Забава
(Видео) Отровот на жолтата скорпија – најскапата течност во светот
Отровот на средоземната жолта скорпија може да биде смртоносен, но исто така може да ви помогне да заработите милиони долари.
Средоземната жолта скорпија (Leiurus quinquestriatus) е една од најопасните скорпии на планетата, а нејзиниот отров е најскапата течност во светот – неговата вредност е 39 милиони за само 3,78 литри.
Дури и да имате пари, не можете да купите еден литар од овој отров бидејќи можете да го добиете само во мали количини. Имено, за 130 долари ќе добиете капка помала од зрно шеќер.
За да се добие оваа скапоцена течност, отровот мора да се извади рачно, а една скорпија произведува, во најголем број случаи, најмногу два милиграма отров.
Еден убод не е доволен за да убие здрав човек, но сигурно предизвикува болка.
Основачот на фармацевтска компанија „Веномтех“, која се занимава со производството на лекови, Стив Трим, е еден од ретките луѓе кои го користат моќниот отров на скорпијата бидејќи содржи голем број корисни материи кои можат да помогнат во развојот на медицината.
Хлортоксинот, на пример, се врзува за специфични туморски клетки во мозокот и ‘рбетот, што е важно за идентификување на специфичната големина и местото на кое се наоѓа канцерот. Истражувачите користеле скорпии и за елиминирање на маларијата кај комарците.
Ова се само некои од медицинските придобивки што истражувачите ги нашле во отровот на скорпијата. И колку повеќе истражуваат, толку повеќе дознаваат за нејзините придобивки, што значи дека побарувачката за овој чудесен отров продолжува да расте.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Селена Гомез му ги бакна стапалата на Бени Бланко во неговиот подкаст, бројни реакции
Пејачката и актерка Селена Гомез предизвика реакции на социјалните мрежи откако во најновата епизода од подкастот „Friends Keep Secrets“ му бакна стапало на својот сопруг, музичкиот продуцент Бени Бланко.
Во текот на разговорот, Гомез седела на подот во дневната соба, додека Бланко бил на каучот со ногата потпрена на масата. Во еден момент таа се наведнала и му го бакнала прстот на ногата.
Бланко се пошегувал со водителите и рекол дека му се допаднал гестот, додавајќи дека го разубавил неговиот ден.
Снимката предизвика бројни негативни реакции на социјалните мрежи, каде дел од корисниците ја нарекоа „одвратна“ и „непријатна“.
Контроверзијата се појави и поради претходна епизода од подкастот, во која Бланко ги покажал своите стапала, кои дел од гледачите ги оценија како нечисти. Тој подоцна во емисијата „Jimmy Kimmel Live!“ се бранеше дека има „одлични стапала“.
Селена Гомез и Бени Бланко се во врска од 2023 година, а се венчаа во 2025 година.
Забава
Хејли Бибер: Докторката ме советуваше да не останам бремена, но јас останав
Манекенката Хејли Бибер откри дека нејзината прва бременост со синот Џек Блуз, кого го има со сопругот Џастин Бибер, била целосно неочекувана.
Во подкастот „SHE MD“ таа раскажа дека лекарите претходно ја предупредиле дека поради септум на матката може да има проблеми со забременување и дека можеби ќе биде потребна мала операција пред да планира деца.
„Реков дека не размислувам за бременост во тој момент, а потоа – како по чудо – останав бремена“, изјавила 29-годишната манекенка.
View this post on Instagram
Лекарката објаснила дека септумот е вродена аномалија при која ткиво ја дели матката, што може да го зголеми ризикот од спонтан абортус или предвремено породување.
И покрај ризиците, бременоста поминала добро.
View this post on Instagram
На крајот, Хејли и Џастин, кои се во брак од 2018 година, добиле здраво дете, а манекенката вели дека најмногу ужива во времето поминато со својот син.
Фото: depositphotos
Забава
Меган Фокс се врати на „Инстаграм“ со провокативни фотографии
Актерката Меган Фокс се врати на „Инстаграм“ по пауза и објави серија фотографии во провокативно готик издание.
Таа позираше во црн краток топ што го открива стомакот и минијатурната танга, во комбинација со чорапи до бутовите со подвезици и високи платформи. Во описот напиша: „Сè е поубаво затоа што сме осудени на пропаст“.
View this post on Instagram
Нејзиниот поранешен свршеник, музичарот Машин Ган Кели, остави коментар под објавата: „Воодушевен сум што го имам твојот телефонски број“.
Ова е нејзина прва објава по паузата што ја направи по раѓањето на четвртото дете, ќерката Сејџ Блејд Фокс-Бејкер.
Според извори за списанието „Пипл“, Фокс и Машин Ган Кели, кои наводно раскинале во 2024 година, сега се фокусирани на заедничкото родителство и грижата за ќерката.

