Контакт

Забава

(Видео) Пријателите без престан се смеат на сетот додека ја снимаат легендарната сцена – видеото стана вирално по смртта на Пери

Објавено пред

Видео направено за време на снимањето на легендарната сцена од „Пријатели“ стана вирално по смртта на Метју Пери. Станува збор за сцената кога Рос (Дејвид Швимер), Чендлер (Метју Пери) и Рејчел (Џенифер Анистон) го преместуваат каучот во новиот стан на Рос.

dobivaj vesti na viber

На видеото Пери гласно се смее со колегите на сетот. Видеото трогна многу од неговите обожаватели.

„До овој момент не сум плачел“, „Ти благодарам што го сподели ова. Метју, ти благодарам за сета смеа“, „Убаво е да го гледаш вака како се смее“, се само дел од коментарите.

Метју Пери беше пронајден мртов во џакузито во неговиот дом во саботата. Имаше 54 години. Истрагата за смртта се уште е во тек. Канцеларијата на медицинскиот преглед во округот Лос Анџелес потврди дека обдукцијата е завршена и се чека токсиколошки извештај. Резултатите од тој извештај се очекуваат за неколку недели. Надвор од зградата на улицата Бедфорд 90, која во серијата ја претставуваше зградата во која живееја Пријатели, обожавателите оставаат цвеќиња, фотографии и пораки за покојниот актер.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Мајката на Бен Афлек фотографирана со неговата поранешна сопруга, гушнати и насмеани

Објавено пред

Среде гласините за развод од Џенифер Лопез, актерот Бен Афлек беше фотографиран во друштво на мајката Кристофер Ен Болд и неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер.

dobivaj vesti na viber

Поранешните сопружници пристигнаа заедно на уште еден натпревар на нивниот син Семјуел, а им се придружи и мајката на Бен. Гарнер се развесели кога ја виде поранешната свекрва.

Џен кажала и нешто што ги насмеа Бен и неговата мајка, а Ен со прегратки стави до знаење дека поранешната сопруга на нејзиниот син сè уште ја сака.

Последните недели многу се зборуваше за врската на Џенифер Лопез и Бен Афлек. Наводно, нивниот брак е во криза и се разведуваат, но двајцата се уште не објавиле.

Неодамна нивната раскошна палата во Беверли Хилс беше ставена на продажба за 60 милиони долари. Таа куќа ја купија пред само една година.

Прикажи повеќе...

Забава

Расел Кроу вели дека му е малку непријатно поради снимањето на новиот Гладијатор

Објавено пред

Епската историска драма „Гладијатор“ на Ридли Скот од 2000 година беше номинирана за 12 Оскари, освојувајќи четири, вклучувајќи ја и најдобрата машка улога. Во 2001 година, Расел Кроу беше прогласен за најдобар актер.

dobivaj vesti na viber

Во оригиналниот филм, оскаровецот играше поранешен генерал кој сака да му се одмазди на корумпираниот император Комодус (Хоакин Феникс), кој го убил неговото семејство и го испратил во ропство. Во едно неодамнешно интервју, актерот коментираше како се чувствува за снимањето на продолжението и откри дека не е толку среќен.

„Малку ми е непријатно поради фактот што прават уште една, бидејќи, се разбира, мојот лик е мртов и немам збор за тоа што ќе се прави. Но, неколкуте работи што ги слушнав, бев како „не, не, тоа не е дел од моралното патување“ на тој конкретен лик.

Поминаа повеќе од дваесет години од оригиналниот филм, а веста за снимањето на продолжението беше објавена веќе во 2021 година. Сепак, дури минатата година беше откриено дека главната улога ќе ја толкува ирскиот актер Пол Мескал, познат по улогите во Aftersun, Normal People и All of Us Strangers.

Во продолжението, кое би требало да се прикажува во кината на крајот на ноември 2024 година, Мескал ја презема улогата на Луциус, кој во оригиналниот филм беше претставен како внук на императорот Комодус. Заедно со него, во продолжението играат и Педро Паскал, Дензел Вашингтон, Џозеф Квин и Кони Нилсен, која се враќа од оригиналниот филм како мајка на Лусиус.

Прикажи повеќе...

Забава

Летото ќе промени се: хороскопски знаци кои мора да се подготват за љубовни турбуленции

Објавено пред

Летото е време кога се разбрануваат емоциите и се разгоруваат страстите. За некои хороскопски знаци ова лето носи љубовни турбуленции кои ќе ги стават на емотивен ролеркостер. Дознајте кои знаци ќе ги доживеат најголемите љубовни предизвици и што ги чека во наредните месеци.

dobivaj vesti na viber

Овен
Овенот ова лето ќе биде во центарот на љубовните бури. Нивната природна страст и импулсивност ќе доведат до интензивни емотивни ситуации. Во средината на летото, Овенот ќе се соочи со неочекувани пречки во врската, кои ќе бараат нивно целосно внимание и разбирање. Можни се конфликти поради љубомора и потребата за слобода, но се ќе се реши со искрена комуникација. За слободните Овни, летото носи ненадејни романси кои ќе ги изненадат со својата сила и интензитет.

Близнаци
Близнаците ќе се соочат со предизвици во комуникацијата со партнерот. Нивната склоност кон промени и потребата за ментална стимулација може да предизвика недоразбирања и несогласувања. Ова лето Близнаците ќе мора да научат како да ги балансираат своите желби со потребите на партнерот. Можни се жестоки дискусии, но и страсни моменти на помирување кои ќе ја зацврстат врската. За слободните Близнаци, летото носи можности за нови средби, но и предизвици во одржувањето на интересот и поврзаноста.

