Забава
(Видео) Новиот албум на Адел – емоции и брилијантнa музика

Поп-дивата Адел во петокот го објави својот прв албум по шест години освојувајќи ги еднакво критичарите и фановите со дело за кое рече дека го направила за да му го објасни на својот мал син разводот низ кој помина, пренесуваат британски медиуми и потсетуваат дека таа се разведе од сопругот Сајмон Конеки во 2019 година.
Многу очекуваниот „30“ е четвртиот студиски албум на Британката, чии балади за раскинувања, жалење и носталгија ја направија една од најуспешните пејачки текстописци на сите времиња.
Во нивните рецензии критичарите ја пофалија искреноста на албумот во кој Адел се отвора со прекрасни гласовни ноти снимени со нејзиниот син Анџело (9).
„Таа никогаш не звучела пожестоко отколку во ’30’ – поживо кон сопствените чувства, повиртуозна во преточување на чувствата во песни за клучот на својот живот“, напиша Роб Шефилд од магазинот „Ролинг стоун“ во својата рецензија со пет ѕвезди, додавајќи дека албумот е најдобар на Адел досега.
„30“ го следи „25“ и како и нејзините претходни албуми е со наслов според возраста, пресвртница во животот на пејачката на вечните хитови Someone Like You и Hello.
Поп-дивата го направи својот камбек во музиката минатиот месец со Easy On Me, моќна балада со пијано-придружба. Бргу се најде на врвот на топ-листите во светот.
Очекувањата за „30“ се прилично големи, пишуваат медиумите, а некои од нив издавањето на овој албум го сметаат за музички настан на годината.
Фановите веќе ги преплавија социјалните мрежи со пофалби. „Не можам да се наситам од ’30’ на Адел, толку емотивно брилијантно и вредеше да се чека шест години“, напиша еден корисник на „Твитер“.
„Една секунда од албумот на Адел и веќе го сакам“, твитна друг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
По децении молк, Малкович проговори за романсата со Мишел Фајфер на снимање

Речиси четири децении по снимањето на култниот филм Опасни врски (1988), холивудскиот актер Џон Малкович откри дека се кае за аферата со својата колешка Мишел Фајфер. Во тоа време и двајцата биле во брак, а нивната романса од сетот се пренела и во приватниот живот, но врската брзо згаснала.
Гостувајќи во подкаст, 71-годишниот Малкович призна дека со таа врска го изгубил „сјајниот колега“ во Фајфер, која ја опиша како забавна, искрена и неверојатно коректна. „Јас тоа сигурно не бев“, додаде тој.
Актерот објасни дека со текот на времето научил да ја цени професионалноста над сè. „Кога односот ќе премине во нешто повеќе од колегијален или пријателски, тогаш ја губите шансата да имате вистински колега“, рече Малкович.
Како спротивен пример го наведе долгогодишното пријателство и соработка со актерката Ингеборга Дапкунаите, со која веќе 33 години останале блиски колеги, бидејќи „границата никогаш не била премината“.
Забава
Хороскопски знаци кои најтешко поднесуваат пораз во друштвени игри

Друштвените игри се забава за многумина, но не и за некои хороскопски знаци кои поразот го сфаќаат премногу сериозно.
Овен – импулсивни и натпреварувачки настроени, тешко ја кријат фрустрацијата кога губат.
Лав – гордоста им е на прво место, па поразот го доживуваат како лична навреда.
Шкорпија – страсни и интензивни, губењето го паметат долго и бараат реванш.
Јарец – на игрите гледаат како на стратегија и работа, па поразот им го руши чувството на контрола.
За овие знаци, друштвените игри лесно можат да завршат со нервоза наместо со забава.
Забава
Брачен пар по четири години откри кој бил мистериозниот гостин на нивната свадба

Британскиот брачен пар Мишел и Џон Вајли со помош на социјалните мрежи дознаа кој бил непознатиот човек што случајно се појавил на нивната свадба во Прествик пред четири години.
На фотографиите од венчавката се гледал висок, збунет маж во свечен костум, кого никој од гостите не го познавал. Подоцна било утврдено дека станува збор за Ендру Хилхаус, кој требало да присуствува на друга свадба, само два километри подалеку. Тој сфатил дека е на погрешно место дури кога невестата тргнала кон олтарот.
Ендру успеал да си замине дури по заедничката фотографија, а вистината ја открил четири години подоцна, кога преку Фејсбук стапил во контакт со младенците.
„Не можев да престанам да се смеам. Не веруваме дека го најдовме по толку време“, изјави невестата.