Забава
(Видео) Популарната тиктокерка го покажа своето лице без шминка

Инфлуенсерката Аликс Ерл не ги крие акните. Во услови на „тешка појава на акни“, 24-годишната популарна инфлуенсерка реши да ја остави шминката дома за време на викенд патувањето во Њујорк.
@alixearle Always end the day snuggling w kristi
Споделувајќи фотографии од нејзините несовршености во објава на Инстаграм, Ерл напиша долга објава во која призна дека „ние сме самите наши најлоши непријатели“. Интернет сензацијата продолжи: „Како некој кој се борел со кожата уште од средно училиште, шминката отсекогаш ми била безбедно засолниште кога станува збор за чувството на сигурност и самодоверба кога излегувам од дома“.
За време на престојот во Њујорк, Ерл посетила дерматолог, кој и направил екстракција на кожата за да ги исчисти нејзините пори. „Проблемот обично е што веднаш влегувам во мојата рутина, која вклучува шминкање за да го прикријат црвенилото (особено кога одам на вечери или настани)“, објасни Ерл во описот.
Меѓутоа, на нејзиното викенд патување, таа реши да ги прескокне производите за лице за да и даде одмор на кожата. „Звучи драматично, но бев исплашена и чувствував дека единственото нешто на што луѓето ќе обрнат е мојата кожа“, додаде таа.
„После 3 дена излегување без шминка, покажувајќи ја мојата вистинска кожа… Сфатив дека никому не му е гајле и никој не ни забележува. Затоа што, на крајот на денот, шминкањето на акните само за потоа да ги иритирам не е за мене“, рекла таа. Ерл ја заврши објавата велејќи дека искуството било „ослободувачко“, охрабрувајќи ги другите да го следат нејзиниот пример. „Вистинската кожа е убава“, заклучила таа.
24-годишната Аликс стана позната благодарение на „Тик-ток“. На таа платформа моментално има над 7 милиони следбеници, а секојдневно со нив споделува по неколку видеа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Спортист падна на глава во емисија во живо на „Си-Ен-Ен“ во обид да направи салто наназад, видеото стана вирално

Бејзбол играчот Роберт Ентони Круз, член на популарниот тим Савана Бананас, доживеа болна и срамна несреќа во емисија во живо на „Си-Ен-Ен“. Неговиот обид да го изведе своето препознатливо салто наназад во емисијата во живо заврши со паѓање на глава, а видеото брзо стана вирално.
View this post on Instagram
Инцидентот се случи додека Круз даваше интервју. Кога го прашаа дали може да покаже еден од своите трикови, 26-годишниот спортист реши да направи салто. Но, наместо грациозно да слета, тој падна со лицето на подот од студиото.
Водителката Кејт Болдуан во шок извика: „О, Исусе“, додека Круз полека се крена на нозе со крвав образ и усна, обидувајќи се да се насмевне низ болката и велејќи: „Ова никогаш не се случува“.
Иако се обиде да ја намали сериозноста на ситуацијата, подоцна откри дека морал да побара медицинска помош. На Инстаграм објави дека добил „неколку конци“, но се пошегува и за сопствената сметка, додавајќи дека неговата гордост е „малку оштетена“.
Во објавата, тој им порача на своите следбеници: „Да, добро сум. Звукот од падот го прави видеото десет пати посмешно. Имате моја дозвола да се смеете.“
Забава
Актерот Мајкл Ворд обвинет за силување

Актерот Мајкл Ворд е обвинет за два случаи на силување и три сексуални напади, објави лондонската Метрополитен полиција.
Наводните инциденти наводно се случиле во јануари 2023 година.
Познат по своите улоги во серии и филмови како што се „Топ Бој“, „Мала секира“ и „Сина приказна“, Ворд го привлече вниманието на публиката и критичарите со својата младешка енергија и актерска автентичност, поради што беше крунисан со награда БАФТА во 2020 година.
Мајкл Ворд сега се соочува со сериозни обвиненија кои ќе го добијат својот судски епилог на 28 август, кога треба да се појави пред надлежниот суд во Лондон.
Детективскиот началник Скот Вејр од Метрополитен нагласи: „Нашите специјализирани службеници продолжуваат да ја поддржуваат жената што го направила извештајот. Знаеме дека истрагите од ваков вид можат да имаат значително влијание врз оние кои избираат да проговорат.“
Според него, истрагата е сè уште во тек, а полицијата апелира до јавноста да се воздржи од предвремени заклучоци.
Забава
Бајага се огласи првпат по откажаните концерти во Хрватска

Момчило Бајагиќ-Бајага се огласи за прв пат откако беа откажани неговите концерти во два хрватски града – Сисак и Солин.
На 1 август, пак, ќе одржи концерт во Пула, во Малиот римски театар.
„Ниту се обидов да разберам, ниту можам да разберам. Никогаш во животот не сум бил вклучен во политика и сум фокусиран само на прекрасно дружење со публиката во Пула“, рече музичарот во интервју за Нови лист.
„Пред неколку концерти ја освеживме листата на песни и сигурни сме дека публиката во Пула ќе биде многу задоволна и едвај чекаме“, додаде тој.
За потсетување, првиот концерт на Бајага во Сисак, кој требаше да се одржи на 4 јуни за да се прослави Денот на градот, беше откажан. Информацијата ја потврди менаџерот на групата Драгослав Гане Пецикоза за локалниот портал Sisak.info.
„Веќе имаме свирено во Сисак и сè помина без проблеми. Објаснувањето е дека новата влада ја најде својата каса празна и нема пари. Мислам, немаме друг избор. Тоа го кажаа. Имаме договор од јануари, но нема причина да тужиме или да се жалиме“, рече тој.
Потоа беше откажан и концертот на Бајага во Солин, кој требаше да се одржи во петок, 22 август 2025 година.
„Ве известуваме дека концертот на бендот Бајага и Инструктори, кој требаше да се одржи во петок, 22 август 2025 година, како дел од овогодинешниот Кава Фест, е откажан поради безбедносни и технички причини“, објави Кава Фест, кој се одржува во рамките на Солинското културно лето.
Но, Далматинскиот портал дознава дека организаторите наводно со недели биле под притисок од одредени здруженија и групи кои сè уште го сметаат Бајага за политички непожелна личност – без оглед на фактот дека истиот бенд и истиот музичар се редовни гости на хрватските сцени со години, од Пула до Дубровник. На крајот, притисокот си го направи своето и концертот беше откажан.