Контакт

Забава

(Видео) Премиера на „Астероид сити“ во Кан

Објавено пред

Голем број филмски ѕвезди се собраа во вторникот вечерта во Кан за премиерата на новата бајка на режисерот Вес Андерсон, научнофантастичниот филм „Астероид сити“.

dobivaj vesti na viber

Како и во неговите претходни филмови, актерскиот тим го претставува кремот на Холивуд со имиња како Џејсон Шварцман, Скарлет Јохансон, Том Хенкс, Стив Карел, Брајан Кренстон, Адриен Броди и Маргот Роби.

Од целиот тим отсуствуваше само Бил Мареј, кој се појавува во речиси сите филмови на Андерсон. Причина за неговото отсуство на премиерата е коронавирусот, од кој сè уште закрепнува.

Андерсон соработуваше на сценариото со Роман Копола, со кој претходно соработуваше на филмовите Kingdom of the Rising Sun и Dog Island.

Астероид сити (Asteroid City) е име на измислен пустински град на југозападот на САД. Дејствието на филмот се одвива токму во овој фиктивен град во 50-тите години на минатиот век.

Познат по кратер за метеори и опсерваторија, Астероид сити е домаќин на конвенција на млади научници кога НЛО го прекинува настанот.

Со овој филм, режисерот познат по својот уникатен визуелен стил, по третпат е во трка за главната награда на фестивалот. Негов последен филм што се натпреваруваше за Канската „Златна палма“ беше „Француски диспечер“ (2021).



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Антонела, сопругата на Меси го прослави својот 36 роденден, фановите беа изненадени од еден детаљ

Објавено пред

Антонела Рокузо, сопругата на Лионел Меси, вчера го прослави својот 36-ти роденден, а на Инстаграм покажа дека го поминала со сопругот и децата.

dobivaj vesti na viber

На една фотографија таа позираше со сопругот покрај ѕид украсен со балони и цвеќиња, а познатиот фудбалер на својот Инстаграм профил сподели нивна заедничка фотографија со зборовите: „Среќен роденден, принцезо! Те сакам“.

Обожавателите и честитаа во коментарите, а многумина беа изненадени од скромноста на роденденската прослава: „Роденденот изгледа поскромно од некои инфлуенсери“, „Убава и едноставна“ и „Луѓето кои имаат пари не се докажуваат со расфрлање на роденденски забави“.

Инаку, парот се запознал кога Меси имал само пет години, а врската ја започнале во средно училиште. Нивниот прв син Тиаго се роди во 2012 година, а Матео се роди три години подоцна, додека нивниот трет син Сира се роди во 2018 година. Антонела и Меси се венчаа во 2017 година во родното Росарио, Аргентина, на приватна церемонија, далеку од очите на јавноста.

Прикажи повеќе...

Забава

Судењето на Алек Болдвин за убиство од небрежност е закажано за 10 јули

Објавено пред

Судењето за убиство од небрежност на актерот Алек Болдвин е закажано за 10 јули, одлучи судијата во Ново Мексико во понеделникот. На Болдвин ќе му се суди за фаталното пукање на снимателката Халина Хачинс во 2021 година за време на снимањето на вестерн. Обвиненијата против Болдвин веќе еднаш беа отфрлени.

dobivaj vesti na viber

Хачинс почина кога бил испукан вистински куршум од револверот Колт 45 со кој вежбал Болдвин во црквата пред Санта Фе, при што бил ранет и режисерот Џоел Соуза.

На Хана Гутиерез, која работела на реквизитите во филмот и се суди за наводно носење на вистински куршум за Колт 45 на снимањето и она што обвинителите го нарекоа „невешта и непрофесионална“ работа. Таа на полицијата и рекла дека го наполнила пиштолот на Болдвин со вистински куршум, помешајќи го со лажен.

Како Болдвин, и Гутиерез се соочува со обвинение за ненамерно убиство. Нејзините адвокати тврдат дека таа е жртвено јагне за непочитувањето на правилата за безбедност на огненото оружје од страна на актерот и хаотичното, нискобуџетно производство, кое ги игнорираше безбедносните упатства на индустријата.

Во понеделникот, членот на екипажот на „Rust“, Рос Адиего, им кажа на поротниците дека Гутиерез и првиот помошник директор Дејв Холс не извршиле безбедносни проверки на огнено оружје. Холс склучи договор за признавање вина минатата година и беше осуден за несовесна употреба на смртоносно оружје.

„Се движевме со луди брзини“, рече Адиего, додавајќи дека Гутиерез „не била толку професионална“ како другите кои работеле со реквизити со кои соработувал.

Болдвин ја негираше одговорноста за смртта на Хачинс.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Познатата актерка не можеше да стане од кревет бидејќи фустанот и беше претесен, снимката е хит

Објавено пред

Ен Хетавеј стана хит на социјалните мрежи откако објави видео на кое се гледаат тешкотиите со кои се соочувала поради премногу тесниот фустан.

dobivaj vesti na viber

Актерката на Инстаграм објави фотографија на која позира во црвен кожен тесен фустан од дизајнерката Донатела Версаче, која позира со неа. Во продолжение на објавата, Ен сподели видео во кое покажа како не може нормално да седне, но не може ниту да стане од каучот.