Рак
Раковите летово ќе доживеат емотивни подеми и падови. Нивната чувствителна природа ќе биде ставена на тест поради несигурности и стравови во врската. Во средината на летото, Раковите ќе се соочат со потребата да ги редефинираат своите граници и приоритети во љубовта. Можни се конфликти поради преголемите очекувања и потребата од сигурност. Слободните Ракови би можеле да се најдат во ситуации кога ќе треба да изберат помеѓу сигурност и страст, што ќе ги доведе до длабоко размислување за сопствените желби и потреби.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија30 минути

„Лидл“ почнува да го гради првиот маркет во Скопје, за 9,5 милиони евра го купи објектот на „Бриколаж“

Лидл започна со подготовки за градежни активности на местото на некогашниот Бриколаж. За таа цел Лидл го купи имотот од...

Македонија38 минути

Прекршувањето на Договорот од Преспа ќе ја доведе до егзистенцијален предизвик иднината на Северна Македонија, велат Заев и Ципрас

Поранешните премиери на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, во нивната заедничка колумна на сајтот „Еуроактив“ велат дека...

Македонија2 часа

Левица: ДПМНЕ институционално го подреди трудот на работниците под економските и бизнис интересите

Законските измени спроведени на иницијатива на ДПМНЕ и Мицкоски, преку кои трудот се распределува под Министерството за економија, овозможува супер...

Македонија2 часа

Пронајдено, исчезнатото 19-годишно момче во Битола

Вчера имаше потрага по исчезнато лице во Општина Битола, соопшти ЦУК. Регионалниот ЦУК Битола, информираше дека лице на 19 години...

Македонија2 часа

Мечка нападнала стадо овци во Гостиварско

Вчера како што информира Центарот за управување со кризи на нивниот повикувачки број за итни случаи 112, имало пријавен напад...

Свет2 часа

(Видео) Солзавец и водени топови на протестите во Буенос Аирес: илјадници луѓе излегоа на улиците против реформите на владата

Илјадници луѓе излегоа на улиците на Буенос Аирес за да протестираат против реформите на владата. Протестите беа организирани недалеку од...

Свет2 часа

(Видео) Тепачка во италијанскиот парламент: пратеник беше изнесен од салата во инвалидска количка

Член на италијанската опозиција вчера беше изнесен од италијанскиот парламент во инвалидска количка по расправија и тепачка за време на...

Свет2 часа

Петгодишно момче загина во одрон во Австрија

Вчера имаше одрон во Австрија во кој загина момче. Како што јавуваат австриските медиуми, поради обилните дождови изминатиот ден во...

Топ18 часа

Скопјанец истепан од неколку лица пред кафеана во Аеродром, со убодни рани пренесен во болница

Вчера во СВР Скопје, 48-годишниот А.Л. од Скопје пријавил дека на 08.06.2024 пред угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром...

Македонија18 часа

Поради високите температури, МОН препорачува основните училишта да работат со скратени наставни часови

Со оглед на високите температури кои ја зафатија територијата на Република Северна Македонија, а имајќи предвид дека наставната година за...

Македонија21 час

Мицкоски: Македонија во фуриозен стил ќе биде дел од европското семејство, ќе го откочиме патот

Мандатарот за состав на нова влада, Христијан Мицкоск, очекува Македонија фуриозно да влезе во Европската Унија. Одговарајќи на новинарско прашање...

Македонија21 час

Мицкоски: Лога ја урна довербата во судството, а следната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде да ја зголеми

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на новинарско прашање поврзано со изјавата на Кренар Лога дека предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за распуштање...

Македонија22 часа

Искинати кабли, уништени огради, детските игралишта навечер се места за пиење алкохол, Герасимовски апелира на подигање на свеста

Во текот на изминатите денови непознати сторители уништиле дел од урбаната опрема во Капиштец, на Водно и во Дебар Маало....

Македонија23 часа

Левицата: Партнерот на Мицкоски, Африм Гаши, одби амандман затоа што не пишува „Северна“

Новиот претседател на Собранието на Република Македонија избран со гласовите од пратениците на ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН – Африм Гаши,...

Македонија1 ден

ОЈО ги повлече основните две-три обвиненија против Цветан Панделевски за случајот „Империја“

Обвинителството мината недела донесе одлука да се повлече од двете дела против Цветан Панделевски во случајот „Империја“. OJO со овој...

Македонија1 ден

Хан: Ме загрижува случајот со Северна Македонија, сите инволвирани страни да се држат до договорот од Преспа

Јоханес Хан, еврокомесарот за буџет и администрација, го изрази својот поттик до сите страни, вклучително и новата влада на Северна...

Македонија1 ден

Силјановска-Давкова се сретна со германскиот претседател Штајнмајер: разменети мислења и очекувања за спроведување на реформите на евроинтегративниот пат

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вчеравечер присуствуваше на приемот, што за учесниците на Конференцијата за обнова на Украина во Берлин го...

Регион1 ден

Во Грција најавени пеколни горештини: затворија и училиштата

Во Грција денеска се најавени пеколни горештини, а многу високите температури, според најавите, ќе траат до викендот. Највисоки температури се...

Македонија2 дена

МЗ: Паднатиот потпорен ѕид позади Детската клиника е изграден на државно земјиште, а Министерството нема прибележано право за трајно користење на тоа земјиште

Министерството за здравство информира дека во случајот со паднатиот потпорен ѕид позади Клиниката за детски болести истиот е изграден на...

Македонија2 дена

Агелер го пофали Мицкоски на енергетскиот форум: Вашето присуство дава многу важна порака за навигација на енергетскиот пејзаж

Енергетската сигурност и зелената енергија се два суштински приоритета што треба да ги надминат партиските политики, рече денес амбасадорката на...