Контакт

Забава

(Видео) „Пијана“ – песната со која Дани Димитровска се врати на „Макфест“

Објавено пред

„Пијана“ е новата песна на нашата поп рок дива, Дани Димитровска која по неколку години повторно застана на сцената на Макфест и му подари на 39-то издание на овој фестивал уште еден хит. „Пијана“ вибрира љубовно – пијанство од љубов и среќа е најубавиот поздрав кој може да го посакаме некому“. Музиката и текстот се на Весна Малинова, а за аранжманот стои Јордан Манов.

„…Немам време да мразам на луѓе да газам“ нека е добро утро секој ден, за да ни тргне денот со посвета на себе“, порачува Дани во својот најнов сингл.

Дани ја промовираше „Пијана“ на Макфест во највпечатлив сценски костим и ги подигна стандардите на сценскиот израз, а видео записот на оваа песна беше објавен во неделата, ден по фестивалскиот настап. Спотот е во целосна продукција на 2by4, во режија и монтажа на Ени Вучидолова.

„Видеото за „Пијана“ е најприродниот однос досега прикажан. Реалните сопнувања, паѓања и будалаштини се задржани и прикажани во видеото како потсетник на тоа дека сме живи луѓе, создадени за слобода, за емотивна размена, соединување. 2by4 продукција го обои и соедини ова парче вистина кое, сигурна сум, ќе ви украде насмевка“, изјавува Дани.

Обожователите на Дани Димитровска имаат можност да ја слушнат „Пијана“ на сите музички стриминг платформи, а на YouTube да го погледнат видео записот.

Наскоро ќе слушнеме уште една нова песна од Дани, за која таа вели дека е најразлична од сѐ досега што снимила, но се надева дека ќе и се допадне на публиката затоа што има важна порака да пренесе.

Најново

Забава21 минута

Хали Бери и Оливие Мартинез повторно на суд: Актерот бара зголемување на алиментацијата

Францускиот актер Оливие Мартинез (60) побара зголемување на износот за издршка што го добива од неговата поранешна сопруга, холивудската ѕвезда...

Македонија45 минути

Пензиските заштеди и правата на членовите – во фокусот на реформите: АДПФ бара јавна, аргументирана и стручна дебата

Асоцијацијата на друштвата за управување со пензиски фондови (АДПФ) денеска повика секој предлог за реформа на пензискиот систем да се...

Македонија47 минути

(Видео) Тренчевска до Митреска: Како не ви беше сомнителен растот од 13 пати на Алта банка?

Потпретседателката и пратеничка на СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната надзорна расправа за причините за воведувањето администрација во Алта банка АД...

Македонија1 час

Повторно зачестени измамнички пораки за наводна наплата на сообраќајни прекршоци – МВР апелира на внимателност

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во изминатиот период повторно е забележана зачестена појава на измамнички пораки преку...

Македонија1 час

Проф. д-р Никола Јанкуловски е избран за нов претседател на Лекарска комора

Лекарска комора информира дека на денешната седница на Собранието на Комората, проф. д-р Никола Јанкуловски е избран за нов претседател...

Свет1 час

Дојави за бомби во 300 италијански училишта

Најмалку 300 училишта низ Италија денеска беа евакуирани откако добиле идентична заканувачка порака за поставена бомба, соопшти италијанскиот министер за...

Спорт2 часа

Легендарниот Уертас замина од Тенерифе, следната станица е Дубаи

Бразилскиот ветеран Марселињо Уертас (43) го напушти Тенерифе, по речиси седум години и отвора нова страница во својата неверојатна кариера....

Македонија2 часа

За да нема голем ценовен скок на струјата, ќе биде пуштен нов граничен премин со Косово: 200 камиони јаглен дневно ќе одат за РЕК „Битола“ и ТЕЦ „Осломеј“

Владата ќе настојува струјата за македонските граѓани да не поскапи, но доколку е неопходно, поскапувањето ќе биде под 5 %....

Економија2 часа

Скопје ќе биде домаќин на Првиот форум за енергетска дипломатија – „Обновливи извори и жените во енергетиката“

На 25 ноември 2026 година, Скопје ќе биде во центарот на регионалното и меѓународното внимание, како домаќин на Првиот форум...