Забава
(Видео) По жешките сцени на јахтата, се огласи поранешната сопруга на премиерот Трудо
Фотографиите од поранешниот премиер Џастин Трудо и поп-пејачката Кејти Пери на јахта вчера станаа вирални.
Сите светски медиуми пишуваа за овој (не)промислен потег на новопечените љубовници, а некои медиуми го карактеризираа нивното излевање нежност како скандал.

Поранешната сопруга на Трудо, Софи Грегоар, сега објави интересна порака на „Инстаграм“ за љубовта.
Katy Perry and Justin Trudeau Seen Passionately Kissing on a Yacht https://t.co/D8Opa8JJlj
— ELLE Magazine (US) (@ELLEmagazine) October 13, 2025
„Понекогаш забораваме дека ништо што сакаме не е предодредено да остане со нас засекогаш. Луѓе, места, дури и моменти што некогаш изгледаа бесконечни, нели? Времето бара од нас да не се држиме за нив, но сепак го правиме тоа. Го правам тоа затоа што држењето е побезбедно за мене отколку пуштањето“, почна таа во видео, што го сподели на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
„Но, љубовта никогаш не била за поседување, туку за присуство. Станува збор за сегашниот момент и кога ќе се ослободиме од она што не можеме да го задржиме, создаваме простор за вистинска поврзаност, интимност, спомени, за лекција. Една насмевка може да одекнува во текот на целиот живот, а тагата исто така живее таму. Го загубив татко ми минатата година и чувствувам дека со тагата доаѓа и благодат“, рече таа во остатокот од видеото пред да заклучи:
„Значи, можеби најдлабоката лекција за љубовта е оваа: да се стои со отворено срце пред лицето на минливоста. Да се почитува она што било и да се верува дека пуштањето е исто така форма на држење во нас, каде што никаква загуба не може да го избрише“.
Софи и Џастин беа во брак 18 години и имаат три деца – синовите Ксавиер и Адриен и ќерката Ела-Грејс. Двојката се разведе во 2023 година, а се чини дека Трудо продолжил понатаму со познатата пејачка.
фото: принтскрин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(ФОТО) И на 40 години во врвна форма: Роналдо повторно ги воодушеви фановите
Кристијано Роналдо повторно ги воодушеви фановите со фотографија објавена на Инстаграм, на која позира без маица во црни боксерки, покажувајќи ја одличната физичка форма и на 40-годишна возраст.
„По сауна“, напиша кратко Роналдо под фотографијата направена во теретана. Ова не е првпат фудбалската ѕвезда да објави вакви фотографии, со кои редовно ја истакнува дисциплината, тренинзите и начинот на живот по кои е препознатлив.
View this post on Instagram
Забава
Леонардо ди Каприо никогаш повторно не го гледал „Титаник“
Актерот Леонардо ди Каприо ги шокираше фановите со признанието дека никогаш повторно не го погледнал „Титаник“, филмот што во 1997 година го лансираше во светска слава и ја обележа цела една генерација.
Ди Каприо за тоа зборуваше во разговор со Џенифер Лоренс во емисијата Actors on Actors, пренесува „Варајети“. За време на опуштениот разговор, Лоренс директно го праша: „Дали некогаш повторно го погледна ‘Титаник’?“
Ди Каприо без размислување одговори: „Не. Не сум го гледал.“
Лоренс се изненади и му рече: „Па, треба да го гледаш! Се кладам дека сега би можел да го гледаш, навистина е добар.“
„Јас всушност не ги гледам моите филмови. Ти ги гледаш ли твоите?“ ја праша Ди Каприо колешката.
„Не“, одговори Лоренс низ смеа. „Никогаш не сум снимила нешто како ‘Титаник’. Да сум, сигурно ќе го гледав. Еднаш бев многу пијана и го пуштив ‘American Hustle’. Се прашував: ‘Дали јас сум добра актерка?’ Го пуштив филмот… и не се сеќавам на одговорот.“
Ди Каприо слично признание дал и претходно. Во август, за списанието „Есквајр“, изјави дека ретко ги гледа своите филмови, но дека постои еден исклучок.
„Тоа е ‘Авијатичарот’. Тој филм ми беше особено важен“, рече актерот, присетувајќи се на соработката со режисерот Мартин Скорсезе и на неговиот долгогодишен интерес за ликот на Хауард Хјуз.
Филмот „Титаник“, во режија на Џејмс Камерон, стана еден од најуспешните филмови во историјата, а Ди Каприо во него глумеше заедно со Кејт Винслет.
„‘Титаник’ беше голем експеримент за Кејт и за мене“, изјави Ди Каприо уште во 2016 година. „Не можевме ни да замислиме колку голем ќе стане филмот. Сè тоа нè изненади.“
Тој додаде дека по тој успех морал да забави и да се врати на своите актерски цели.
„Знаев дека од мене се очекува нешто одредено, но сакав да останам верен на себе и на причината поради која воопшто почнав да глумам“, порача Ди Каприо.
Забава
Од февруари ќе се наплаќа пристап до фонтаната ди Треви
Од 1 февруари, туристите ќе мора да платат две евра за да добијат пристап одблиску до фонтаната ди Треви во Рим, една од најпознатите туристички атракции во градот. Бесплатен пристап ќе имаат само жителите на Рим, додека разгледување од далечина ќе остане без надомест.
Градоначалникот Роберто Гвалтиери изјави дека со оваа мерка се очекува годишен приход од околу 6,5 милиони евра. Наплатата е дел од поширок план со кој од 1 февруари ќе се воведат влезници и за уште пет локации во градот, со цена од пет евра.
Фонтаната ди Треви ја посетуваат во просек околу 30.000 луѓе дневно, а градските власти ја оправдуваат мерката со пренатрупаноста и проблемите со џепчии. Само во периодот од 1 јануари до 8 декември, просторот пред фонтаната го посетиле околу девет милиони туристи.
Традицијата на фрлање парички во фонтаната продолжува.

