Забава
(Видео) Поставена новогодишната елка во „Галери Лафает“ во Париз
Иако Франција е во делумен карантин, па сите не толку важни продавници се затворени – „Галери Лафает“ и оваа година ја претстави својата елка со придружните празнични украси, дури и пропишаните ограничувања ги инспирирале за украсувањето.
Божикната елка годинава е украсена со десетици подароци донесени во Париз од девојчето Селест и со трепкачки лампиони што светат на секој половина час.
View this post on Instagram
Бидејќи патувањето во моментот не е можно, ниту е препорачливо, белгискиот уметник Том Шамп ги однел сите заинтересирани на виртуелно патување со девојчето Селест. Тој украсил 11 излози на стоковни куќи со мотиви од нејзините авантури и прикажал сè – од северните села со поларни мечки преку пустините до дождовните шуми со загрозени снежни леопарди.
Сопствениците се надеваат дека стоковната куќа ќе се отвори набргу. Дотогаш празничните украси може да се уживаат преку социјалните мрежи или ѕиркајќи од улица во накитените излози.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

