големи проблеми кога соработувал со компанијата на Џексон, и едвај успеал да ја објави песната две години подоцна, во 2014 година – 33 години откако првично била снимена.

Прикажи повеќе...

Забава

Хали Бери ѝ даде инструкции на Мекој по коментарот дека не е добра во кревет

Објавено пред

Хали Бери е актерка од врвна класа.

Неодамна се појавија гласини дека ѕвездата на хитот „Шифра сабјарка“ е „лоша во кревет“ по несоодветниот коментар на една од водителките на подкастот Cocktails with Queens.

Откако се појавија блогови кои го пренесоа разговорот на водителките на подкастот – Лиза Реј Мекој, Клаудија Џордан, Вивица Фокс и Силена Џонсон  – оскаровката Бери дозна дека била спомната во лоша конотација и затоа во средата се огласи на социјалните мрежи за конечно да ја затвори темата.

Во твит во кој директно ѝ се обраќа на Мекој, Хали напиша: „Г-ѓа @ TheRealLRaye1, прашај го мојот човек Ван Хант, тој ќе ти каже сè што треба да знаеш“.

Сексуалната спосбност на Бери беше доведена во прашање кога домаќинките на подкастот зборуваа за сексуалниот живот на Тони Бракстон, и потоа едната од нив ја спомна Бери.

На прашањето дали сака да каже дека Бери „е лоша во кревет “ Мекој продолжи: „Така велат. Тоа е она што го прочитав, и така слушнав“.

Прикажи повеќе...

Забава

Метју Пери реши да се жени

Објавено пред

Метју Пери објави дека е подготвен да го врзе јазолот со својата девојка Моли Харвиц, откако неодамна се спушти на едно колено за да ја запроси.

Во интерју за списанието „Пипл“, sвездата на „Пријатели“ рече: „Одлучив да се верам. За среќа, во тоа време случајно бев во врска со моментално најдобрата жена на планетава“.

51-годишниот Метју е во врска со 29-годишната Моли од 2018 година, и иако воглавно својата романса ја чуваат надвор од центарот на вниманието, Моли оваа година се појави на Инстаграм на Денот на вљубените за да се пофали со со нејзиниот сакан.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

Мицкоски: Навестувам дека Зоран Заев подготвува нов национален пораз

Заев станува изолиран со тесна клика на платеници и клиентелисти и во лична битка за задржување на фотелјата, наместо во...

Македонија3 часа

Во Тетово, Куманово и Кавадарци стапуваат на сила мерки за заштита поради загадениот воздух

Во Тетово, Куманово и Кавадарци стапуваат на сила препораките и мерките во случај на неколкудневен надминат праг на ПМ10 честички...

Свет4 часа

Во Хонгконг запленети дијаманти со вредност од 700.000 евра

Царината во Хонгконг заплени повеќе од 160 дијаманти во вредност од околу 700.000 евра. Дијамантите се запленети од камион на...

Свет5 часа

Фаучи: Вакцинирајте се дури и ако сте се оправиле од Ковид-19

Водечкиот американски експерт за инфективни болести Ентони Фаучи ги советуваше Американците кои веќе имале коронавирус, или претпоставуваат дека го имале,...

Македонија5 часа

Охридскиот градоначалник со осуда за оштетувањето на споменикот во чест на загинатите бугарски туристи

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески упати јавна осуда поради оштетувањето на споменикот поставен во спомен на бугарските туристи кои ги...

Свет17 часа

СЗО: До 70 отсто од светската популација треба да биде вакцинирана за да се запре коронавирусот

Околу 60-70 проценти од светската популација треба да бидат вакцинирани или да стекнат имунитет, за да се спречи ширењето на...

Македонија19 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ на протести во повеќе градови: „Време е Заев да поднесе оставка“

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечерва со автомобили одржа протести во неколку градови во државата поради ставовите на премиерот Зоран Заев, изнесени во...

Македонија20 часа

(Видео) Димитров: Не отстапуваме од македонскиот јазик и идентитет

Бугарија поради македонскиот јазик и македонската историја одлучи да ги блокира преговорите на Македонија со ЕУ. Во интервју за сараевската...

Македонија22 часа

ДСЗИ наложи итно санирање на руинираните простории во битолската болница

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) и надложи на директорката на битолската болница итно да бидат санирани руинираните простории, како...

Македонија23 часа

Радев: Согласност за Македонија откако ќе се признаат историските факти и искорени омразата

Бугарија треба да даде согласност за почеток на преговорите за Северна Македонија, откако ќе се признаат објективните историски факти и...

Македонија1 ден

Заев: Груевски беше организаторот на „27-ми април“, а не Јанакиески, Ристовски и Вељаноски

Никола Груевски е главен организатор на 27-ми април, а екс-функционерите Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиески се изманипулирани од него,...

Економија1 ден

Поради стравот кај јавноста, АЕК распиша тендер за изработка на студија за влијанието на 4Г и 5Г-мрежите

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) распиша меѓународен тендер за изработка научна студија за влијанието на зрачењата од 4Г и 5Г-мрежите...

Македонија1 ден

Филипче: Охрабрува бројот на оздравени

„Епидемијата го достигна пикот минатата недела, сега бројките се стабилизираат, а Р-факторот на преносливост е 1“, вели министерот за здравство,...

Свет1 ден

Трамп: Испораката на вакцина против коронавирусот почнува следната недела

Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави дека испораката на вакцина против коронавирусот ќе почне следната недела, пренесува „Ројтерс“. Во разговор со...

Свет1 ден

Истражување: тестирањето на антитела покажува помал број лица заразени со коронавирус

Тестирањето на антитела во крвта за да се утврди инфекцијата со коронавирус дава помал број во споредба со реалната состојба...

Свет1 ден

СЗО: Вакцината ќе ни даде контрола над вирусот

Еден од главните експерти на Светската здравствена организација (СЗО), Мајк Рајан, рече дека почетокот на употребата на вакцината против коронавирусот...

Свет1 ден

Болсонаро: Не сакам да се вакцинирам

Бразилскиот претседател, Жаир Болсонаро, изјави дека нема да прими вакцина против коронавирусот. Тој во видеообјава преку социјалните мрежи вели дека...

Спорт1 ден

Погребан Диего Армандо Марадона

Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона, кој почина во средата е погребан во Буенос Аирес. Илјадници навивачи низ улиците на...

Свет1 ден

За еден ден потврдени повеќе од 577.000 нови случаи на Ковид- 19

Повеќе од 577.000 нови случаи на Ковид-19 се потврдени за еден ден во светот, објави Светската здравствена организација (СЗО), со...

Свет1 ден

(Видео) Трамп: Ќе ја напуштам Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ја напушти Белата куќа доколку Изборниот колеџ ја потврди победата на демократскиот кандидат...

Досие