„Помогнете ѝ, таа не може да се движи“, вели Донатела на видеото додека актерката се извива на каучот и вели: „Добро сум, се е во ред! Мило ми е што ме поканивте во Милано“.

Инаку, Ен Хатавеј гостуваше на модната недела во Милано, каде е снимено ова вирално видео кое само на нејзиниот профил е прегледано речиси два милиони пати.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија35 минути

Македонските граѓани, сепак, ќе може да патуваат со личните карти со старото име во БиХ, информираше Бојмацалиев

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев, оствари телефонски разговор со министерот за безбедност на Босна и Херцеговина Ненад...

Македонија1 час

ДНК собраа 690.000 денари за лекување на Лео со лицитацијата на статуетката од „Златна Бубамара“

Музичарите Панчо и Андреј објавија дека успеале да соберат 690.000 денари за лекувањето на Леонид, откога ја ставија на лицитација...

Македонија1 час

ДИК потврди: Османи собра над 10 илјади потписи

Според последните податоци објавени на страната на Државната изборна комисија заклучно со вчерашниот ден, кандидатот на Демократската унија за интеграција,...

Македонија2 часа

(Видео) Јас можам да се туркам и на рацете: кочанчанец го продава својот инвалиден скутер, парите ќе ги намени за лекување на Лео

Кочаначанецот Благојчо Ѓоргиев реши да го проддаде својот скутер за хендикепирани и покрај здравствениот проблем, а парите, како што вели,...

Македонија2 часа

Убиството во Блаце можно е да е поврзано со пожарот во Чаир

Скопското обвинителство изврши увид на самото место во близина на Блаце, каде што вчера беше пронајдено безживотно тело на маж...

Македонија2 часа

Вчерашното убиство е продолжение на крвавата наркопресметка, силата на криминалните кланови е од Спасовски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Дали СДС си ги чита срамните соопштенија пред да ги пушти, или ја оставиле партијата на деца кои глумат партија....

Свет3 часа

Гутереш: Нуклеарна сенка над човештвото

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш денеска изјави дека нуклеарната сенка повторно се надвила над човештвото, додавајќи дека ризикот...

Македонија3 часа

СДСМ: Убиство и запалено кафуле во еден ден, Тошковски и кадрите на Мицкоски покажуваат голема некадарност во водењето на МВР

Убиство и запалено кафуле во Скопје само за неколку часа, велат од СДСМ. „Министерот и началникот на СВР Скопје, кадри...

Свет3 часа

Бајден: Израел се согласи на прекин на огнот за рамазан, ризикува да ја загуби поддршката од светот

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека Израел се согласил да ги прекине воените активности во Појасот Газа за време на...

Топ16 часа

Уште едно убиство во Македонија: 56-годишен маж застрелан во близина на патот кон Горно Блаце

Убиство се случи попладнево на локалниот пат од Долно кон Горно Блаце. Според првичните информации од полицијата, убиениот бил најден...

Македонија16 часа

(Видео) Османи прв собра 10.000 потписи за претседател: „Веста ме најде во домашен амбиент“

Кандидатот за претседател од редовите на ДУИ и актуелен шеф на МНР, Бујар Османи,  преку видео порака објави дека собрал...

Македонија18 часа

Според грчкиот министер „преспанскиот“ за пасошите мора да се почитува, а меморандумите во Грција ќе бидат ратификувани кога ќе им дојде времето

Грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, се осврна на Преспанскиот договор, одговарајќи на прашање на СИРИЗА за ратификување на трите...

Свет19 часа

Унгарија најпосле и’ дозволи на Шведска да влезе во НАТО

По речиси две години, Унгарија најпосле ја ратификуваше одлуката за влез на Шведска во НАТО. Одлуката денеска ја донесе унгарскиот...

Регион19 часа

Извештај на ЕБОР: На Западен Балкан ќе му бидат потребни помеѓу 40 и 70 години за да го достигне животниот стандард на ЕУ

Стандардот на живеење во Западен Балкан сè уште е значително понизок од оној во Европската унија и би можеле да...

Топ20 часа

Ја малтретирале малолетната ќерка: кривична за двајцата родители од Скопје

На 24.2.2024 во Полициската станица Бит-пазар бил извршен службен разговор со Е. М. (42) и Ф. М. (37), двајцата од...

Македонија20 часа

(Видео) Петковиќ: За извршителите и судиите што не ги бришат застарените долгови чаре се кривични пријави

Кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластувањето против извршителите и судиите што не носат одлуки за бришење на...

Македонија20 часа

Нема вина кај лекарите за случајот на Веапоска според вештачењето побарано од одбраната на обвинетите

Во Основниот суд во Струга продолжи расправата во судскиот процес против тројцата струшки лекари, гинекологот Мухамед Асани, неговиот син, доктор...

Македонија22 часа

„Пред неколку години четвртина бурек со јогурт беше 50, сега е 120 денари“, Мицкоски со одговор до СДСМ за просечната плата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска беше на теренска посета на увид на градежни активности во општина Гази Баба, каде...

Економија23 часа

Се намалуваат цените на бензинот и дизелот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука...

Свет1 ден

(Видео) Хаос во Брисел: земјоделците палат гуми, пробиена полициската блокада

Земјоделците запалија купишта стари гуми во Брисел во знак на протест барајќи акција од ЕУ за прашањата од евтините цени...